Денес е Валпургиската ноќ, најзначајниот фестивал во ложите кој се бават со магика и вештерство!
На денешен ден 1966 година во Сан франциско, Антон Шандор Лавеј ја формира Црквата на Сатаната, означувајќи ја новата ера на сатанизмот. Инспириран од лицемерието и глупоста на монотеистичките религии, Лавеј решава на пркосен и саркастичен начин да воспостави баланс кој ќе му контрира на религискиот монопол втемелен на лицемерие и лаги.
Во своите тинејџерски години Лавеј заминува од дома за да му се приклучи на Clyde Beatty циркусот, како момче задолжено околу чистење на кафезите и хранење на животните.
Опседнат уште од детството од љубовта кон уметноста, музиката и културата, Лавеј не се чуствува исполнет од возбудата при тренирањето ѕверови како десна рака на Beatty, па затоа самоук почнува да свири пиано по слух. Ова ќе му послужи кога циркускиот свирач ќе се опие до смрт пред настапот! Лавеј волонтира за да го замени, самоуверен дека ќе може да се снајде на непознатите клавијатури на органата, доволно добро за да ја изведе потребната музика за позадина. Испаѓа дека тој ја познава и свири музиката многу подобро од циркускиот музичар, па Beatty го брка пијаницата и го запослува Лавеј на инструментот.
На осумнаесет години Лавеј го напушта циркузот и се приклучува на карневалот. Овде тој станува асистент на магионичарот, учи хипноза и продолжува да ги продлабочува своите студии во окултизмот.
Како што и самиот ќе каже во еден од неговите говори: "Во саботата ноќта ќе забележев човек кој се стреми похотно кон полуголите танчерки на шоуто, а во неделата утрото, додека свирев органа за евангелистите, истиот тој човек седеше на молитвените клупи со сопругата и децата и се молеше бог да му прости и да ги исчисти овие "нечисти" пориви од неговата душа. И наредната сабота пак ќе дојдеше на карневалот или некое слично "неморално" место. Тогаш знаев дека христијанската црква почива на лицемерие и дека човечките ниски пориви ќе успеат да го пронајдат патот надвор без разлика колку се оспорувани и забранети од било која бела религија!"
Како што Лавеј посочува сите цркви се базирани на обожување на духовното и одречување на плотта и интелектот. Тој ја виде потребата од основање црква која ќе ги преслика човечкиот разум и смртните желби како објекти на обожавање. Разумниот самоинтерес треба да биде охрабрен, а здравото его величено!
Сатаната во идеологијата на Лавеј е мрачната скриена сила на природата, одговорна за "земните афери", сила за која ниту науката ниту религијата немаат објаснување. Сатаната на Лавеј е духот на прогресот, инспиратор на сите големи придвижувања кој допринеле за развојот на цивилизацијата и придобивките на човештвото!
REGIE SATANAS!
AVE SATANAS!
HAIL SATAN!