Колеги вакаа...Денеска ги посетив теткиците на студентски во врска со нерешливиов проблем за ЕКТС. Има соопштение за тие што им останале предмети да видат како функционира, замената и бодовите и напоменато е дека не смее да има под 60 во година, односно 240 кредити по завршувањето. На моето прашање дали смее да има над 60 кредити, ми рекоа дека може само да не биде премногу над (не сфаќам што им значи премногу, ама веројатно до 5 кредити се толерира). И за информација дипломската носи 5 кредити. Има и објавено распореди, а еве го на финансиски менаџмент 2ра година:
Основи на менаџмент: понеделник, вторинк и среда 8-10, амфитеатар 1
Макроекономија: среда 10 - 12 (амфитеатар 3), четврток 12-14 (амфитеатар 1), петок 8-10 (амфитеатар 1)
Финансиско сметководство: понеделник 14-16, вторник 12-14, амфитеатар 3.