Економски факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кој изборен предмет да го изберам според вас.. Кој е најлесен ?:tapp: help
ми викаат за надворешна трговија или маркетинг - менаџмент, ама незз ни на едниот ни на другиот кој предава и какви се предметите
 
Надворешна трговија - Ирена Кикеркова

Маркетинг - менаџмент - Анита Циунова
 
Значи денеска на запишувањето за 1 година требаше да избереме еден изборен предмет за зимскиот семестар. Јас сум на департман финансиски менаџмент, и избрав трговско право.. Меѓутоа дури од кога дојдов дома се сетив дека кредитите во еден семестар треба да бидат најмногу 35, а со трговско како изборен имам 36 (27 од задолжителните предмети + 9). И сега баш се загрижив:nesum:, не знам дали ќе ми го признаат, или пак треба да одам пак да изберам друг предмет.. Ваше мислење?


Како пресмета 36??
Значи трговско право е во зимски семестар според податоците на страната на факултетот(точни се???) а во зимски имаме 2 задолжителни предмети од 9 кредити = 18 кредити + трговско 9=27...
 
и лесно ќе пројдам или не :D

Јас мислам дека не :vozbud:
1.Надворешна трговија- многу тежок предмет и плус на раскажување, професорката има строги критериуми и тестовите прилично тешки со недостаток на време сигурно ќе се справиш, за тоа толку знам, ама никој нерекол дека е лесно, баш дека е еден од потешките предмети.
2. За маркетинг-менаџмент имам слушнато дека не е лесен предметот. Кај нас се знае или е лесен или не.
 
Кој изборен предмет да го изберам според вас.. Кој е најлесен ?:tapp: help
ми викаат за надворешна трговија или маркетинг - менаџмент, ама незз ни на едниот ни на другиот кој предава и какви се предметите

Не го гледај предметот, гледај кој предава :)
Ја би ти рекла да си земеш маркетинг менаџмент, првиот колоквиум ќе ти биде може потежок, ама ќе си пројдеш супер на крај, Проблемот е што дава прашања со примери, не чисто теоретски како што пишува во книга, ама сите работи ќе ти бидат познати. Како и да е, подобро Циунова отколку Кикеркова

--- надополнето ---

Ме примија во државна квота, бев денес - се запишав. Постари колеги и колешки очекувам помош и совети од вас за нас бруцошите од 15ти, па натаму ..:smir:

Со среќа нека ти е, со лесно студирањето, а за помош - тука сме ;)
На што смер си?
 
Не го гледај предметот, гледај кој предава :)
Ја би ти рекла да си земеш маркетинг менаџмент, првиот колоквиум ќе ти биде може потежок, ама ќе си пројдеш супер на крај, Проблемот е што дава прашања со примери, не чисто теоретски како што пишува во книга, ама сите работи ќе ти бидат познати. Како и да е, подобро Циунова отколку Кикеркова


А кој предмет да го изберам според тебе и фала на одговор :))
 
Како пресмета 36??
Значи трговско право е во зимски семестар според податоците на страната на факултетот(точни се???) а во зимски имаме 2 задолжителни предмети од 9 кредити = 18 кредити + трговско 9=27...

Во зимски семестар имаме 3 задолжителни по 9 кредити, а во летен 2 (исто по 9 кредити). На страната не пишува така, туку на листот што ни го дадоа вчера, и од таму треба да избереме изборни.. На крајот пишува подетални информации на веб-от на Економски факултет, а врска немаат едно со друго..

--- надополнето ---

И ако може постариве колеги да ми кажат некој збор- два за Граматиков.. Сакам да земам управување со производ (зимски) и стратегиски маркетинг (летен семестар), а и двата ги предава истиот професор. Ваш совет, искуства со проф. и предметиве? :pipi:
 
Дечки ај ве молам споделете искуство за тежината на следниве изборни : :nesvest:

-Основи на маркетинг
-Економска статистика
-Микроекономија
-Надворешна трговија
-Менаџмент на човечки ресурси
-Деловен јазик I
:smir: :smir: :smir: :smir:
 
:vozbud: Сакаш да го земеш како изборен? :vozbud:

По тоа што сум слушала за маркетинг знам дека е еден од најтешките на факс,само не знам дали баш на основи на маркетинг мислеа. :kesa:
Сакам да земам по можност нешто полесно за поминување офц :smir:
 
Јас мислам дека не :vozbud:
1.Надворешна трговија- многу тежок предмет и плус на раскажување, професорката има строги критериуми и тестовите прилично тешки со недостаток на време сигурно ќе се справиш, за тоа толку знам, ама никој нерекол дека е лесно, баш дека е еден од потешките предмети.
2. За маркетинг-менаџмент имам слушнато дека не е лесен предметот. Кај нас се знае или е лесен или не.

А кој предмет да го изберам според тебе и фала на одговор :))


Надворешна трговија ќе мора да бидеш редовен на предавања ако сакаш да го положиш полесно, професорката многу убаво објаснува и кажува работи што ги нема во книгата а ги бара на испит. Е сега, предметот е интересен и доста корисен ама професорката има навистина строги критериуми, често има прашања од типот “Што е разликата меѓу тоа и тоа?“ или “Зошто е ова вака и вака?“, што го нема како такво во книгата туку ќе мора сам со своја логика да одговориш. Кај неа тестовите се пола оптички а пола на раскажување и доста строго ги оценува.
2. Маркетинг менаџмент исто не е од најлесните но е полесен од надворешна. Тука имаш малце отповеќе поделби и набројуванки, за колоквиумите имаш и задачи (лесни се многу) а на испит не дава задачи. Обично дава прашања со примери, на пример “Deutsche Telekom го купил Мобимак, дали е тоа освојување на нов пазар, проширување на пазар, проширување на асортиман и слично“, јас го положив на испит и не беше многу тешко.

Мој предлог маркетинг менаџмент :)
 
Што мислите за ДЕЛОВЕН ЈАЗИК I ? :pipi:
Angliski mnogu e lesno. Ma ostaj ja vcera se mavtav so toa i tetkata od otsekot me prati kaj dekanot na nego da mu objasnam deka nemozam da zemam izboren vo zimski zs na kraj ke mi iskocat 62 krediti namesto 60 i mora da zemam vo leten koga iskocuvat 36 a dozvoleno e 35 i mr gledaa ko telinja i ne go najdov dekanot za da mu objasnam
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom