Појадок на Камен мост во недела

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
На Камениот мост во Скопје, в недела ќе биде организиран првиот “Појадок на мост“. Започнува во девет и ќе трае до 11 часот.


“Целта на Манифестацијата е едноставна, градот Скопје, да добие уште еден настан, нешто што досега го немало, нешто што ќе прерасне во традиција и ќе биде уште едно духовно обележје на овој град. Градот Скопје очекува околу две илјади посетители и консументи кои заеднички ќе појадуваат, ќе се дружат, но и ќе го почувствуваат гостопримството на овој град“, информираше денес градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.


Претседателот на Занаетчиската комора на град Скопје, Никола Петров рече дека ова е ретка можност на едно место да се дружат повеќе занаетчии да ги покажат своите производи, а Скопје на овој ден да наликува на еден европски град.


Сите присутни на Камениот мост ќе ги забавуваат уличните музичари на Скопје како и ученици од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“.


На овој едноставен начин, Градот Скопје сака да ги обедини и зближи сите граѓани на Скопје и да ги натера да се почитуваат меѓусебно, но и да ги почитуваат своите и традиционални вредности, велат оттаму.


 
Не ми е јасно... Да се пријавуваат занаетчии, а настанот се вика „појадок на мост“.
Што ќе појадуваме, вазни и опинци? Храна ќе има ли? По конфузно објаснување за настан немам прочитано...
 
Не ми е јасно... Да се пријавуваат занаетчии, а настанот се вика „појадок на мост“.
Што ќе појадуваме, вазни и опинци? Храна ќе има ли? По конфузно објаснување за настан немам прочитано...
Настанот ќе се оддржува на Kамен мост, а за храна да добијат граѓаните/занаетчиите.....изгледа ќе се молат :(
 
Пари немаме луѓеее, буџет немаме, неможеме да отвараме работни места, нема за социјалците, у кавадарци и мензата им се укина на децата со специјални потреби, а тука доручеци на мост, да се перат пари и да си ги ладат јајцата у вардар....
па толку ли сме народ од ОВЦИ И ИДИОТИ?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????
ај може коњине ке се распрдат па ќе ги истераат....
БОГ ДА ЧУВА
 
Уште првиот ден кога беше најавен настанов мајка ми се обидуваше да се јави на бројот за закажување ама линијата не функционира.:toe:
 
Урааааааааааааааа на лапачка, и кај нас има таква манифестација со сарми јадење, да ти е срам таа ден од родниот град и од луѓето....
 
Урааааааааааааааа на лапачка, и кај нас има таква манифестација со сарми јадење, да ти е срам таа ден од родниот град и од луѓето....

Сум бил еднаш на таа манифестација. Има Ѕверови од стари жени ненаситни :pos:
 
Сум бил еднаш на таа манифестација. Има Ѕверови од стари жени ненаситни :pos:
И тука така ќе биде, само опасно е кога ќе се затуркаат на трпеза како свињите на помија можи некој/а во Вардар да заврши.
 
Аиии колку пензионери ќе се накотат овде. За срамови ќе бидат кога ќе се тепаат за виљушка и чаша вода. А гарант ќе има и ситуации од типот "Ние сме стари не можеме да стоиме, младите да станат ние да седнеме". За тоа се стари, а не се стари да се влечкаат до Центар којзнае од каде за гага јадење.
 
Да го направеа денес настанов, имаше да врие од пензионери. ;)

Инаку, поглуп настан не сум видел ни чул. Кога ќе се соберат циганчињата сега на камени, па оди ти јади си на раат. Очекувам и падобранци од пензионери кои не се пријавиле, па ќе се бунат оти нема и за нив, и тие биле душа и ќе сакаат и тие да си к`снат, што на крај ќе доведе до масивна тепачка со храна.

Еден податок само, додека живеев во Чаир, Албанците секоја година за Бајрам (мислам дека беше) кај стадионот на Слога организираа шатори за ручек на сиромашните. Тоа траеше неколку дена, а не само еден. Работата беше што сакаа сите припадници на муслиманската вера да го празнуваат празникот како што треба, со богата трпеза. И немаше пријавување по телефон, ниту по никаков друг пат.

Ама ете мора малце Коце да се изрекламира, а и целта е да ти иде да се фрлиш во Вардар: „Целта на Манифестацијата е едноставна, градот Скопје, да добие уште еден настан, нешто што досега го немало, нешто што ќе прерасне во традиција и ќе биде уште едно духовно обележје на овој град“.

Нешто што немало досега !? Да, не секој може да си приушти асален ручек, па ова ќе биде нешто што го немал до сега .... факинг ритард!

@ Iskra

Не се врти со телефон. Со книшка се врти. ;)
 
Со закажување е море, не сватив преѓеска :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Тоа е веќе врв на глупоста :pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Ама ете мора малце Коце да се изрекламира, а и целта е да ти иде да се фрлиш во Вардар: „Целта на Манифестацијата е едноставна, градот Скопје, да добие уште еден настан, нешто што досега го немало, нешто што ќе прерасне во традиција и ќе биде уште едно духовно обележје на овој град“.



Не се врти со телефон. Со книшка се врти. ;)

Нема ништо духовно во тоа само мизерен политички маркетинг.
 
Оваа "ИДЕЈА"опасно се приближува на врвот на глупости што ги измислиле нашите ни мили власти. Таман оние што просат да ги подберат на сред Камени и градоначалник и заменик, чисто да видат кај живеат. Абе ова е човек да си земе семки и од страна да тепа сеир додека во кулминација на настанот некој пензионер се тепа за салата со градоначалникот:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom