Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 мај 2011
Мислења
61
Поени од реакции
2
Кој хадис може да се употреби наместо парацетамол ?
Пратеникот, с.а.в.с., рекол: “Чурукотот содржи во себе лек за секоја болест, освен за смртта.“(Бухари) Чурукотот во својата чаура, која по изглед потсетува на чаура од мак, содржи темни зрна, кои после жетвата се сушат. Од овие семиња со ладно цедење се добива масло кое е богато со незаситени полномасни киселини. Тие киселини се есенциални (од животна важност), па со храната е потребно да се внесуваат во организмот. Да наброиме само некои од големиот број на заболувања против кој се користи овој чудотворен лек: за акни, алергии и асми, надување на стомак, целулит, прелада, болки во зглобовите, недостаток на концентрација, камен во бубрегот, делимична импотентност, тешки облици на неплодност, запаление на непца. Значи сето ова е можно да се излечи со маслото од чурукот. Денес чурукотот се одгледува претежно во Сирија, Ирак, Египет, Америка, Индија, Пакистан, Иран, Грција и на Кипар, затоа што најдобро успева во сончевите области.

Низ историјата
Египетскиот ел – берека чурукот е едно од најраните култивирани растенија на човештвото. Дури во скоро време оваа билка е новоткриена од страна на докторите по алтернативна медицина, имунолозите, како и разни фармацевтски организации. Скапоцените својства на чурукотот се познати од дамнина, па поради тоа е употребуван во многу култури насекаде низ земјината топка. Семето на чурукотот (лат. Нигела Сатива) се спомнува во Библијата под името ким, Иако не припаѓа на иста фамилија билки, па од тука тој назив е погрешен, тој и ден денес се користи во германското говорно подрачје, каде за чурукотот (збор од турско потекло) се употребува изразот Schwarzkummel – црн ким. Уште во старо време ова семе е користено при правењето на леб. Познато е дека во гробницата на Тутанкамон е пронајдено шишенце со масло од чурукот.
Користите на оваа билка ги опишал и Мухаммед, с.а.в.с., во хадисите , со зборовите:
„Чурукотот содржи во себе лек за сите болести, освен за смртта.“ Овој хадис на Пратеникот, с.а.в.с., (кој го пренесува Ебу Хурејре, во сахих предание , а забележено од Бухари и Муслим) е заслужен за огромната популарност на чурукотот во исламскиот свет, кое исто така го нарекуваат и благословено зрно. Модерната наука до денес ја потврдила исправноста на овој хадис.
И пред, Мухаммед, с.а.в.с., докторите на фараонот го користеле оваа масло и крем од чурукот кај болестите на дигестивниот систем. Многу е користен во козметиката: Нефрете и Клеопатра си го негувале телото со масло од чурукот и го користеле како додаток при бањање. Покрај тоа во Ориентот чурукотот веќе илјадници години се користи за лекување на алергии и запаленија. Најчесто се употребува кај асмата, бронхитисот и неуродермитисот. Во античка Грција чурукотот е познат како сретство за зајакнување при физичка и психичка слабост кај болните. Во нашите краеви долго е користена тинктурата на чурукотовото масло за лекување на подуеноста, болестите на желудникот, градите, црниот дроб, и за многу друго. Дури низ модерната high-tech медицина, маслото од чурукот паѓа во заборав. Во Европа оваа билка стекнува голема популарност во Средниот век, откако во 1031 година излегла збирката на на исламскиот филозоф и лекар Ибн Сина (познат под латинизираното име Авиценна) во “Книгата за лечење на душата“. Медицинскиот дел од збирката Canon medicinae во 11 век бил од енормална важност за втемелување на медицината како наука, и важел за најбитен учебник на медицинските факултети во Европа наредните 500 години. Ибн Сина покрај останатото, го опишува извонредното дејство на Чурукотот за одржување на здравјето. Покрај тоа, книгата содржи многубројни совети и рецепти, кои египетските лекари и денес често им го препорачуваат на своите пациенти.
Чудотворен лек – масло од чурукот
Во минатото десетлетие, американските и арапските научници од реномираните истражувачки институти (меѓу останатите и во Центарот за истражување против рак Hilton Head Island во Јужна Каролина) почнуваат со помош на модерни методи, да ја анализираат оваа благослевена билка. Дошле до следните резултати:
- Семето на чурукотот содржи повеќе од стотина состојки кој позитивно влијаат на здравјето, го потпомагаат варењето и работата на цревата.
- Супстанциите во екстрактот на чурукотот го зајакнуваат имулошкиот ситем во борбата против тумурните заболувања.
- Маслото од чурукот делува против бактериите и габичните заболувања.
- Маслото од чурукот има ефект за намалување на шеќерот во крвта
- При долготрајна употреба на маслото од чурокот се зајакнува имунолошкиот систем.
Покрај тоа откриле дека Нигела – Сатива – екстрактот, употребен во поголеми количини, го предизвикува следното:
- Стимулација на клетките на коскената срж (пораст за 250%)
- Зголемување на продукцијата на Т – клетките помагачи и Б- клетките произведувачи на антитела во имунолошкиот систем
- Зголемена продукција на интерферонот / белковините кој се од голема важност за имунолошкиот ситем
- Го спречува размножувањето на клетките на ракот ( 50% успорување на развојот)

Еден друг инсититут за истражување, Cancer Immuno-Biology Labaratory, независно од овие резултати, експериментирајќи на животните исто така добиле резултат дека чурукотот го намалува развојот на клетките на ракот.
Незаситените полномасни киселини, кои се содржани во чурукотот, се потребни како клучни материи на хормоните на ткивата. Тие ја потикнуваат размената и варењето. Освен ова го регулираат холестеролот и овозможуваат здрава размена на материите. Така да за косата и кожата се од голема важност.
Досегашниоте испитувања покажале дека чурукотот не дејствува дирекно на поедини органи, туку дејствува на комплетниот организам преку имунолошкиот ситем(зајакнување / ревитализација) и прочистување преку дебелото црево, така да користа е повеќекратна.
Студијата во Детската универзитетска клиника во Маинз – покажала дека Гамма – линолен – киселината содржана во чурукотот, има анти – асматичен ефект, бидејќи спречува алергиски реакции.
Со зголемениот стрес, конзумирањето на сретства за уживање, малку движење, еднострана или погрешна исхрана ние си го уништуваме имунолошкиот ситем. Модерните имунолошки истражувања потврдуваат дека редовната употреба на чурукотовото масло делува спречувачки против опшествените болести како што се некој видови на рак, запушување на артерии, ревматски заболувања, појава на мрежа на очите...
Долгорочната, консеквентна употреба на маслото од чурукот ги поправа разните симптоми на оние кој имаа алериии во 90% случаеви. Освен тоа ги подобрува имунолошките ефекти, помага при алергиата на полен и прашина, кај неуродермитисот, асмата, инфекциите и други болести. Маслото од чурукот може да се користи како додаток на исхраната до 3 грама дневно – мислење на др. Schleicher од Оделението за имунологоја во Минхен.
Битно е да се знае дека до потполно дејството на чурукотот доаѓа дури после 8 до 12 недели редовно конзумирање, истакнува имунолошкиот експерт др. Schleicher.

www.islamski-centar.org
.. а иначе единствен човек кој го има лекот за рак на светот знаеш дека е Шејх Зиндани, тврди дека го нашол во Хадисите..? побарај по википедија ќе видиш...
 
Член од
19 мај 2011
Мислења
61
Поени од реакции
2
Чест ни е да ви го презентираме Ashifa roghan e kalonji (масло од Црно семе), бидејќи како што Пратеникот Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, ни го пренесе значењето на кalonji како лек за сите болести освен смртта. Најпрвин да ја видиме хранливата вредноста на кalonji. Хранливата вредност (кalonji – масло од Црно семе):
Протеини 208 mg/g
Тијамин 15 mg/g
Рибофлавин 1 mg/g
Пиридоксин 5 mg/g
Нијацин 57 mg/g
Фолацин 610 mg/g
Калциум 1,859 mg/g
Железо 105 mg/g
Бакар 18 mg/g
Цинк 60 mg/g
Фосфор 5,265 mg/g

Историја на Црното семе
Употребата на Nigela Sativa е од пред 2500 год. Пред н.е. Тоа се спомнува во грчкиот медицински систем и има големо значење во сатрата медицинска пракса, посебно во Стариот Египет. Исто така, било спомнато и во книгите на научникот Ал Баируни. Авицена го потенцира неговото значење во својата медицинска книга Канон за медицината.
Исто така објаснил дека овој лек го стимулира телото со енергија и го повраќа од замор и депремираност. Семоќниот го испратил пратеникот Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, како милост за целото човештво, кој за доброто на човештвото, со својата мудрост, предложи: „Употребувајте го црното семе (Kalonji), зошто тоа содржи лек за секоја болест, освен за смртта.“Тоа имало голема улога во лекувањето на многу болести.
И денес во многу западно европски земји направени се повеќе студии и истражувања. Тие докажуваат дека маслото Nigela Sativa е природна материја со богата прехранбмена вредност, минерали, амино киселини, со голема способност за подржување на системот за имунитет како и лекување на многу болести. Луѓето запомнија дека Црното семе има лек за сите болести, но заборавија дека мораат постојано да го употребуваат. Денес, современите научни истражувања го потврдија она што Пратеникот Мухаммед го рекол пред 14 века, дека црното семе е златен рудник на здравје. Денешните сознанија тврдат дека Црното семе може да излекува и фатални болести, како што се РАКОТ И СИДАТА.
100 % чистото масло од црното семе го зајакнува имунолошкиот систем, ја прочистува крвта и го штити телото од сите видови болести. Го поддржува метаболизмот, го подобрува варењето и го намалува нивото на шеќерот во крвта. Особено е корисен против бронхитис, кашлица, киселени, тврда столица, болки во грбот, нервозни тензии, крвен притисок, помал број на сперматозоиди, ревматизам, артритис, првут, сува кожа, опаѓање на косата, сите видови алергии и различни проблеми поврзани со кожата.
Дозирање и начин на употреба
МЕНТАЛНИ БОЛКИ И НЕВРОЗИ: Во случај на ментален стрес, нервни тензии и физичка слабост, земете 5 капки од маслото од Црно семе, измешано во една лажичка мед или некаков шербет.
СЛАБА МЕМОРИЈА: Сварете 10 грама ментол во една чаша вода. Додајте 10 капки од маслото од Црно семе и лажичка мед. Пијте го топло.
РАК: Земајте една чаша сок од морков во која што има половина лажичка масло од Црно семе два пати дневно. Продолжете со третманот три месеци.
АСТМА: Пред појадок и пред спиење, земете половина лажичка од маслото од Црно семе во филџан млако млеко. Два пати дневно, земајте пареа од зовриена вода со една лажичка масло од Црното семе. Исто така нежно масирајте ги градите ги градите и грлото три пати дневно со маслото од Црното семе .
ДИЈАБЕТИС: Земете половина лажичка дробено семе од Касни (Endive) и од Мети (Fenugreek) измешани со 5 капки масло од Црно семе два пати дневно. Пијте еден филџан исцедена вода од диња (Карела) секои три дена.
ЕГЗЕМА И ТЕНИЈА: Нежно масирајте ги местата на кои има егзема или тенија со маслото од Црно семе три пати дневно. Продолжете додека не се излекувате. Исто така, земајте по 10 капки од маслото од Црно семе на со лажичка мед еднаш на ден.
СЛАБ ЦРН ДРОБ: Потопете 10 грама Ајова (Ajawain Desi) во чаша вода и оставете го да отстои 24 часа, процедете ја водата и испијте ја, откако во неа ќе додадете 5 капки масло од Црно семе.
ЗАДЕБЕЛУВАЊЕ НА СЛЕЗИНАТА: Изрендајте диња (карела) и исцедете ја водата од неа. Додајте 5 капки од маслото од Црно семе во 5 лажички од таа вода и пијте ја еднаш дневно.
ЖОЛТИЦА: Во еден филџан вода, потопете 25 грама лисја од к’на и оставете ги да престојат преку ноќ. Следниот ден, процедете ја водата и додајте една лажичка мед и половина лажичка масло од Црно семе. Пијте ја смесата еднаш дневно во текот на 15 дена.
КРВАРЕЊЕ ОД НОС: Изгорете чист лист бела хартија. Пепелта измешајте ја со две капки од маслото од Црно семе и ставете ја смесата во носот. Тоа ќе го сопре крварењето.
ПОВТОРЛИВА ТРЕСКА: Потопете околу 12 грама Ајова (Ajawain Desi) во една чаша вода. Утредента, исцедете ја течноста и додајте 10 капки од маслото од Црно семе на ТТ. Пијте од течноста еднаш дневно во текот на 8 дена.
МРЗЕЛИВОСТ И ОПШТА СЛАБОСТ: Секое утре пред појадок, земете по 10 капки од маслото од Црно семе, помешани со чаша сок од портокал.
ЕПИЛЕПСИЈА: Ставете една капка до маслото од Црно семе во левата ноздра првиот ден и една капка од маслото во десната ноздра вториот ден. Секој ден, земајте по 10 капки масло од Црно семе со мед.
МЕНИНГИТИС: Два пати дневно, земјате половина лажичка масло од Црно семе со сок од еден лимон.
МИГРЕНА: Нежно масирајте ги слепоочниците и другите болни места со масло од Црно семе. Исто така, земјате половина лажичка од маслото со половиан лажичка мед секој ден.
УШНИ БОЛКИ: Ставете една капка масло од Црно семе во инфицираното уво.
ЗАБИ И НЕПЦА: Изгорете една коцка обична сол и направете прашок. Измешајте по две капки масло од Црно семе и масло од сенф во малку прашок и намачкајте ги забите и непцата. Потоа, измијте ги забите и непцата со паста.
ВРТОГЛАВИЦА И ГЛАВОБОЛКА: Три пати дневно, пијте чаша јогурт со 5 капки масло од Црно семе. Исто така, нежно масирајте ги болните места со масло од Црно семе.
БОЛНО ГРЛО ИЛИ БОЛКИ ВО ГРЛОТО: Откако во млака вода ќе додадете 5 капки од маслото од Црно семе, правете гарагара со истата.
ГАДЕЊЕ И ПОВРАЌАЊЕ: Измешајте по две лажички шеќер и овошен оцет, додајте 5 капки од масло од Црно семе и излижете ги.
ИКАЊЕ: Земајте половина лажичка масло од Црно семе со малку путер, по потреба.
КИСЕЛНИНИ: Испијте чаша топло млеко, измешано со половина лажичка масло од Црно семе и една лажичка мед.
СТОМАЧНИ БОЛКИ: Испијте чаша млеко со 10 капки масло од Црно семе и малку сол.
СЛАБ СТОМАК: Здробете и измешајте кумин, црн бибер и сол во еднакви количества. Ставете една лажичка од смесата со 10 капки масло од Црно семе во чаша сок од свежи јаболка и пијте еднаш дневно.
ЦРЕВНИ ЦРВИ: Ставете 5 капки масло од Црно семе и 10 капки оцет во чаша вода. Пијте го сокот еднаш дневно.
ДИЈАРЕА: Ставете по една лажичка анасон, ментол, цимет и половина лажичка сол со 6 зрна зелен кардамон во еден литар вода и згответе ја смесата како чај. Испијте половина чаша од таков чај со 5 капки масло од Црно семе на секои два часа.
ТВРДА СТОЛИЦА: Додајте по половина лажичка Cassia Augustifolia и масло од Црно семе во еден филџан топло млеко и испијте ја пред заспивање.
ХЕМОРОИДИ: Варете 250 мл. Маслиново масло во прашок од к’на 5 минути. Земете 10 капки од смесата, додајте 5 капки масло од Црно семе и ставете ја а болното место наутро и пред заспивање. Исто така, наутро земете 5 парчиња смкви и 10 капки масло од Црно семе.
ГАСОВИ: Измешајте 10 капки масло од Црно семе во 60 грама Ајова (Ajawain Desi) и потопете ги во сок од лимон. Откако смесата ќе се исуши на сонце, додајте 10 грама црна сол и земјате по 2 грама од смесата два пати дневно.
ДИЗЕНТЕРИЈА: Измешајте две лажички од Испаголот (Psyllium Husk) во чаша јогурт, додајте 5 капки масло од Црно семе и појте ја смесата три пати дневно.
КИСЕЛИНИ И ЧИР ВО СТОМАКОТ: Додајте 10 капки масло од Црно семе две лажички мед и земајте ја смесата секој ден.
ОЧНИ БОЛЕСТИ: Нежно масирајте ги очни капаци со масло од Црно семе пред заспивање. Исто така, ставете половина лажичка масло од Црно семе во чаша сок од морков и пијте го два пати дневно.
КАТАРАКТА: Една капка од масло од Црно семе во окото е корисна на почетокот од појавата на катаракта.
ПЕЧЕЊЕ ПРЕД МОКРЕЊЕ: Додајте 10 капки масло од Црно семе и една лажичка мед во една шоља млеко. Пијте секој ден, додека печењето не исчезне.
НЕДОВОЛНО МОКРЕЊЕ: Сварете 30 грама лисје од пченка во чаша вода. Оставете ја да се излади, процедете ја и испијте ја откако во неа ќе додадете 10 капки масло од Црно семе.
ПРВУТ: Земете по 30 грама од лисја до к’на и од лисја од Касни (Endive). Варете ги во 500 мл овошен оцет десетина минути. Земете две или три лажички од лосионот и откако во него ќе додадете 10 капки од маслото од Црно, нанесете го на главата.
ПРЕДВРЕМЕНО БЕЛЕЕЊЕ НА КОСАТА: Измешајте го маслото од Црно семе со масло од кокос и масло од смола од дрвото Malicea во еднакви количества и нанесувајте на косата еднаш дневно.
СЛАБА И ОПАЃАЧКА КОСА: Нанесувањето на масло од Црно семе два или три пати дневно го сопира опаѓањето на косата и доведува до тоа влакната да растат подолги и подебели. Исто така, на косата и дава и цврстина и сјај. Со тоа, предвремено белеење на косата се сопира, а првутот и сувоста на косата се искоренуваат.
КОСОПАСТ И ЌЕЛАВОСТ: Измешајте вода од ѓумбир и овошен оцет во еднакви количини и ставајте го ан ќелавите места секои утро и нежно масирајте ги со маслото од Црно семе пред заспивање.
ЗА УБАВО ЛИЦЕ И КОЖА: Додајте 5 капки од маслото од Црно семе во сок од еден лимон. Ставајте го на лицето и рацете секое утро. По десет минути, исплакнете се со млака вода.
ВИТИЛИГО (пигментско заболување на кожата): Нанесувајте масло од Црно семе на заболените места на кожата два пати дневно.
ХИДРОПСИЈА: Здробете диња (Карела) и сцедете 60 мл вода од здробената маса. Додајте три лажички мед и 2 лажички масло од Црно семе. Пијте го сокот еднаш дневно во текот на една седмица.
СЕКСУАЛНА СЛАБОСТ: Здробете и измешајте семе од saussurea и од поточарка во еднакви количини. Земете една лажичка од таквиот прав, додајте 10 капки масло од Црно семе, една лажичка мед и испијте ја смесата откако ќе ја измешате во чаша млеко.
УГОЕНОСТ: Ставете сок од 3 лимона во чаша вода, додајте 10 капки масло од Црно семе и пијте три пати дневно. Стекнете навика да не јадете ништо помеѓу главните оброци и секогаш обидувајте се ја да јадете помалку од вашиот апетит. (Пациентите со заболени бубрези не треба да се повргнуваат на овој третман.)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ауууу.....ова стана ТОП - ШОП! Уште и број за нарачка да оставеше, како и гратис точак за првите 5 што ќе се јават!:pos::pos::pos:
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Правиш добар заклучок: лукавиот има силна вмешаност во сите религии, дури и во христијанството!

