За жал од ден во ден сум се поразочаран од народов колку е само наивен и дрчен и замаен,без култура(да,не се срамам да го кажам ова за мојот народ) Ми се плаче ејјјј ама озболно ми се плаче.
Поддршка за Таруно и Чоканче.
Жими сe, го гледам видеово и исто солзи ми потекуваат еј. Си викам кај живеам јас, каде со ваков народ. Ама кога ќе видиш не е ни народот крив, така се поставиле кон владата и владата си рекла дај ќе им мачкаме очи со безвезни работи само колку да видат дека работиме нешто. Незнам како да го наречам овој проект. Омаловажувачки ќе да е зборот. Зошто мора да паѓаме толку ниско? Зошто мора да се запишат луѓе на тој список за проектот, кој патем прават да изгледа како успешен, а сите ја гледаме реалната слика од линковите погоре. Сакаат да направат нешто? Нека го вработат татко ми кој е останат стечаец од "Рудници и Железарница Скопје", а не да организираат појадок. Стварно незнам до кај ќе се оди вака. Јас не реков дека не прават ништо овие што владеат, ама повеќето ги гледаме само работите кои владата НЕ ги прави, па така и кога не ни фали ништо (сите си имаат работа и просечна плата) само се плука по нив, па овие нормално е дека ќе си речат дајте да им замачкаме очи да знаат дека правиме нешто. Јас незнам со која смелост, кој и да е, го предложил овој проект. Катастрофа, само спуштање на моралните вредности на народот и водење кон тотално слепило. Само го навикнаа народот на сиромаштија, па и да има моментално пак ќе земе, кога е гага и не му е на никој гајле прво за сопствената гордост, а после за другите.
И не викајте нема гордост ако си сиромав и гладен, ве молам. За такви доручеци кој сака си оди во јавните кујни, кои незнам колку функционираат, а за другите подобро е 5% повеќе во плата/пензија отколку фрли им мевце на кучиња да се тепаат.
Ми се гади од денешнава ситуација и култура на повеќето луѓе во Македонија. Не дека ние немаме потенцијал, ама алчноста е преголема.
ПС: Се извинувам ако отидов малку оффтопик.
Edit: Модератори: Зошто не ми дава да ставам e со апостроф врз него на се, ми го покажува како è, ќе средите? До мене е проблемот или одсекогаш било вака?