Енд нау самтинг комплитли дифрент... ин Белџиум:
Сцена прва.
Атиџе и Фатиме се во дневната соба. Пијат кафе и мезат локум. Атиџе и кажува на ќерка и за договорениот брак.
„Слушај ќерко ние средивме да се земеш со брачедати од Пакистан“
„Ама мамо...“
„Шо ама!? А!?“
„Ама јас имам дечко тука во Белџиум...“
„Шо имаш!? Дечко..!? Лелеее.... сирота ја што ме снајде... лелее.... каков таксират... Леле ако разбере татка ти ќе не отепа и двајцата...лелее“
„Ама мамо јас си го сакам“
„Што знаеш ти што сакаш !? Јас што ќе ти кажам тоа има да сакаш! А башка на брачедати му треба помош... за документе. Ти мислиш ние за џабе ова го правиме!?“
„Ама мамо па нека аплицира за зелена карта... има на интернет сеа лотарија“
„Море... што ми зборваш, каков интремед, каква лотарија, какви бакрачи. Ѓаволштини тука некои ми спомнуваш. Коцкањето е грев детеее! Бери памет. Леле сирота јас....Што ме снајде... Ах црна Фатиме, како шамијата црна ме направе. Да не си имала и односе со него!?“
„Сум имала мамо, сум имала! 21 век е. Оти да немам!? И јас си имам потребе.“
„Мореее ако ти ја ѕвизнам една ќе ти кажам ја на тебе потребе. Потребе е да јадиш и да пијш и ако можиш и да спијш. Секс мори, тоа е луксуз! Лелеее... црна јас.“
Фатиме во лутина истрчува од дома. Атиџе останува да мисли што да прави. Доаѓа син и Смотанбег.
„Сине стигна!?“
„Стигнав мајко.“
„Како на работа!?“
„Добро е. Еден човек дојде. Домаќин од далеку се гледа... по брадата. И ми направи промет ептен. Зеде 3 теписи, 2 чергичиња и од што ептен ми се виде фин, му дадов миље за телевизорот гратис.“
„Ако сине, ако. Доверба треба да се има, да се гради. Утре пак ќе ти дојде да купи нешто. Така се прави бизнис. Негооо... сине знаеш дека мајка ти верува на тебе. Има доверба во тебе.“
„Знам мајко, знам, како да не знам“
„Еми сестра ти неќе да се земе со брачед ти Смрдлистан од Пакистан“
„Лелеее.... што зборваш...!?“
„И јас се зачудив, ама ја знаеш каква е бунтовничка. Ќе не зацрни таа. Што ќе речат комшиите после. Ти текнува на прошлиот скандал што ни го сторе она!?“
„Кога уклучи бољер преку недела!?“
„Еее тој. А комшиката Мубара беше кај мене на гости и кога виде се запрепасти. Што има девојче да се бања преку недела, освен ако не се спрема за земање. И јас морав да ја излажам дека е верена за Смрдилстан. А сеа она ми вика дечко имала тука во Белџиум и си го сакала.“
„Лелеее... ќе ја отепам. Како бе дечко на 20 години. Кој има дечко на тија години...!“
„Сестра ти само. Ете она има...Ах црна ја... што ме снајде. Слушај сине, ќе одиш ќе ја пратиш да видиш со кој се гледа и ќе го отепаш, после ќе види не ќе види, ќе мора да го земе Смрдлистан, оти сокината кој ќе ја земе.“
„Лелеее... не е ни невина... лелеее... мамооо... ќе не закопаат живи. Одам одма да го отепам тој безебенкот!“
Смотанбег во нервоза го грабнува чаталот со пацки и излегува од вратата. Трча по Фатиме за да ја стигне. Ја забележува карши сендвичарата „Јајце на око“ заедно со едно момче.
„Ене ги. Сеа ќе им кажам јас која патика на која нога иде.“
Нанишанува со чаталот кон момчето и тамам ја пушта пацката од чаталот.... го загледува момчето поубаво.
„Фенер Бавче !?“ извика Смотанбег „Не ми се верува. Па... како... па... од каде...тоа мојот најдобар другар и сестра ми!? Па и тој нема документи и на црно е тука. О нее...пацкатааааа! Фенер Бавчеее... Фатимее!“
И двајцата го слушнаа и се свртеа кон него. Фатиме ја здогледува пацката која беше упатена накај Фенер Бавче и целата во паника...
„Батееее... неее што ти требашеее... тамам му раскинувааав...“ и скокна пред пацката која ја погоди во слепоочницата. Целата зашеметена почна да оди накај улица. На улицата одеднаш се појави кинески автобус на ЈСП. Шоферот ја здогледа. Нагази на кочницата со сета сила, но место да закочи, педалата пропадна од другата страна. Силен удар..... црвенило на сите страни... од патлиџаните на Махмуд, кој држеше тезга одма до самата улица. Автобусот обидувајќи се да ја избегне Фатиме, удри во тезгата. Еден од патлиџаните се стркала одма до Фатиме. Таа се лизна и падна на грб со што си ја удри главата од ќошот на цокулата на Фенер Бавче, кој скокна да ја фати, ама не успеа. Фатиме изгуби свест. По неколку дена поминати во болница се освести од кома. Ги погледна луѓето околу себе и им рече:
„Ху ар ју!?“
пс. да, да знам дека не е убаво да се шегува на туѓа мака, ама ова не е шега, едноставно што било кога би било и како би било.