--- надополнето ---



Точно.

--- надополнето ---



Сигурноста е тенка, но постои:
- сигурноста е Црквата,
- сигурноста е личниот духовен опит,
- сигурноста е, во најлош случај, здраворазумноста. Дури и здраворазумните не сакаат да бидат излажани, па нека повелат, нека ја одвојат лагата од вистината.
Проблемот е во тоа што ако постои здраворазумност постои и нездраворазумност.
Умот има тенденција(улогата му е таа да не речам) за дихотомија.
Надвор од сигурни докази и трансцендентална свест ќе се врзува за едното или за другото(под разни влијанија, најчесто страв).
Оваа состојба се вика верување/неверување или заспаност со поубави зборови..........(играње на игри).
Реалноста од друга страна-јавето не зависи од здраворазумност и нездраворазумност.
За да живееш буден треба да си над умот.
Кај има дуалност таму се јавува умот, само што сите дуалности во коренот се едно.
Логика или дијалектика, изборот е твој...мото за парламентарниве избори :)
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Mozebi cudno ke vi zvuci,no prasanjeto moze normalno da se postavi. Kako paracetamolot od pamtivek da postoi. Ako vi kaze nekoj deka denes medicinata e samo biznis i budala ke napravite na nekogo. A ako veruvas vo Kur'anot,ako si ubeden vo nego deka e Bozja kniga,slobodno,jas garantiram,samo Fatiha izuci namesto paracetamol,avtomatski ke ti pomine. No,samo ako veruvas vo nego,ako ne.... nema nisto od toa.
Би можел ли ако сакаш да ми препорачаш некој хадис за болки во колената.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да не одиме премногу оф-топик, ептен чурук е работава, ами зошто тогаш и муслиманите заболуваат од сите овие болештини а имам видено и како купуваат парацетамол :nesvest:...зголемена температура не видов во листата...hells bells...

. а иначе единствен човек кој го има лекот за рак на светот знаеш дека е Шејх Зиндани, тврди дека го нашол во Хадисите..? побарај по википедија ќе видиш...
Не е фер да го чува како тајна, колку правоверни имаат мака со таа гадна болештина...ај за другите мање-више...

“Чурукотот содржи во себе лек за секоја болест, освен за смртта.“(Бухари)
Растението се користело и пред Објавата, па Пејгамберот веројатно знаел за корисното дејство поради тоа што екстрактите од семето биле користени со стотици години пред тоа.
Значи и да бил и да не бил хадисот рајата по светот ќе го користела семето...како што и го користеле пред да биде напишан хадисот...
И далеку од е лек за сите наведени болештини иако има голем потенцијал преку екстракција на некои супстанци кои се содржат во семето.
А каде се туберколоза, маларија, алцхајмер, чума, колера, грип, кардиоваскуларни заболувања...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
НАУКАТА НЕ ЗНАЕ СЕ'!

Имаш 45 години и 7500 постови на форумов. Се правиш дека си полн со разбирање и дека си внимателен, толерантен човек. ...и си дозволуваш да изнапишеш вакви глупости! Во афект ли си? Што си?

Никој овде, на овој форум, НИКОГАШ не рекол дека науката знае се'!

Науката НЕ Е ТВРДОГЛАВА МАЗГА. Науката НЕМА лик, НЕМА авторитет кој би можел да биде СУЕТЕН или ЉУБОМОРЕН! Боље зауздај ги ЛИЧНИТЕ ПРОЕКЦИИ кога пенавиш против науката, пошто напаѓаш ентитет кој НЕ ПОСТОИ!!! Науката не е твојот антропоморфен Јахве, па да можеш да и припшишуваш човечки особини.

Науката е само ПОТВРДЕНОТО ТЕЛО НА ЗНАЕЊЕ НА ЧОВЕШТВОТО - тоа не е комплетно, ниту било кога ќе биде!!!

И, не, не беше така: НЕ СЕ ДОКАЖУВА САМО ТОА ШТО СЕ ГЛЕДА!!! Се докажува само тоа што ПОСТОИ! Јахве НЕ ПОСТОИ и ТОКМУ ЗАТОА не може да се докаже.

Се надевам дека ова внимателно ќе го прочиташ и разбереш, за да во иднина не ти се испушти вакво едно ЛАЖНО тврдење, како твоето, цитирано погоре.
ццц, пак некој те налутил па маваш штогоде по тастатура?
Ај ти докажи сезнаен јунаку што се дешава со човековото тело во случајот со "човекот батерија"? Не знаеш? а знаеш дека не постои феномен воскреснување, ниту некоја виша сила која различно се нарекува во различни вери, ечиш отаде Кожув со големи букви да се докаже Јахве, Господ, Алах, ангелите...да, прилично не-инфантилни размислувања за 37 годишен интелектуалец.

Башка не очекувај ништо повеќе од прост и неписмен човек...а ја сум у таа група
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
ццц, пак некој те налутил па маваш штогоде по тастатура?
Ај ти докажи сезнаен јунаку што се дешава со човековото тело во случајот со "човекот батерија"? Не знаеш? а знаеш дека не постои феномен воскреснување, ниту некоја виша сила која различно се нарекува во различни вери, ечиш отаде Кожув со големи букви да се докаже Јахве, Господ, Алах, ангелите...да, прилично не-инфантилни размислувања за 37 годишен интелектуалец.
Мојата немоќ да го објаснам електричниот феномен на BatteryBoy од Јосифово НИКАКО не е потврда за Јахве, ниту некаков аргумент против научниот метод или заслугата на науката за комоцијата во светот која ја уживаш, а негираш.

Феномен „воскреснување“, особено во варијантата на христијанството е ИСКЛУЧИТЕЛЕН настан, никогаш претходно и никогаш подоцна случен, ОД НИКОГО документиран на БИЛО КАКОВ начин. За ИСКЛУЧИТЕЛНИ настани се потребни ИСКЛУЧИТЕЛНИ докази. За овој настан нема НИКАКВИ докази.

Феноменот на воскреснувањето на Исус е запишан децении, ако не и стотици години подоцна, од прераскажувани и менувани приказни низ генерации луѓе. Од целата калакурница на приказни, некои световни, некои тотално митски, со одлука на собор на ЛУЃЕ со слични, но и различни мотиви, очекувања и намери СО ГЛАСАЊЕ е одлучено кои книги и ВО КАКВА ФОРМА ќе бидат вклучени во Светото Писмо.

Феноменот не е веродостоен. Тоа е митски архетип кој постои во сите религии. Тоа е паганскиот мит за регенерацијата. Ништо посебно - ништо необично. Природата секоја зима умира и секоја пролет се враќа во живот и ги „спасува“ луѓето од смртта.

Колку што се останатите воскреснувања на богови можнии - толку е и на Исус. Нели?
 

JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
Имам јас едно прашање:

Дали кога ќе се докаже дека има живот надвор од Земјата би прифатиле конечно дека "Светите Книги" се збирка раскази од типот на Браќата Грим и Марко Цепенков или само ќе речат сите цркви дека и тие се деца господови и пак ќе продолжиме со истиве расправии исполнети со анегдоти и "цитати" од некои ЛЕГЕНДАРНИ измамници и мотиватори на масите како Павле, Јован, Мојсеј, Исус и Мухамед.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Имам јас едно прашање:

Дали кога ќе се докаже дека има живот надвор од Земјата би прифатиле конечно дека "Светите Книги" се збирка раскази од типот на Браќата Грим и Марко Цепенков или само ќе речат сите цркви дека и тие се деца господови и пак ќе продолжиме со истиве расправии исполнети со анегдоти и "цитати" од некои ЛЕГЕНДАРНИ измамници и мотиватори на масите како Павле, Јован, Мојсеј, Исус и Мухамед.

Da, kje gi prifatime kako takvi. A ti kje gi prifatis li kako sveti i vistiniti dodeka ne se dokaze toa sto go lupna?
 

JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
Не... Според мене се докажани како несвети и невистинити многу одамна :) и идеата во книгите ми изгледа како скроз промашена и застарена. И ова што го "lupnaf" не е ни близу фантастично како станување на 3 дена мртов човек.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не... Според мене се докажани како несвети и невистинити многу одамна :) и идеата во книгите ми изгледа како скроз промашена и застарена. И ова што го "lupnaf" не е ни близу фантастично како станување на 3 дена мртов човек.
Stom se spored tebe dokazani kako nesveti i nevistiniti, togas i site ostanati kje go prifatat toa.
 

JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
Во некој совршен свет :), а тоа е неизбежно само треба многу многу време, еве 2000+ години покасно никој веќе не верува во боговите од олимп, асгард и тие римските, не знам кај живеат најверојатно некаде на небото. А секогаш ќе постои размислувањето за виша сила, без разлика дали е Јахве семоќниот, Алах семоќниот, или Јахве вонземјанинот звани Алах :) се дури имаме работи кои не можеме да ги објаснеме ќе веруваме во Бог. Најново е God-particle или Хигсов Бозон, но кога ќе го објасни некој и тоа ќе добиеме друг и друг бог. Бог постои после хоризонтот и секогаш ќе биде таму. Eternal game of hide and seek
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Во некој совршен свет :), а тоа е неизбежно само треба многу многу време, еве 2000+ години покасно никој веќе не верува во боговите од олимп, асгард и тие римските, не знам кај живеат најверојатно некаде на небото. А секогаш ќе постои размислувањето за виша сила, без разлика дали е Јахве семоќниот, Алах семоќниот, или Јахве вонземјанинот звани Алах :) се дури имаме работи кои не можеме да ги објаснеме ќе веруваме во Бог. Најново е God-particle или Хигсов Бозон, но кога ќе го објасни некој и тоа ќе добиеме друг и друг бог. Бог постои после хоризонтот и секогаш ќе биде таму. Eternal game of hide and seek
Sekako. Ja sum prijatno iznenaden kako se ova go srocci. Kje pocekame uste mnogu mnogu vreme.
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
На ова мислеше?
Da,na toa mislam.


Ако не помогне, ќе купам парацетамол од аптека...
Постои 130 и кусур години, медицината си е бизнис, фармацевтската индустрија е мафија, но прашањето на верата може да се примени и на парацетамолот...
Зошто делува и на муслимани и на христијани и на евреи и на атеисти и на слуги на лукавиот и на членови на Аум-шинрикјо?
Зошто парацетамолот не го условува чедото Божје да верува во него (во апчето) а сепак помага и со тоа шири милосрдие без да бара ништо за возврат, безусловно шири добрина?
Kako popot koga od odzata baral amajlija,kako od dukanot bi izbegale gluvcite.Odzata mu napisal amajlija i mu rekol: Eve,ama,zemisi i eden macor,za sekoj slucaj :)
Kolku sto te svativ od dosegasnite postovi,tuka i vo metafizika... bi treblo da znaete za Alternativnata medicina i za red drugi raboti. Gi sledite licnostite od tipot na David Icke,pa mislev deka znaete kolkava e stetata na konzumiranje tabeti i raznorazni sirupi i vakcini i mnogu drugi raboti koi gi koristi medicinata.
Pa neli Bog pod ednakvo za site koi gi nabroi dozd od neboto spusta,sonceto site pod ednakvo ne gree... pa da ne ti gi nabrojuvam blagodetite koi bezuslovno gi uzivame dadeni od Boga. Trebali da se zboruva za stetata na tabletite ? Tabletata edno ti smiruva drugo ti oboluva,kako non-stop bi ostanal na tableti. A lekot koj Bog go dava vo prirodata,bezuslovno go dava za sekoj INSAN na zemjata. Ucenje na Kur'an ne sekogas i ne za se (mozebi deluva),megjutoa,vo Istiot toj Kur'an lekot ke go pronajdete i vo zamena na paracetamolot (vo koj koj znae kakvi se' hemikalii i vrsti na droga ima). Pa,site bolesti prosireni se blagodarejki mu na ovaa medicina denes ! Ne sme protiv medicinata,bidejki ke slusnete na druga tema deka Islamot od davnina so medicina se bavi pa ke recete deka sme kontradiktorni.I sekogas pogresno svakate.... Postoi cela kniga,Medicina Allahovog poslanika. Mi ja spomna eden doktor vo slovenija. Lekot e vo prirodata za sekoja bolest (osven za starost i smrt-ako moze bolesti da se narecat).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom