Нов Пазар3

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran123
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 март 2006
Мислења
27
Поени од реакции
6
Кога ќе отидете на Пазар3, погледнете го најгорниот голем банер. Ротирачки е, па ако од прва не ви се појави, клик F5 неколку пати, и ќе се појави банер каде пишува дека новиот Пазар3 доаѓа за два дена. Се е тоа убаво, ама има една финта. Ќе се наплаќа. Цената на огласите ќе биде од 50 ден. до 90 ден. + 18% ддв.
thumbdown.gif


Дали вие би платиле за бесплатни мали огласи? Јас не. Не знам во кој филм е влезен сопственикот на Пазар3, Ариф Неџмедин, ама не верувам дека во Македонија ќе му успее ова. Има еден куп огласници кои се бесплатни, и верувам дека и во иднина ќе останат бесплатни. Е па, огласувачи, пакувајте си ги торбите, и префрлете се на нов огласник. Ако можеше Пазар3 да стане познат, верувам дека и некој друг ќе може да стане. Еве го линкот за цените, прочепкајте низ сајтот и ќе ги најдете сите "новости":

http://www.incoding.biz:12006/

Има многу други начини да се заработува од толку посетуван сајт, ама не, сите сакаат брзи пари. Зошто да им зема пари на луѓето, кога може да рекламира компании? Да му платам за оглас, зошто? Затоа што мисли дека е единствен на Интернет што има сајт? Ај важи... Прав грабеж на оние кои го направија познат - неговите корисници!

Малите огласи треба да бидат бесплатни!

Оставете ваши мислења и предлози за бесплатни огласници.
 
јас би платил.
а и многу подобро е да се наплаќа пошто многу огласи има фејк , а вака ке се смали све фејк огласите
 
Јас не би платил... Во секој случај, и онака човек не остава секој ден огласи...
Повеќе рагледувам огласи отколку да оставам, а ако ми затреба, и Кајгана си има огласи :pos:
 
Ако се најде некој паметен кој би ја искористил ситуацијата и би направил сличен сајт кадешто огласите ќе бидат безплатни - пазар3 ќе може да се слика... за пасош.
 
Ако се најде некој паметен кој би ја искористил ситуацијата и би направил сличен сајт кадешто огласите ќе бидат безплатни - пазар3 ќе може да се слика... за пасош.

може нема толку пари за да се слика за пасош, па затоа собира :)
 
јас би платил.
а и многу подобро е да се наплаќа пошто многу огласи има фејк , а вака ке се смали све фејк огласите
Што се однесува до "поддржувачите" на идејата за наплата, да претпоставиме ваква ситуација: почнува наплаќањето, 90% од огласите исчезнуваат, 90% од огласувачите повеќе не огласуваат... Што тогаш? Дали вие како корисник што бара да купи нешто, ќе одите на Пазар3 да најдете тоа што барате? Не би рекол. Која е поентата да посетам сајт којшто има многу помалку понуди (огласи) од некој друг сајт којшто има 10 пати повеќе понуди? Пазар3 е познат, да, ама исто така како што стана познат, може и да биде заборавен. Луѓето не го посетуваат Пазар3 затоа што се вика Пазар3, туку затоа што има еден куп огласи. Бројот на огласи го прават познат. Од друга страна пак, ако сајтот нема посети, која е поентата да поставам оглас како понудувач? И згора на тоа да платам. Нема никаква поента ништо од ова, само затоа што Пазар3 некогаш бил познат. Типот си игра со оган, а вие ако мислите дека тоа му е паметна идеја, можеби сте во право, не викам не, ама за да видиме што ќе биде крајниот резултат, ќе треба да почекаме.
 
Хм...а да не копираате теми од Бадијала?Па и наслово ти е буквално исти.Мислам дека сега корисниците ке се префрлат на други сајтови кои не се плакат, па пазар3 ке пропадне.
 
Ако се најде некој паметен кој би ја искористил ситуацијата и би направил сличен сајт кадешто огласите ќе бидат безплатни - пазар3 ќе може да се слика... за пасош.
Edit: @dobro_poznat: Задоволен сега? Ќе посочи човек сајт, и одма негов е сајтот и прави реклама... Извини, стварно извини... Значи, предлози за алтернативни огласници, тука ни под разно...
 
Прочепкав по Интернет да видам што има од други огласници во Македонија, и налетав на http://reklami.com.mk Не сакам за звучи како реклама за сајтов, ама од сите други што ги видов, овој ми остави највеќе впечаток. Ептен е едноставен (мислам дека едноставноста го направи Пазар3 тоа што е денес) + најстариот оглас е од 27 Јули, 2010, а веќе има околу 2.880 огласи (144 страни х 20 огласи/страна), што кажува дека е тазе, месец и некој ден. Ако знаете некој подобар, би било фино да го споделите.
Хух веќе трет пост и оп сајтот
МА неееееееееееееееее воопшто не звучи како реклама и никој не се сомнева дека ти си газда на тој сајт
 
Нека се наплаќа,кој сака да објаве оглас ќе си плате и крај,а не вака само да гледам фејк огласи
 
Јас се чудам зошто огласот не ми излегува на пазар3... уште од сега почнаа да не ги стават :)
 
Од првиот пост помислив дека е реклама...
 
А како ќе се врши наплатата?Со пеј пал?Кој улав би плаќал 50 денари за оглас кога има уште минимум 10-ина онлајн огласници во Македонија например кајгана огласникот.
 
Според мене грешка му е тоа ако наплаќа за оглас. Може да се финансира преку други форми: банери, реклами, платени огласи кои ќе бидат истакнати ...
 
Мора да се наплаќа. Ако не за профит, за тргање на несериозните понуди/огласи.
Иако јас би со некоја по симболична цена. На што личи тоа од 50 до 90 денари од оглас. Јас би удрил 10 денари од оглас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom