А ти на која христијанска деноминација припаѓаш?
Бидејќи гледам сомнежот те копка, се вовлекол во твојата глава и не сака да излезе од таму. Тоа е искушение како она кога рогатиот го искушуваше Исуса со слава и моќ земска и световна на кое Тој успеа да се одолее и да ни покаже со пример како треба да се победи зерзевуло...
За да си верник/религиозен не ти требаат никакви докази, ако ти пишува дека мртовците шетале низ Ерусалим - нема што ти да сметаш колку е веројатно тоа или не е, ако ти пишува во Писмото дека змијата зборувала, нема што ти да гуглаш, читаш книги или слушаш некого, твое е само да веруваш во Неговиот збор и Законот и сето тоа да го исполниш како начин за спасение и живот вечен на твојата душа во рајот, секако не заборавајќи да го прифатиш Синот човечки за свој спасител, а доколку си грешел по било која основа од она што е наведено во Писмото да се покаеш дури е време...пример ако си имал секс пред или вон брак, си вршел самоблудствие или си работел во Сабота...покајанието е единствен пат...бидејќи времето е блиску...
Изгледа не си ја знаеш својата религија, чунки лукави постови читам од тебе...а лукавоста знаеш кој ја донесе на светов...
Дали математички е можно Анубис да имал песја глава и чоечко тело...