Половина Струмица поплавена!

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Невремето проследено со силен пороен дожд што рано изутрина ја зафати Струмица, поплави стотици домови, дворни места, подрумски и други помошни простории, улици и јавни површини.

strumicapazar_29988.jpg


Претпладнето, половина Струмица пливаше во вода која од повисоките делови на градот големи количини кал, песок, разни предмети, тиња натрупа по улиците.

- Формиран е кризен штаб кој работи на терен. Во рачистувањето на градот покрај сопствениците на куќи и станови кои со моторни пумпи ја исцрпуваат водата од подрумите, ангажирани се 200 луѓе од Комуналното прептирјатие „Комуналец“ со багери и друга механизација, а во акцијата се вклучени уште 200 доброволци.

Невремето направи огромни штети. Попладнето на терен ќе излезе и општинската комисија за проценка на штети, а на оштетените граѓани локалната самоуправа во рамките на своите можности ќе продолжи да им ја дава најнужната помош, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот Зоран Заев.

Поројниот дожд, кој најсилно паѓаше изутрина меѓу 4 и 5 часот, и поплавата најмногу штети им нанесе на домовите и граѓаните на улиците „Младинска“, „Атанас Караман“, и „Крушевска република“.

Поради оштетување на главниот цевковод од браната Турија до филтер станицата и на неколку локални цевководи и друга подземна инфраструктура, половина град утрово остана без вода за пиење.

Мобилни екипи работат на теренот. Според проценките на кризниот штаб, се очекува до крајот на денот дефектите да бидат отстранети и ситуацијата да се нормализира.

Извор: Сител ТВ


Страшно! Уште кога видов синоќа дека летаат дрвја и по улиците течеше вода како некоја река знаев дека вакво нешто ќе се случи.
 
Прво и основно дали атмосферската канализација и шахтите биле чисти пред тоа, овде кај нас шахтите се наполнети со земја малку дожд да заврне сето по улица наместо во каналаизација, и сега не знам како било во Стррумица.
 
Шахтите се колку толко чисти се чистат неколку пати во месецот, но најголем виновник беше каналот кој се протега скоро низ цел град, излеал и им ги наполнил домовите на луѓето. Пренатрупан е со кал и песок едвај багери го чистат.
 
Vo Strumica vo gradot neznam no znam deka vo Strumickoto pole kanalite se vo katastrofalna sostojba, najcesto vo zelba da si gi prosirat nivite zemjodelcite gi zatrupuvat, a za odrzuvanje i cistenje ne ni stanuva zbor, pa taka i pri najmal dozd im se polnat nivite.
 
Досега не се случило такво нешто, врне ли уште?

Моите се потресени, голема е можноста дома да ни влезе водата...
 
Јебига пред 60 години луѓето од мака ги копале тие канали, но по неколку години суша сељандурите заклучија дека не им требаат канали па нека се дават сега како стаорци:pos2:
 
Досега не се случило такво нешто, врне ли уште?

Моите се потресени, голема е можноста дома да ни влезе водата...

Пред неколку минути пак врнеше ама престана, но според УХМР има можност до вечер пак да заврне како синоќа.
 
Поројо беше до горе. Кој вика не сме имале услови за развој на хардкор кајакарство? :)
 
10-11 часа врнеше малку но кај 4 пороен дожд вакво нешто не сум видел до сега.Јас сум на повисоко нема проблем но по улиците надолу Дунав течеше џабе Струмица ја има најсовремената машина за чистење канализација со природата не се може.
 
Ништо страшно јас до 7 сабајле гледав дискавери а пред тоа нешто имав работа на компјутер.
Уствари многу врнеше де но јас сум на повисоко и посигурно хехехе.

Да не ја пренасочам темата во политика (а и можеби треба) само ќе ви кажам дека ако беше пуштен подземниот канал за атмосферски води кој беше делумно завршен во 2008 мислам, нема да имаме вакви проблеми.

Зошто не е пуштен тоа е друга сторија.
 
Мојте ми се јавија и ми викат тука е лудница од сегде џврка вода. иначе мојта маала накај гробиштата канало бил запушан и вооота не течела под канало туку од горе за тва шо под канало имало дрва гранкиии ѓубрина и разни глупости и цела улица до гробиштата била кал до колена. Незнам как е било на другите места у градо. Ама се надевам не е цел град такоф. и да се крстаме да не врне и следните денови.
 
Темава е за во „Македонски градови“. Од кога стана Струмица дел од дијаспората? Дај внимавајте малку во иднина...

Каква е ситуацијата сега? Има слики?
 
Мојте ми се јавија и ми викат тука е лудница од сегде џврка вода. иначе мојта маала накај гробиштата канало бил запушан и вооота не течела под канало туку од горе за тва шо под канало имало дрва гранкиии ѓубрина и разни глупости и цела улица до гробиштата била кал до колена. Незнам как е било на другите места у градо. Ама се надевам не е цел град такоф. и да се крстаме да не врне и следните денови.
Цел е. Ѓупците си исчистии маалта.


--- надополнето ---

Темава е за во „Македонски градови“. Од кога стана Струмица дел од дијаспората? Дај внимавајте малку во иднина...

Каква е ситуацијата сега? Има слики?
Расчистано е колко-толко, барем од тва шо видех, ама моментално сме најпрашиљавио град у Македонија :)
 
Темава е за во „Македонски градови“. Од кога стана Струмица дел од дијаспората? Дај внимавајте малку во иднина...

Каква е ситуацијата сега? Има слики?

Sorry Acid, баш и не заприметив дека таму сум ја отворил темата.:smir:

Слики ако има некој што живее таму блиску до каналот да стави ако не му е тешко, јас не сум бил натаму и немав можност да сликам. Има видеа на веб страната на Сител ТВ и Канал 5!

Сител ТВ


Канал 5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom