Епа порано немало школо, немало ништо и немале родителите што да им прават на децата дома, виделе дека п`ркнале малку (цицки, газ и сл.) си рекле а оваа голема е више, зрела ај ќе ја мажиме, па затоа ги мажеле млади. И тие после на млади години раѓале, гледале деца, работале на ниви и сл. Немале што да учат, па учеле гледање деца. Немале абортуси па не абортирале. Уствари имале со тревки и чаеви и што знам што, ама заш да абортираат кога немаат што друго да прават ако не гледаат деца?
Плус тоа мажени биле и после тоа се знае дека деца следуваат.
Сега се други времиња и не можете да споредувате некои баби кој имале 15 години со сегашниве 15-годишни девојчиња (кои не се мажени!).
Времево оди напред, не назад, затоа не гледајте што се правело порано, туку гледајте што ќе правите допрва. Луѓето сега гледаат да си го проживеат животот пред да се мажат/женат, а под тоа спаѓа испробување на триста работи, како секс, цигари, дрога и што ти ја знам.
И сега ако некоја девојка остане на 15 години трудна заш да не абортира ако не сака дете? Зашто да не си го проживее животот? Вака ако го роди ќе треба да си ускрати многу работи, како школување, шетање и сл. Не велам дека не може да продолжи да се школува или шета, може ама малку потешко со дете во рака. Секако нема сама да го гледа, ближните ќе и пружаат помош, ама сепак не е тоа тоа.