Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Ај размисли ако си ти владетел и деспот, дали ќе сакаш поданици кој живеат како што ги опиша нехристијаните, или ќе сакаш поданици кој го вртат и другиот образ ако ги удриш, кој го сакаат непријателот, кој секоја власт ја сметаат за од бога дадена, кој мислат дека да бидеш беден и понизен е доблест, кој не сакаат материјални добра......?Разгледувајќи информации за Св. Павле и Коринт, Македонија...ме заинтересира нешто во врска со ширењето и прифаќањето на христијанството.
Како е можно и покрај големите колежи врз првите христијански заедници, нивните измачувања, терања во ропство, во борба со лавовите и одземање на имотот...како е можно истото да се ширело и луѓе да го прифаќале како добра религија.
Доколку многубоштвото како и начинот на живот му биле склони на "животинската страна" во човекот (богови на плодност, пожуда, вино, безгранични оргиии, т.н. баханалии-дионизии, педофилија, хомосексуалност,...) ...без стеги, норми и правила според христијанските (најголем дел и денешните световни) норми....зошто се повеќе го прифаќале христијанството наместо дотогашниот начин на живот?
За да биде појасно -ако можам да праам што сакам, ако живеам без да ме прогонуваат, камшикуваат и убиваат... што мене ќе ме натера да го напуштам тој живот и да прифатам грубо кажано "некоеси движење" кое имало строги правила и закони, еден бог, измачување и прогонство во име на тоа движење???
од денешен аспект е малку тешко да се прифати вербата која ја имале тие луѓе. Дали официјално од христијанството има некакво толкување за овие настани и движења?
Што мислиш кој поданици се идеални за еден деспот?
Мислиш дека римската империја го прифатила христијанството затоа што била добра и милозлива империја? Или пак поради политичка одлука затоа што сватиле дека оваа религија е одлично средство за манипулација и држење на поданиците покорни и понизни?