Муслиманите до буква го следат Куранот
Оваа тема ја поставувам бидејќи гледам дека кај Христијаните многу работи кои се дозволени се дозволено од Павле и други а многу забранети се исто забранети од павле и други, многу укинати се укинати од павле и тн а не и од Иса а.с.
Абдест - миење на делови од телото со вода без кои забрането е да се клања, и со чиста земја ако нема вода
Сура Ел-Маида (Софра)
6. О верници, кога ќе се исправите намаз да извршите, измијте ги вашите лица и вашите раце до лактовите, а главите ваши допрете ги со влажна рака, а нозете ваши до зглобовите. А ако сте џунуби, тогаш, избањајте се. А ако сте болни или ако сте на пат или ако некој од вас изврши нужда, или ако се состанете со жените а при тоа не најдете вода, - тогаш рацете ваши допрете ги на чиста земја и со нив допрете ги лицата ваши и рацете ваши. Аллах не сака да ве остави во неприлика. Он сака да ве очисти и да го исполни благодатот Свој кон вас за да бидете благодарни !
Јачина на тонот при изговарање на работите кои треба да се изговорат при намазот (клањањето)
Сура Ел-Исра (Патување ноќе)
110. При намазот твој не изговарај на глас а ниту скришно во себе, туку најди некој начин меѓу тоа!
За насоката кон која се управуваме при клањање
Сура Ел-Бекара (крава)
144. И ние, навистина, ќе ти овозможиме да се управиш кон онаа кибља - а веќе приметивме како лицето свое го управуваш кон небо - со која ќе бидеш задоволен. Па, управи го лицето свое кон Месџидул Харам. И каде било да се најдете, управете ги лицата ваши кон Месџидул Харам.
149. И каде било да осамнеш... па, управи го лицето свое кон Месџидул Харам.
За месецот на постот (рамазан)
Сура Ел-Бекара (крава)
183. О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи,
184. и тоа одреден број на денови; кој ќе биде болен или е на пат, тогаш, нека ги напости тие денови; а оние кои не можат да постат - пропуштените денови нека ги откупат со нахранување сиромав. А кој, пак, доброволно ќе даде повеќе па, тоа е подобро за него. А ако постете - тоа е подобро за вас, само да знаете!
185. Месецот Рамазан е месец во кој е објавен куранот како Патоказ за луѓето, јаснотии по Патоказот и Одделувач на вистината од невистината. Па, кој од вас ќе се најде во тој месец - нека пости, а ако е болен или е на пат - нека ги напости тие денови. Аллах со тоа посакува да ви олесни а не да ви отежни: определениот број денови да ги надополните, и Аллаха да го величате затоа што ве упати, и благодарни да бидете.
187. Ви се дозволува преку ноќ, додека трае месецот на постот, да легнете со жените ваши. Тие се ваша облека, а вие сте нивна облека. Аллах знаеше дека меѓусебно не сте воздржливи па ви прости и го прими покајанието ваше: па, сега состанувајте се со жените ваши и посакувајте го она што Аллах ви го определи; јадете и пијте се додека не ви биде толку јасно да можете да го разликувате белиот од црниот конец на муграта; оттогаш па до ноќе, постете! А ако сте во И’тикаф по џамиите, тогаш, не ви е дозволено да легнете со жените ваши. Ете, тие се границите Аллахови. И не приближувајте се до нив.
За Хаџ и умра (аџилак)
Сура Ел-Бекара (крава)
196. Заради Аллах и хаџџ и умра извршете! А ако сте спречени, тогаш, курбан заколете, и не стрижете ги вашите глави додека курбаните не стигнат на свое место. А оној меѓу вас кој ќе се разболи или кој има главоболија, па пропуштеното нека го надополни со пост, со садака и со курбан. А ако се најдете во вообичаена состојба, извршете умра и хаџџ и заколете курбан. А оној кој не е во состојба тоа да го направи, тогаш, нека пости три дена на хаџџ и седум дена кога ќе се врати дома: Ете, тоа е за оној кој живее во Месџидул Харам. И плашете се од Аллах и знајте дека Аллах, навистина, е Жесток Казнувач!
197. Хаџџот се извршува во познати месеци. Па, оној што ќе ја прифати таа обврска за време на хаџџот не може да има однос со жената и не смее да работи зли постапки а ниту да се кара. А за доброто што ќе го направите - Аллах знае. И снабдете се со сите потреби, а богобојазливоста е - најдобрата! И само од мене плашете се о, вие со разбир надарени!
198. Не е грев да барате од Господарот ваш добрина. А кога од Арафат ќе се враќате, споменувајте го Аллаха при светите места. Споменувајте го зашто Он ве упати, а пред тоа бевте меѓу скршнатите во заблуда!
199. А потоа тргнете, отаде од кај што тргнуваат луѓето, и од Аллах барајте прошка. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
За кабата (првиот божји храм кој го изградил Ибрахим а.с. - Абрахам)
Сура Ел-Хаџџ (Хаџ)
26. И кога на Ибрахим му го означивме местото за куќа: “не здружувај Ми ништо и очистија куќава Моја за оние кои се вртат околу неа , кои стојат и кои на сеџде паѓаат.“
27. И возгласи го за луѓето хаџџот: ќе ти доаѓаат и пешки и на камили истоштени, ќе ти доаѓаат од сите страни далечни,
28. за да си прибават користи кои се нивни, и да го споменуваат името Аллахово во деновите познати при ’рскот нивни од животното од Него, за нив наменето. Јадете од него и поделете го на несреќниот бедник.
29. Нека ја отстранат потоа нечистотијата своја, и нека ги исполнат ветувањата свои, и нека прават таваф околу Куќата древна!
Сура Али-Имран (семејството имраново)
96. Прва Куќа која беше подигната за луѓето е онаа во Мекка, навсистина, благословена, Патоказ за световите:
97. во неа се знаменијата јасни, и местото Ибрахимово. И кој ќе влезе во неа е безбеден. Хаџџот на Куќата заради Аллах, е обврска за секој кој е во можност - за оној кој ќе се најде на пат. А оној кој не верува - та, Аллах е Независен од луѓето!
За намазот (клањањето)
Сура Ел-Бекара (крава)
238. Внимавајте на намазот, а особено на средишниот, и исправете се пред Аллах, подчинето!
239. А ако се плашите, тогаш, намазот можете да го извршите стоејќи или јавајќи. А ако сте, пак, безбедни, споменувајте го Аллаха онака како што Он ве поучи за она што не го знаевте.
Сура Ен-Ниса (жени)
43. О верници, не пристапувајте во намаз во пијана состојба се додека не знаете што зборувате, ниту џунуби додека не се избањате, освен ако сте на пат. А ако сте болни и ако сте на пат, или некој изврши нужда или пак се состанете со жените, а не најдете вода, тогаш, земете тејеммум со чиста прашлива земја. Со неа, со испрашените раце, допрете ги лицата ваши и рацете ваши. Аллах, навистина, е Помилувач и Сомилосен!
101. А кога ќе кренете на пат по земјата, ќе немате грев да го скратите намазот. И ако се плашите дека неверниците, ќе ви направат сплетка. Неверниците се, навистина, ваши очигледни непријатели!
Сура Ел-А’раф (бедеми)
31. О синови Адемови, при секој намаз облечете се свечено, јадете и пијте, но не претерувајте. Аллах, навистина, не ги љуби претерувачите!
Сура Ел-Исра (патување ноќе)
78. И намаз извршувај кога сонцето ќе тргне од половина на небото па до вечерниот самрак
Сура Худ
114. И изврши го намазот на почетокот и при крајот на денот, и во почетоците на ноќта.
Сура Та-ха
132. И нареди му на семејството твое намаз! И истрај во тоа!
Сура Ел-Хаџџ (Хаџ)
О верници, паѓајте на руку’ (наведнување со телото од половината на горе - паралелно со подот) а паѓајте и на сеџде (со челото во подот)
Сура Ер-рум (Византијци)
31. приклонувајќи се кон Него, Плашете се од Него и намаз извршувајте, и немојте да бидете меѓу многубошците.
Начин на повикување кон Ислам
Сура Ен-Нехл (Пчела)
125. Повикувај кон патот од Господарот твој, и со мудрост и со ука добра. И расправај со нив на најдобар начин! Господарот твој, секако, најдобро го познава оној кој скршнал од патот Негов. Он најдобро ги знае упатените!
За нереформирањето на верата
Сура Ел-А’раф (бедеми)
29. Кажи: “Господарот мој ми нареди праведност.“ и управете ги лицата ваши, при секој намаз, кон Него, повикувајќи Го: чисти во верата Негова: како што започна со вас така и ќе заврши.
Сура Јунус
15. А кога им се кажуваат ајетите наши, јасни, оние кои не ја очекуваат Средбата Наша, велат: “донеси кур’ан поинаков од овој или, пак, измени го.“ Кажи: “Мене не припаѓа да го менувам ова сам од себе; јас го следам само она што ми се објавува. Јас, навистина, се плашам! Ако сум непослушен кон Гоподаот мој... а казната на Денот голем!?
Обожавање друг освен Аллах - единствен Бог
Сура Гафир (Простувач)
66. Кажи: “забрането ми е, навистина, да ги обожавам оние кои вие, освен Аллах, ги обожавате. Бидејќи ми дојдоа јаснотии од Господарот мој и бидејќи ми е наредено да бидам послушен, секако, на Господарот на световите!“
Работи забранети од Господарот
Сура Ел-Бекара (крава)
219. Те прашуваат за вино и коцка, кажи: “Во нив има голем грев и корист за луѓето. Но, гревот е поголем од нивната корист.“
Сура Ел-Маида (софра)
90. О верници, вино, хазардна игра, кумири и гатање на стрелички се лоша постапка шејтанова, навистина! Избегнувајте го, тогаш, Шејтанот за да бидете спасени!
Сура Ен-Нехл (пчела)
115. Он, навистина, ви забрани и мрша, и крв, и свинско месо, и она што е заклано во друго а не во името Аллахово, освен ако е некој присилен, несакајќи, само колку да преживее... та, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
Продолжува .....