Кога човек чита паметно срочен текст (а постов е паметно срочен) може да си помисли дека со Иран е завршена работа. Само, недостатокот е што претпоставките се некако премногу „западњачки„, а сите овие наведени работи не се баш така едноставни како што изгледаат (растојание, санкции, внатрешни немири...)
Касно е сега, ќе пробам само накратко да ги покријам со она што ми останало во глава, па деновиве здравје ќе побарам и поточни податоци, нормално, ако се развие дискусијава.
Достижноста и тоа како ќе биде проблем, а ако остане само на Израел и невозможна - зборуваме за територија од скоро 1,8 х 2 илјади км, со 80 мл луѓе. Немам поим каде им се потенцијалните мети, ама логично би било да не се на самата граница, туку негде во внатрешноста. Полнењето во воздух е комплицирана работа и за време на вежба, а над Иран не доаѓа предвид. Евентуално учество на САД и планирање на танкирање пред влез во Иран можеби е опција, ама тогаш конфликтот ќе се прошири во регионот ( и Human го спомена тоа), па Иран сигурно нема да ги чека над нивна глава овие да си играатт бензиски пумпи.
Санкциите - Иран е веќе 30 години под санкции. Од една страна беше хендикепиран поради тоа, ама во последно време тоа може и да му е предност. Значи зборуваме за земја која од тој аспект многу личи на бивши СССР - сами произведуваат скоро се што им треба. Памтам дека се можеби единствена земја во регионот која нема потреба од увоз на храна ( а најбројни се) и со најголеми резерви на питка вода, покриваат преку 90% од потребите во фармација, авто индустрија... Плус што доста го развија образованието, а богами и науката.
Внатрешни немири - подобро нека не рачунаат на тоа. На карта изгледа многу шаренолико, ама без разлика на етничките групи националното чувство им е силно. Зборот ми е, можеби дел од нив сакаат промена на власта, ама тоа не значи дека со задоволство ќе им помагаат на америте/израелците. Впрочем, тоа е и пробана работа.