Како да ја откријам својата сексуална ориентација?

  • Креатор на темата Креатор на темата AnGeL.BoY
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Е сега, БОЛЕСТ е нешто кое што предизвикува промени во организмот при што истиот и го уништува
Си ги местиш работите како ти што сакаш/одговара. Заборави да го спомнеш делот "придружено со структурни и функционални измени во него" иако го постави во цитат. Всушност, забележав дека цитатот и твојата интерпретација се лево-десно спротивно.

Кога ќе најдете кој умрел поради својата сексуална ориентација
Не се умира поради сите болести.
 
Ако нечиј избор (да биде хомосексуалец) е поради нешто врз кое нема контрола (недоволно лачење тестостерон од страна на мајка му во 6, 7 и 8 недела од зачетокот), не знам како тоа можеш да го наречеш избор.

Ако ми се обраќаш мене, јас никаде не користам “избор“ туку ориентација.

Дали за тебе хетеросексуалноста е избор?
 
Ако ми се обраќаш мене, јас никаде не користам “избор“ туку ориентација.
Како и да е, не знам што се менува во мојата поента без разлика дали се работи за избор или ориентација. Сепак да не ти кршам мерак:
Ако нечија сексуална ориентација зависи од нешто врз кое нема контрола (недоволно лачење тестостерон од страна на мајка му во 6, 7 и 8 недела од зачетокот), коешто во природни/нормални околности не би требало да биде така, не знам како тоа може да не го сметата како дефект.
 
Кога ќе најдете кој умрел поради својата сексуална ориентација (оставете ги на страна СПБ, затоа што тие се и те како редовни и помеѓу стрејт луѓето) како последица на структурни и функционални измени на организмот, тогаш ќе можете хомосексуалноста да ја класифицирате како болест.

http://www.hrw.org/en/news/2005/11/21/iran-two-more-executions-homosexual-conduct
 
Редно е да се прекини со пишување на темава, дечкото веќе си има дечко, така да откриена е сексуалната ориентација, се ориентира секогаш кон запад:)
 
Редно е да се прекини со пишување на темава, дечкото веќе си има дечко, така да откриена е сексуалната ориентација, се ориентира секогаш кон запад:)

Објави ли некаде дека се пронајде? :)
Баш ми е мило за податоков.
 
Објави ли некаде дека се пронајде? :)
Баш ми е мило за податоков.

Пред неколку страни прочитав дека веќе си имал најдено симпатија која прераснала во љубов, наскоро покрај темата “Невестата“ можеме да очекуваме тема и “Дечкото или пак “Зетот“.

Шала на страна, имаше некој пишано дека си нашол другарче од форумов за дудлање:)
 
Ме заебаваш нели? Ако е така и за крадење се убива :S

Не баш...поентата ми е дека од inverted полова ориентација не се умира бидејќи е болест,туку дека општото мислење е дека е болест
пример Србија и нивната "убиј педера" полиса.

Јас велам дека е ментална аномалија,не болест,не избор.

Јас од друга страна,социјално поставено,неам апсолутно никаков проблем со гејови.
Физички,on the other hand,едноставно не поднесувам маж vs. маж,да видам геј сцена на филм нешо ми се заглавува у грлото,ми создава чувство на одвратност.
 
Има разлика сам да умреш како последица на тоа, и да бидеш погубен од други луѓе. Огромна разлика.

Се разбира дека има,но тоа не го менува фактот дека твојата сексуална ориентација те довела во таа ситуација.
Важно е дека ќе умреш...и дека причина за тоа е твојата сексуална ориентација.
 
Ако нечија сексуална ориентација зависи од нешто врз кое нема контрола (недоволно лачење тестостерон од страна на мајка му во 6, 7 и 8 недела од зачетокот), коешто во природни/нормални околности не би требало да биде така, не знам како тоа може да не го сметата како дефект.

Тестостерон од страна на мајката во 6, 7, и 8 недела од зачетокот во природни/нормални околности воопшто не се лачи кога плодот е девојче (ХХ), а и да дојде до тоа, алфа-фетопротеинот го минимизира неговото дејство. Следствено, бројот на девојки кои се геј заради зголемено дејствување на тестостеронот е неколку пати помало од бројот на геј-машки заради намалено количество тестостерон (т.е. девојките се геј или би од други причини).

Настрана тоа, хормонален дисбаланс може да настане од многу причини: стрес, ПМС, храна... но не може да се рече дека ваквото нарушување е дефект, бидејќи е временски ограничено.
Од друга страна, ниту за женски центар за привлекување не може да се рече дека е дефектен, бидејќи во таков случај за дефект ќе треба да се сметаат и еден куп други центри во машкиот мозок: дефектен би бил и развиен центар за јазици и ораторство кај маж, центар за естетика и многу други, кои во “нормални услови“ како што викаш, не би требало да се развиени.

Или упростено:
-машко што е способно за учење јазици и машко што нема да го бива многу за ова;
-машко кое се разбира во естетика и машко кое појма нема да има од тоа;
-машко кое е геј и машко кое е стрејт.
Еден геј е исто толку ’ненормален’ колку и еден стрејт професот по француски или англиски.
 
Се разбира дека има,но тоа не го менува фактот дека твојата сексуална ориентација те довела во таа ситуација.
Важно е дека ќе умреш...и дека причина за тоа е твојата сексуална ориентација.
Being Jewish killed 6 million people in the Second world war. И сеа пошо Хитлер мислел така, а и сите негови сојузници, наеднаш being jewish е болест?
Многу леви споредби правите и затоа ништо од ова за болестиве не ви држи вода, па ако сакате до утре објаснувајте се.

Не се умира поради сите болести.
Да, ама се вршат промени во телото - било на физичкиот изглед, било на функционалноста на органите, па во одредени случаи и на ендокрино ниво.
Човекот како хомосексуалец природно не претрпува ниту една ваква промена за да може да се класифицира неговата “состојба“ како болест.
 
Се разбира дека има,но тоа не го менува фактот дека твојата сексуална ориентација те довела во таа ситуација.
Важно е дека ќе умреш...и дека причина за тоа е твојата сексуална ориентација.

Не, причината е уназаден начин на размислување, и нечовечки принципи на некои идиоти, кои ги довело тие хомосексуалци во таква ситуација. Виновниците се идиотите, не хомосексуалците и нивната сексуална ориентација.
 
Се разбира дека има,но тоа не го менува фактот дека твојата сексуална ориентација те довела во таа ситуација.
Важно е дека ќе умреш...и дека причина за тоа е твојата сексуална ориентација.

Во Црното доба (периодот кога се живеело според божјите правила), причина за смрт било и бавењето со наука.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom