Владата ќе изнајмува прекуокеански бродови

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Македонска флота или знаме под наем?

Владата планира да формира трговска поморска флота и за тоа веќе донела одлука, а сега се разгледуваат можностите за реализација на овој проект. Идејата е да се изнајмуваат бродови што би пловеле под македонско знаме и под поволни услови би пренесувале стока како за домашната економија, така и за потребите на други држави. Во Министерството за транспорт е формирана работна група што работи на анализата на економската исплатливост и на можните држави од кои би се изнајмувале бродовите. Идејата е добра и исплатлива и може поволно да се одрази врз македонската економија, велат стопанствениците.
- Идејата е стара и датира уште од осамостојувањето и е добро ако се реализира. Како деловна заедница, се уште немаме доволно информации за тоа што се планира. Сето тоа треба да има подлога во добра економска анализа, која би го оправдала проектот - вели Љубица Нури од Стопанската комора на Македонија. Луѓето што се занимаваат со превоз на стока и на услуги велат дека искуствата од другите држави се поволни и можат да се искористат при реализацијата на ваков проект. - Државата нема ниту кадар ниту, пак, искуства во тој сектор, но тоа не значи дека не е можно да се реализира идејата. Доволно е да се консултираат државите што веќе работат на тој принцип, како Швајцарија - вели Зоран Аризановски од Здружението на шпедитери.
Според него, бизнисот со бродовите што би тргувале под македонско знаме, во основа, е исплатлив бидејќи сега компаниите сами или преку шпедитерските организации изнајмуваат бродови за превоз на суровините и на своите производи. - Работиме и за фирми од Косово и од Јужна Србија, што би подразбрало и користење на македонските бродови за превоз на суровините и на производите за нив - вели Аризановски.
Од друга страна, познавачи на поморската трговија велат дека, во услови кога државата нема пари, а проектот планира да го реализира со јавно-приватно партнерство, постои веројатност тоа партнерство да се сведе на обично „изнајмување“ на македонското знаме за потребите на приватни транспортни компании. Од компаниите од металската индустрија и рударството, кои 80 проценти од транспортот на стоката го вршат преку бродскиот сообраќај, велат дека, во основа, идејата е добра и би била поволност за нив. - Ако компаниите, кои сега изнајмуваат бродови од други држави, би добиле поволна цена од домашната флота, нема причина зошто да не ги користат нејзините услуги. Во такви услови многу би им се олесниле работите - вели Александар Панов, директор на „Макстил“.
Само од оваа фирма годишно со бродови се превезуваат меѓу 300.000 и 400.000 тони. Тука се и „Фени“, „Скопски легури“, „Силмак“ како и рудниците „Бучим“, „Тораница“ и „Злетово“.
Економистите велат дека бизнисот е исплатлив, но само ако бродовите што би се изнајмиле, би биле добро искористени. Според нив, не е важна цената под која би се изнајмиле, туку какви ефекти ќе се добијат од нивната експлоатација. Доколку државата има веќе добра анализа за тоа, може да пристапи кон реализација на идејата, велат тие. Но, велат, за да функционира овој проект државата треба да обезбеди и патно и железничко поврзување до пристаништата што ќе ги користи. Коридорот 8 се уште е тесно грло, додека Коридорот 10 не овозможува брз транспорт на стоката до државата и надвор од неа, што, пак, покрај цената на бродскиот превоз, би било поволност кога би се нуделе услугите за државите од соседството.
Стопанствениците и економистите даваат еднаков третман на четирите пристаништа што и се достапни на Македонија: Солун, Драч, Бар и Бургас. - Солун и натаму е најблиската дестинација и во делот на транспортот е најевтина. Но, поволни се и другите пристаништа. Бургас и Бар даваат можност за закотвување на големи бродови, потешки од 50.000 тони, додека Драч, иако најблиско пристаниште, се уште нема капацитет за прием на големи бродови - вели Зоран Аризановски .
Проблем, според стопанствениците, е тоа што до пристаништата во Драч и во Бургас немаме железничка врска, ниту, пак, патиштата се добро организирани. Затоа пред да се почне со реализација на проектот треба добро да се разгледаат сите можности.
И според македонските капетани на бродови идејата е остварлива. - Светот познава силни трговски флоти, кои функционираат на ваков начин. Многу бродови пловат под панамско или либериско или малтешко знаме. Добро е да се направи обид - вели Горан Устијаноски, поручник за пловидба.
Неофицијално, владиниот план предвидува флотата да се формира на основа јавно-приватно партнерство, а во почетокот би имала десетина бродови. Холандија и Грција веќе биле во опција како земји од каде што би се изнајмиле бродовите. Извори од министерството велат дека веќе се разговарало со турски офицери за пловидба, кои понудиле опрема и кадар.
 
Навистина интересен предлог :)
 
Народот нема леб да јаде овие ќе си играат "Морнарица".
 
Народот нема леб да јаде овие ќе си играат "Морнарица".
Доста време ке им треба за создаване на таков фолт.Според мен може и никога да не се создаде,заштото првиот голем прашалник е пристаниште,което да е надомно за бродовите... Уште тука може да се сретнат со проблем. Да не зборуваме дека може да гледаме филмот охридски бродари номер 2.
 
Доста време ке им треба за создаване на таков фолт.Според мен може и никога да не се создаде,заштото првиот голем прашалник е пристаниште,което да е надомно за бродовите... Уште тука може да се сретнат со проблем. Да не зборуваме дека може да гледаме филмот охридски бродари номер 2.

Имаме пристаниште, Солун е наш :)
 
Интересен предлогов, само дали ќе се оствари или ќе остане само идеја ќе покаже времето. И дали е економски оправдано вака може само да се нагаѓа, потребно е да се извршат опсежни анализи со кои би се увиделе сите негативни и позитивни страни на овој предлог.
Како и да е, сметам дека сепак од ова би имале корист многу македонски компании кои го користат бродскиот транспорт во своето работење

Со грчка контрола :)

Им го позајмивме одреден период, ама они педери се па не сакаат да ни го вратат. :)
 
Народот нема леб да јаде овие ќе си играат "Морнарица".

Народот нема леб да јаде само на зборови, а ако навистина нема леб да јаде и ако владата не бара алтернативи за подобрување на економијата во државава народ ќе нема, а не леб!

Он Топик: Ми се допаѓа идејата, првпат слушам за ова и ми се допаѓа, само треба да се најде најблиското пристаниште и најповолните услови за оваа идеја да може да се оствари.
 
Идејава ја читав вчера во некој од веснициве, и барем мене лично ми се допадна. Пристаништата околу Македонија не се кој знае колку далеку.Единствен проблем според мене е инфраструктурата до нив(освен до Солун). Мислам дека треба прво да се види и реши тој проблем па после да се влегува во вакви проекти. Како и да е ако биде нешто со среќа нека е.
 
Народот нема леб да јаде овие ќе си играат "Морнарица".

Владата треба да му го обезбеди лебот на народот и се додека она седи мирна на страна, се разбира дека ќе се жали народот. Ајде, времето ќе покаже дали играњето “Морнарица“ ќе биде успешно или не. Сепак и најмалиот обид е за поздрав.
 
Владата треба да му го обезбеди лебот на народот ........

Kolku utopisticki i ... , tendenciozno .
Jas mislam deka narodot i obezbeduva na vlasta " leb " , a ne obratno .
 
Владата треба да му го обезбеди лебот на народот ........

Kolku utopisticki i ... , tendenciozno .
Jas mislam deka narodot i obezbeduva na vlasta " leb " , a ne obratno .

Власта е "институција" која е избрана од народот и треба да се грижи за сите проблеми и граѓани во таа држава. Власта зема пари од народот, ама и власта му дава пари на народот! Ако нема власт нема кој да ја води државата значи ќе нема и леб, а неможе сите граѓани да раководат со државата бидејќи е невозможно и тоа би било катастрофа, тогаш ептен ќе нема леб за никој!
 
Ако нема власт нема кој да ја води државата значи ќе нема и леб, а неможе сите граѓани да раководат со државата бидејќи е невозможно и тоа би било катастрофа, тогаш ептен ќе нема леб за никој!

Koj kaza deka ne treba da ima vlast ?
Ajde , dosta so gluposti , pssssssst !

Ako vladata saka da stopanisuva , ako saka na toj nacina da im obezbedi leb na graganite na Makedonija , neka stopanisuva so " Ohis " , " EMO " , " Alumina " , " Ohriganka " , " Makedonski Zeleznici " ..... (sakash ushte) ?

Toa shto vladata deli pari na narodot , koj se zemeni od narodot , dejnost narecena " subvencii " , ne e nikakva teshka i odgovorna rabota ,
 
Ако нема власт нема кој да ја води државата значи ќе нема и леб, а неможе сите граѓани да раководат со државата бидејќи е невозможно и тоа би било катастрофа, тогаш ептен ќе нема леб за никој!

Koj kaza deka ne treba da ima vlast ?
Ajde , dosta so gluposti , pssssssst !

Ako vladata saka da stopanisuva , ako saka na toj nacina da im obezbedi leb na graganite na Makedonija , neka stopanisuva so " Ohis " , " EMO " , " Alumina " , " Ohriganka " , " Makedonski Zeleznici " ..... (sakash ushte) ?

Toa shto vladata deli pari na narodot , koj se zemeni od narodot , dejnost narecena " subvencii " , ne e nikakva teshka i odgovorna rabota ,
ОФ:Aј замисли нема влада во Македонија,владее анархија.Кој ќе врши увоз и извоз?Кој ќе ги помага фирмите?Кој ќе го одржува редот и мирот?Кој ќе ги задолжува фирмите да даваат плата?Кој ќе ја одржува и зајакнува инфраструктурата,индустријата итн?
ОН:Поглупа идеа неможеше да им текне.Ова е чиста загуба.Ќе ги одерат од даноци и останати давачки.Или пак имаат некој планови за 2013?
 
Македонскава морнарица за да биде успешен проект мора да истовара на Солунското пристаниште каде ќе формира Македонско претставништво кое ќе дава шпедитесрки услови во комплет со изнајмување на контејнери за да се добие пониска цена за транспорт од странски бродови.Кога Грците ќе го дозволат тоа,јавете ми.
Второ Драч нема простор за тешки бродови,а патот до Драч го избегнуваат сите македонски транспортери.
Трето Бургас е далеку и камионскиот превоз на контејнерот ќе кошта над 1000 евра,што е премногу ако бродскиот транспорт од Кина е 3000 долари.
И четврто Бар...Црна Гора има една такса од 400 евра за животна околина.Кога на овие трошоци треба платформата за контејнер да оди надоле до МКД и назад до пристаниште,увозникот ќе се самоубие од цената.
И така доаѓаме пак до Солун итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom