Пред милиони години, во светските тогашни мориња, кои биле измешани со доста соединенија и под дејство на ел. празнења кои биле мнооогу чести во тоа време се создале првите јаглехидрати, кои подоцна почнале да се врзуваат меѓусебно и настанал наједноставната форма на живот, од која подоцна се развивале и други форми на живот. Нормално, тоа во текот на стотици милиони години.
Еве, вака е најпросто објаснето.
ПС, создавањето на јаглехидрати со помош на ел. празнења од неоргански соединенија е докажано со експеримент.
Хах, добро познатата прикаска за прабиотичката супа во која што се готвел животот мешана со кутлачата на ветровите и подгревана со громовите

Не ми се верува дека уште се раскажува оваа приказна во образовните системи. Се прашувам од кога фантазијата на некои креативни фантазери во бели мантили стана аргумент за научни теории? Горната прикаска не е подржана со ниту еден научен експеримент. Единствен обид беше Милеровиот експеримент, но истиот подоцна беше успешно побиен, а некои однеговите дупки ќе ви ги изложам во неколку точки:
1) Од околу 2000 познати аминокиселини, само 20 се користатат во протеините и сите од нив се левораки. Аминокиселините кои они ги добија беа половина левораки, половина деснораки. Односот бил 50 : 50 . Тоа е смртоносна комбинација. Кога би се вметнала макар и само една деснорака аминокиселина, би го разурнала целиот сиџир од аминокиселини.
2) Милер, за да добие неколку амино киселини, користел константно електрично празнење. Значи тој замислил еден гром што непрестано свети и врши електрично празнење во некоја вода (бара, езеро,море). Таков гром човекот сеуште нема видено
3) 86% од материјалите кои ги добил Милер биле високо токсични. Затоа Милер морал веднаш да интевернира и да ги изолира добиените амино киселини инаку ќе биде уништени. Значи дури и спонтано да се создадат аминокиселини во природата (со помош на грмотевици), тие би биле уништени од останатите продукти на тие реакции. Но дури и да бидат заштитени на чудесен начин, сепак тие не би биле ништо повеќе од безживотни амино киселини. Од амино киселина до живот е колку од тука до ивицата на Универзумот.
4) Постојат и концепски проблеми. На пример: нема причина да веруваме дека произволното соединување на аминокиселините ќе образува нешто корисно. Кога ќе размислите дека еден типичен ензим има синџир од можеби 200 врски и дека има 20 можности за секоја врска, лесно е да се увиди дека бројот на бескорисни комбинации е огромен, поголем од бројот на атомите во сите галаксии видливи со најголемите телескопи. Тоа е само еден ензим, а има преку 2000 такви кои служат за многу различни цели. Дури и да ги имаме сите потребни амино киселини на едно место (што е повторно неверојатно во природни услови да се самосоздадат и групираат на едно место) , веројатноста дека тие случајно ќе се подредеат во корисен ред е: 1 од 10 на степен 20 и пак целото тоа на степен 2000. Тоа е веројатност 1 од 10 на степен 40.000 дури и ако ги имаме сите потребни амино киселини на едно место. Ова е број со 40.000 нули после единицата и доколку сакате да го запишете во тетратка со кврадратчиња и пишувате по една нула во квадратчето, бројот би бил долг 200 метри
5) Милер, користејќи интелект и лабараториски услови, не можеше да ги создаде сите потребни амино киселини. Епа ако не можел тој со својот интелект и интелигентно срочени лабараториски услови, зошто да веруваме дека слепата природа во неекспериментални услови би можеле да го направат тоа? И зошто би верувале дека тие би се подредиле баш по тој редослед кој претставува една шанса од огромниот број кој има 40.000 нули зад единицата?
6) Интересно е продолжението на првобитната драма и супата. Милеровите следбеници велат дека аминокиселините се создале во атмосферата (во која немало слободен кислород, туку само метан, амоњак и водород

)) ), а потоа паднале во морето и тоа морале да пропаднат длабоко под водата за да не бидат разградени од ултравиолетовите зраци. Но од друга страна пак, под површината на водата немало доволно енергија за понатамошни рекации, па затоа тие за секоја наредна рекација морале брзо да патуваат горе на површината на водата, да влезат во рекација и пак да се скријат под водата
7) Исто така несфатливо е како е можно понатамошната синтеза (од попрости кон посложени) да се вршела во водата, кога е познато дека водата е најголемиот и универзален растворувач кој ја помага деполимеризацијата (разложувањето на поголемите молекули во поедноставни), а не полимеризацијата (поврзувањето на помалите молекули за да формираат поголеми). Така што во таква средина, спонтантоо распаѓање/разградување на молекулите е многу поверојатно отколку спонтаната синтеза.
Ете тоа е фамата околу Милеровиот експеримент, еден жалосен обид да се објасни создавањето на животот со отсуство на Создателот. А Тој пак натажено ги гледа овие ентузијасти како се обидуваат да го имитираат. Гласовите замреа, 57 години поминаа од Милеровиот експеримент, стотици интелегентни умови се надвиснати во лабараториите и од петни жили се обидуваат да создадат живот, но сеуште не е синтетизирана ниту една ДНК молекула, а камо ли пак жива клетка. Франкенштајн остана во филмовите
