Бугарскиот мит за ослободувањето на Македонија во 2та С.В.!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499


стр. 53
















Главни заклучоци:

1) Бугарскиот окупатор се плашел од Македонците Автономисти.

2) Бугарија беше принудена да прави пропаганда за да ги бугаризира Македонците. Се поставува прашањето, зошто била потребна „Бугаризација“ на населението доколку тоа било бугарско?

3) Сликите кои Бугарите ги користат за да ги прикажат Македонците како ги поздравуваат бугарските војски се изрежирани и не претставуваат доказ дека Македонците се сметале за “Бугари“. Страниците 123-124 го разобличуваат бугарскиот аргумент кој најчесто се користи.

4) Бугарите ја потиснуваа македонската култура и јазик со цел насилно да наметнат употреба на бугарскиот и насилно да ги бугаризираат Македонците.

5) И Тито подеднакво се плашеше од Македонците автономисти кои тој ги осуди, што поново го разобличува митот дека Македонците почнале да се сметаат за Македонци дури откако Тито одлучил да ја признае Македонија во 1943 година како еден од народите со право на своја република во рамките на Југославија.

--- надополнето ---

Ова се сликите на бугарската нацистичка пропаганда:

http://www.macedoniainfo.com/Macedonia=WestBulgaria.htm

обидувајќи се да ги прикажат Македонците како се “радуваат“ и ги “поздравуваат бугарските ослободители“.

Како противтежа на вештачкиот декор и нацистичката кампања на Бугарите вака изгледаше плоштадот на Скопје при пристигнувањето на 15-от Македонски Корпус по завршувањето на финалните воени операции во 1945 година:

 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Како Бугарите "учествуваа“ во ослободувањето на Скопје



Јордан Цеков-Дане

Александар Јорданов во размислувањата, меѓу другото, тврди и ова: "За време на средбите на македонското и бугарското раководство бил постигнат договор и братско разбирање во ослободените градови во Македонија и во Скопје најпрво да влезат борците на партизанските одреди° само поради тоа "поколенијата да ги чуваат спомените за хероите, а улици, плоштади и училишта да ги носат нивните имиња°.
Во право е господинот Тодор Чепреганов кога го тврди (Т.Ч. "Бугарија да се извини наместо да бара благодарност°, "Утрински весник°, 15.12.2004) следново: "Тезата дека бугарските војски ги ослободувале градовите, а само поради договорот со македонските единици им било овозможено да влезат први, исто така, е измислица и не е добронамерна°.
Во прилог на тврдењето на господинот Тодор Чепреганов, наведувам валидни факти. Таков договор не постои, бидејќи партизанските одреди не влегуваа во градовите, туку партизанските бригади на НОВ и ПО на Македонија водеа борби против бугарските окупатори (Кратово, 7 септември 1944) и против германските окупатори и во тие борби ги ослободуваа градовите. На 8 ноември 50. дивизија го ослободи Штип, а потоа во Штип влезе бугарската војска, на 9 ноември 3. и 8. македонска бригада го ослободија Велес, а потоа во Велес влезе бугарската војска, на 11 ноември 17. Македонска бригада го ослободи Куманово, а потоа во Куманово влезе бугарската војска, на 13 ноември 3. и 12. Македонска бригада го ослободија Скопје, а на 14 ноември, наутро, еден бугарски полк беше спречен да влезе во ослободено Скопје.
Во оваа статија станува збор како 3. македонска ударна бригада, чиј командант бев јас, спречи еден бугарски полк да влезе во ослободено Скопје.
По 60 изминати години, во свежо сеќавање ми остана еден значаен настан што се случи по полноќ, утрото и до пладнето на 14 ноември.
Кога уличните борби за ослободувањето на западната половина на Скопје привршија, германските окупатори, вечерта на 13 ноември, дефинитивно, го напуштија Скопје.
Со паѓање на мракот, западната половина на Скопје целосно беше ослободена од 3. и од 12. македонска бригада, освен Учителската школа во која се уште се бранеше една група германски војници.
Штабот на 3. македонска ударна бригада се наоѓаше во една голема канцеларија на поранешната бугарска фашистичка обласна полиција.
Преку баталјонските курири беше пренесена наредба баталјоните да се обезбедат, а 2. баталјон доби задача со една чета да го мине железниот мост што води за Бит-пазар и да се постави во реонот на Воената болница (денес Скопски саем).
Скопје беше во мрак.
Понекогаш ќе се слушнеа пукотници од пушкомитралези од насока на Кале и касарните на качаничкиот пат и потоа сў ќе се смиреше.
Од голема радост дури и не се спиеше, но сепак сонот го бараше своето.
Некаде околу три часот наутро ме разбуди курирот на 2. баталјон.
Курирот ме извести дека нашата чета кај Воената болница се сретнала со бугарски војници.
Бугарските војници се вратени назад кај Кумановска трошарина (сега хотел "Континентал°).
Кога курирот ме извести дека нашата чета се сретнале со бугарските војници, се сетив на големата лага што на 9 ноември, откако 3. и 8. македонска бригада го ослободија Велес, во една куќа, каде што престојуваше Штабот на бригадата, вечерта слушавме Радио Софија и имавме и што да чуеме.
Радио Софија објави вест дека бугарската војска го ослободила Велес, а бугарската војска на 9 ноември беше во реонот на Штип.

