Историски гледано, философите (мудрољубците...) не го отфрлаа Божјото постоење, туку самите ја застапуваа идејата за Бога. Но, човековата ограниченост не дозволува да Го спознаеме Бога онакок каков Е Он, па затоа историските философи не отидоа „подалеку„ освен разумниот заклучок дека створеното има свој Створител. Пресвртот настана кога Бог се симна на Земјава и самиот ни се објави. Така, од идеја за Бога, дел од човековиот род стана очевидец Божји, па затоа философските идеи за Бога станаа реалност. Денес нема(ме) потреба од философско мудрување за Бога, туку ја имаме објавата Божја кон и до нас. Бог не е онаков како философите или идолопоклониците Го замислуваа(т), туку Бог Е онаков како Он нам ни се објави. Така, милоста Божја не не остави сирачиња па цел живот да „набадаме„ кој и каков Е Бог, туку Он ни се прикажа во дел од Неговата природа, онолку колку Он сака да ни се објави и онолку колку нам ни е доволно да Го спознаеме, з за наше спасение.