Мј добар пријател претстојува во Скопје деновиве, а бидејќи потекнува од држава која што се наоѓа многу на север, во дневната рутина му е да јаде сладолед.
Бил во Рамстор -- не знам точно каде -- и ми рече дека сладоледот бил добар но не нешто “нај’’.
Па реков да ги прашам тие од вас што јадете сладолед, каде има најквалитетен/највкусен сладолед во Скопје?
Местото, слаткарницата, дури и не мора да има разноврсни врсти.
Под квалитетен подразбирам и да не биде смеша која ја изгубила “мекоста’’ како да стоела во длабоко замрзнување со месеци.
Значи каде?