Таа голема лага беше причина да донесам одлука да им се забрани на бугарските војници да влезат во ослободено Скопје и да бидат вратени кај Кумановската трошарина и Автокоманда.
Во духот на таквата одлука, му наредив курирот:
"Кажи му на командантот на баталјонот, Боро, со две чети да стигне кај Воената болница и Кумановската трошарина и да забрани бугарските војници да влезат во Скопје.
Ако некои сакат да продолжат, со закана на оружје да ги врати назад".
По повеќе од еден час курирот дојде во Штабот на бригадата и ме извести дека командантот Боро ја извршил наредбата и една бугарска единица околу 50 војници е спречена да влезе во Скопје и чека кај Кумановска трошарина.
Така ги дочекавме раните утрински часови на 14 ноември.
Околу шест часот јас, политичкиот комесар и началник на Штабот со коњи тргнавме да видиме што се случува кај Воената болница и Кумановска трошарина.
Кога пристигнавме на означеното место, имавме што да видиме:
бугарските единици пристигнуваа кај Кумановска трошарина и Автокоманда и беа принудени тука да чекаат, 2. баталјон ги запираше бугарските војници и не им дозволуваше да влезат во ослободено Скопје.
Во таа ситуација, кога гледавме како 2. баталјон ја извршуваше борбената задача, еден бугарски офицер се доближи до нас тројцата и гледајќи како куририте ги држат зад нас коњите, претпостави дека сме раководители и налутено праша:
"Кои сте вие што забранувате да влеземе во Скопје"?
Бидејќи не ги разликувавме чиновите на бугарските офицери, а искрено речено немавме респект спрема бугарската отечествено-фронтовска војска, а особено огорчени од лажната вест на Радио Софија дека бугарската војска го ослободила Велес, наместо одговор, му упатив прашање:
- А кој си ти?
- Јас сум полковник Попов, командант на полкот.
Зошто забранувате да влеземе во Скопје?
- Ние тројцата сме командант, политички комесар и началник на Штабот на 3. македонска ударна бригада и ви наредуваме да не влегувате во Скопје се додека не добиеме наредба од Штабот на дивизијата да можете да влезете во Скопје.
Наредбата е јасна и според неа треба да постапите, реков јас.
- Знаете ли вие дека нашите војници маршираа цела ноќ и треба да се одморат.
Зарем тука на оваа влажна земја на улица да се одмораат?
- Наредбата е јасна и ни чекор напред кон Скопје додека не стигне наредба да можете да влезете.
Инаку, може да биде лошо, додаде политичкиот комесар.
Нашите одговори беа решителни.
Бугарскиот полковник сфати дека неговите војници не можат да влезат во ослободено Скопје.
Зад нас беа борците на 2. баталјон со оружје в раце.
Наредбата ниту еден бугарски војник да не влезе во ослободено Скопје беше доследно извршена.
По извесно време, поточно околу 9 часот, командантот на бугарскиот полк од нас побара согласност да влезе во градот и во Штабот на дивизијата да преговара за сместување на војниците.
По кус договор, тројцата се согласивме тој со нас да тргне и да му овозможиме да стигне во Штабот на дивизијата. И така полковникот Попов, единствено лице на бугарската отечествено-фронтовска војска, во седлото на коњот влезе во ослободено Скопје. Сите четворица на коњи се упативме кон зградата во која привремено се наоѓаше Штабот на бригадата. Кога стигнавме, бугарскиот полковник го оставивме надвор да чека, а потоа, со наш курир, на кого му дадовме коњ, го испративме во Штабот на дивизијата.
За тоа време во реонот на Кумановска трошарина 2. баталјон и бугарскиот полк стоеја и натаму едни спроти други. Во реонот на Автокоманда пристигнуваа и други единици на бугарската отечествено-фронтовска војска. Како пристигнуваа така и беа запирани да не влезат во ослободено Скопје. Наредбата да не влезат во Скопје Штабот на 2. баталјон и борците ја извршуваа решително, без оглед што мислеа командантите на бугарските единици.
Кон пладне, Штабот на 42. дивизија на Штабот на 3. македонска ударна бригада, преку курир, му издаде наредба која гласеше: "На бугарска војска Ј се дозволува да влезе во ослободено Скопје заради сместување. Одобрена насока за влегување во градот е Кумановска трошарина - Бит-пазар - Топаана - касарните на Кале и качаничкиот пат. Секое движење на бугарската војска преку мостовите строго се забранува.
Наредбата на Штабот на дивизијата целосно беше извршена. Бугарската војска тргна од Кумановска трошарина и преку Бит-пазар стигна во касарните на Кале и на качаничкиот пат и се смести да се одмори и да престојува.
Така бугарската отечествено-фронтовска војска "учествуваше° во ослободувањето на Скопје.
Вечерта на 14 ноември, борците на 3. и на 12. македонска бригада, кои го ослободија Скопје, беа вчудовидени: Радио Софија објави вест дека Првата бугарска армија го ослободи Скопје.
Може да се претпостави колку големо беше нашето огорчување. Поради оваа голема лага, Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати протест до командантот на Првата бугарска армија и бараше Радио Софија да ја демантира оваа вест. Радио Софија не објави демант.
Бугарските историчари во многубројни написи изнесуваат дека Првата бугарска армија го ослободила Скопје.
Таа голема лага и изнесена и во учебникот "Историја на Б'лгарија за Џ и ЏИ клас на општообразовните трудовополитехнически училишта°, стр. 391, издадена од државјото издателство "Народна просвета°, Софија, 1976 година.
Автори на историјата се член-кореспондент професор Александар Колев-Бурмов, академик Димитар Константинов Ќосев и академик Христо Ангелов Христов.
За ослободувањето на Скопје и бугарската ОФ војска нема испукано ниту еден куршум.
Со лагите се служат само оние на кои им е туѓа историската вистина.
Ослободувањето на Скопје е дело на борците на 3. и 12. македонска бригада од 42. дивизија и на 16. македонска бригада на кумановската дивизија.
Со нивното дело се гордее македонскиот народ.
(Авторот беше командант на Третата македонска ударна бригада)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Книга печатена во Прилеп во 1961.

Стр. 75


Стр. 76

 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Бугарски ќотек поради име

Вистинска приказна од моето семејство:

Една декада пред почетокот на втората светска војна, кога дедо бил на десетина - петнаесет години, од муабетите на повозрасните во семејството разбрал дека во градот дошле некои Бугари. Дедо до тогаш немал видено Бугари и му било интересно да види што за луѓе се.

Значи да појасниме не само што не се чувствувал ко Бугарин, туку и никој од неговото семејство и околина не се декларирал ко таков. Што значи дека нема како да е вистина тврдењето на бугарската пропаганда дека по околу десет години за време на бугарската окупација на Македонија, бугарските војници биле пречекани како ослободители од месното бугарско население, од едноставната причина дека немало бугарско месно население или тоа било во ништожно мал број.


Од селото (во источна Македонија) кадешто живееле, станал раното, завршил дел од задолженијата што ги имал и тајно без никој да го забележи, се стрчнал кон градот за да ги види Бугарите. Селото е на поголема надморска висина одошто градот па речиси целиот пат му бил одење по удолнина. Не знам што дедо очекувал да види, но кога стигнал во градот веројатно откако му кажале некои од граѓаните, им се доближил на Бугарите за да ги види поубаво.

Бугарите кои биле двајца, го забележале како се вртка околу нив и едниот од нив го запрашал како се вика. Дедо одговорил дека се вика Александар, на што Бугаринот се налутил и веднаш почнал да го удира и пцуе со зборовите (според дедо): "... мамката твоја Македонска". Дедо беше голем и силен маж дури и на старост, но за шлаканицата што тогаш ја добил велеше дека сеуште му одзвонува во ушите.

Не е чудно што Бугаринот реагирал така ако се знае дека во Македонија од памтивек па до денес името Александар е едно од најчестите имиња. Во периодот во којшто се одвивала случкава (1921-1940) Александар било најчестото име со кое се крштевале македонските деца.

Среќа вториот Бугарин се погодил добар човек - го спречил неговиот другар и дедо некако успеал да побегне. Ко што кажуваше ако му требале два часа за да се спушти од селото до градот, за назад од страв го поминал истиот пат но сега по угорнина за само еден. По бугарскиот ќотек поради неговото име, кај дедо никогаш потоа не се јавила желбата да гледа Бугари.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Во Бугарија ги учат сеуште изгледа, дека Бугарите во Македонија биле ослободители?! Па затоа значи, не би било можно (според вас) некој бугарски војник за едно име да му врзе шамар на мало дете? Е па можно е! И знаете ли зошто? Затоа што му се можело! Затоа што тој бил окупатор, а не ослободител и во секого од домородното население гледал закана и непријател. Ако биле ослободители ќе биле прегрнати од секој, немало да се организира отпор против вас (отпорот не бил организиран од Србите -како што пак ве учат).

Вакви примери како оној со шамарот можат да раскажат многумина од нас, но тоа ќе ја претвори темава во “здружение на борците од НОВ“ - тие само тоа го прават.

Македонците само гледале да се ослободат од туѓа власт па била таа Српска или Бугарска и помеѓу нив ставале знак на еднаквост (вистинските Македонски патриоти).
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Хе хе хе ..бугарите ослободители.....

....биле обични германски слуги по принципот употреби и фрли, значи и нив ги чекала истата судбина како и на другите европски окупирани држави откако ке ја исполнеле намената, биле обични кучиња чувари, за да германците не трошат свои ресурси и луѓе на овој простор на бугарите им била доделена улогата на патари т.е. да го чуват и обезбедат безбедниот премин на германските трупи према грција и понатаму на другите фронтови, тоа што бугарите се уфилмале е друга работа...

..јбг....во мај кампф освен за ариевци немало место за други....
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Чекаф,чекаф некоj да покаже нешто интересно,ама гледам ништо.
Што става со ВМРО бе дечки по време на втората светска воjна? Каj е таа организациja и зашто таа не се буни против бугарите?Зашто таа не предприема ни една офанзива против бугарскиот "окупатор"? Зашто това ВМРО не застана рамо до рамо со партизаните и да избрка бугарите?
Моде би треба да припамтиме некои работи по дати:
3-ти Април Германиja атакува Jгославиja (започнува воздушна атака над Белгард).
До 15-април Бугариja има дипломатски односи со Jгославиja.
Бугарската армиja влегува на 18-ти април и одеха след германците.На 18-ти април 1941 година германците са веке влезли ватре во Jгославиja. Бугариja не очествуваше врз напада над Jгославиja. Врз Jгославиja атакуваха-Германиja,Унгариja и Италиja.
Само от тиja дати можем да видим,дека не бугарите влезнаха први во просторите на днешна РМ,а германските воjски и германците окупираха,но не окупираха РМ,а окупираха Jгославиja.
Да не забораваме 5-та бугарска армиja(таа е во днешните предели на РМ) - 70%-75% воjници от пределите на днешна РМ.
Мора да припамтиме,дека на места има чети от македонци,които се борат против комунистическите чети(скопско,кумановско,тиквешко,гевгелиjско,кочанско). Какви били тиja чети, и те окупаторски?
Да припамтиме,дека при отеглjaнето на бугарската армиja от пределите на днешна РМ една голема маса хора се повлекува за Бугариja.Повлекуват се со и во "окупатора"?
После идеме до нешто многу фрапантно-нема ни една силна,масовна конфликт до 1943 година против бугарскиот "окупатор".
Никоj не споменува и фактот,дека воjната се водеше предимно на идеологически причини. Во целиот Балкан беха спротивопоставени левица против десница. Това го имавме масовно. Типичен пример - ВМРО и партизаните ви. За ВМРО македонското прашане беше затворено.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Па доколку употребиме аналогија, зарем Полјаците како поделени меѓу Германија и Русија, поделба која и до денес се одразува врз политичко-идеолошките преференции на луѓето(погледни во линкот), треба да означува дека полскиот идентитет е предмет на спор?

http://wybory.onet.pl/prezydenckie-2010/mapa-wyborcza-polski-jak-mapa-z-czasu-zaborow,1,3301489,aktualnosc.html

Дали политичкото учество на Полјаците во таборите на окупаторите означувало и национално претопување со окупационите сили?

Дали 1 милион Руси во редовите на Хитлер имале криза на идентитетот?

Дали Македонците во редовите на Американската армија, во Првата Светска војна, биле етнички заслепени, за да не ја искористат прокламацијата со која сите народи сојузници на Германија биле ослободени од службата, и свесно да одат во војна со ризик да бидат убиени, толку многу им се војувало да идат од Америка назад во Европа за да се борат, за Американската војска?

http://forum.kajgana.com/showthread.php?28379-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%88%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%92%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0


ВМРО и признанието на бугарскиот премиер Петров дека востанието е целосно македонско национално движење?

http://forum.kajgana.com/showthread.php?49603-БГ.-Премиер-Петров-1903-Востанието-е-Целосно-Национално-Македонско!&highlight=

Или регрутацијата на Македонците во Балканските војни предлага дека Македонец во исто време можел да дели 4 националности, служејќи во тие армии?

http://forum.kajgana.com/showthread.php?46266-Регрутацијата-на-Македонците-во-Балканските-војни!&highlight=


До кога бе ќе фантазирате, до кога ќе се замајувате самите себе дека некогаш ќе успеете да го прелажете светот со вашата пропаганда, не си го трошете залудно времето во бескорисни агентури по форуми кои “енергично“ ќе тролуваат.

Бугарската идеја е победена еднаш засекогаш!
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Па доколку употребиме аналогија, зарем Полјаците како поделени меѓу Германија и Русија, поделба која и до денес се одразува врз политичко-идеолошките преференции на луѓето(погледни во линкот), треба да означува дека полскиот идентитет е предмет на спор?

http://wybory.onet.pl/prezydenckie-2010/mapa-wyborcza-polski-jak-mapa-z-czasu-zaborow,1,3301489,aktualnosc.html

Дали политичкото учество на Полјаците во таборите на окупаторите означувало и национално претопување со окупационите сили?

Дали 1 милион Руси во редовите на Хитлер имале криза на идентитетот?

Дали Македонците во редовите на Американската армија, во Првата Светска војна, биле етнички заслепени, за да не ја искористат прокламацијата со која сите народи сојузници на Германија биле ослободени од службата, и свесно да одат во војна со ризик да бидат убиени, толку многу им се војувало да идат од Америка назад во Европа за да се борат, за Американската војска?

http://forum.kajgana.com/showthread.php?28379-Македонски-Јенки-во-Првата-Светска-Војна


ВМРО и признанието на бугарскиот премиер Петров дека востанието е целосно македонско национално движење?

http://forum.kajgana.com/showthread.php?49603-БГ.-Премиер-Петров-1903-Востанието-е-Целосно-Национално-Македонско!&highlight=

Или регрутацијата на Македонците во Балканските војни предлага дека Македонец во исто време можел да дели 4 националности, служејќи во тие армии?

http://forum.kajgana.com/showthread.php?46266-Регрутацијата-на-Македонците-во-Балканските-војни!&highlight=


До кога бе ќе фантазирате, до кога ќе се замајувате самите себе дека некогаш ќе успеете да го прелажете светот со вашата пропаганда, не си го трошете залудно времето во бескорисни агентури по форуми кои “енергично“ ќе тролуваат.

Бугарската идеја е победена еднаш засекогаш!
Темата беше за ВСВ или за целиот период на 20 век?
Аjде бе Братот,кажи ни еднаж како ти се види на тебе 70%-75% македонци да окупират собствената си татковина .Ако това не ти е парадокс... здраве да е.Ама не се и бунели,ем били со оружие во раце.Толкова лесно им било да се споjaт со партизаните и да направат и бугари и сите на пепел.Каj ти е ВМРО? Това ВМРО,което убиваше кралeте на тираните? Зашто не уби бугарскиот окупарски цар? Зашто членови на ВМРО се биеха против партизаните?Това ВМРО не направи ни един атентат во Бугариja да притисне,да се бори против окупатора. Една пруга не вдигна во воздуха,една бомба не тури,един министар не уби.
Идеja е едно,вистина друго. Вистината никога нема да се победи!
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Значи луѓе ќе ти кажам една работа. Не ви ангажирам, но ќе ви кажам гледната точка ми:

1913 година Бугарија напаѓа Романија, Србија, Грција. губиме војната (впрочем Грците многу тепачка однесуваат). Тогаш губиме војната. Во Македонија станува следниве процеси:

На луѓето почнуваат да им се даваат историски "документи", дека се антички Македонци, а не Бугари. Ова се ниско писмени луѓе кои туко што излегуваат од османлиската империја.

Почнува миење на мозоци. Една дел од нив, кои се противеше се убиени. Друг дел се зафатени и почнуваат да веруваат. Некои успеваат да се скријат и излажат и до денес знаат дека се Бугари.

И тука доаѓа целата гадост - сè што е убиен од Србите во Македонија се записници на Бугарите. За секое убиство се обвинети Бугарите. Влегуваат српски агенти, кои се претставуваат за "македонци" и почнуваат да "сведочат против Бугарите. На таа основа почнува да се гради омраза.

--- надополнето ---

ВМРО е навистина македонско движење, бидејќи е создадено од Македонци. Но, тогаш меѓу македонци и бугари немало разлика. Бугарија е составена од различни групи луѓе (генетски идентични). Ваквата поделба се случило пред доаѓањето на османлиската имеприја, бидејќи се појавуваат неколку бугарски владетели (браќа) и секој влече за власт и Бугарија е поделена на области.
со што ти го перат тебе мозокот? гледам убаво го испрале, само мирисот малце не ми е добар...
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
35
Поени од реакции
1
Nema mit !!!
Sme opitali da vi otkusneme od srbskto vlianie , no ne sme uspeli..
Ako ste sakali da bidete jujna banovina , i se uste sakate da bidete - OK -to e vash izbor..

Se uste vashata drjava e podvlasna na srbski strukturi,UDBA i nema ni edin element na nezavizimost
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
Тоа Гањо еше само замена на едно ропство со друго кое за среќа кратко траеше. :toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Темата беше за ВСВ или за целиот период на 20 век?
Аjде бе Братот,кажи ни еднаж како ти се види на тебе 70%-75% македонци да окупират собствената си татковина .Ако това не ти е парадокс... здраве да е.Ама не се и бунели,ем били со оружие во раце.Толкова лесно им било да се споjaт со партизаните и да направат и бугари и сите на пепел.Каj ти е ВМРО? Това ВМРО,което убиваше кралeте на тираните? Зашто не уби бугарскиот окупарски цар? Зашто членови на ВМРО се биеха против партизаните?Това ВМРО не направи ни един атентат во Бугариja да притисне,да се бори против окупатора. Една пруга не вдигна во воздуха,една бомба не тури,един министар не уби.
Идеja е едно,вистина друго. Вистината никога нема да се победи!

Откако се инфилтрираа вашите агентури во ВМРО се тргна наопаку, впрочем многупати е дискутирано на таа тема, додека оваа е за 2 светска војна и вашето патолошко измислување на себугарски димензии во историјата.

Јасно ми е дека немаш ниту одговор ниту аргументи на моите претходни точки.

Биди ми поздравен, денеска е 21 век, а вие никако да не ги “убедите“ Македонците дека се Бугари, иако нели, ги чувствувате “по духот“ хаха
 

Kajgana Shop

На врв Bottom