Тоа е она по што Бог се разликува од човекот. Ти се обидуваш да го разбереш кој е Бог, што може Бог и како тоа е можно. Ако си способен да тоа го разбереш тогаш твоите умствени квалитети ќе бидат на рамниште на Бог и ќе бидеш паметен како Бог. Но дали човек може да биде паметен колку што е Бог? И колку и како да се објаснува останува тајна: КОЈ Е БОГ или ШТО Е БОГ.
Она што го знаеме за Бога, тоа е од Бог објавено, бидејќи никој никогаш не го видел Бога, освен Единородниот Син Божји, кој дојде на Земјата за да го објави Името Божје и секој кој ќе поверува во ова Евангелие има можност да се спаси од вечната пропаст.
А истото прашање ќе ти го поставам на тебе во форумот за Прашања до муслиманите, прашањето ќе биде: Зошто Аллах го избрал Аврам за да создаде народ, еврејскиот народ, и во тој народ да објави многу книги? Ете, по ваше тој народ не го следел Аллах, но апсолутно е вистина дека Аллах дал многу книги преку пророците на тој народ. И второто прашање е: Како изгледа Аллах? Дали има пол, дали е маж, дали има тело или е дух, како изгледа неговиот Рај, каков е неговиот престол, со што е облечен?
Ти изгледа сето ова паметно и логично и можеш ли да одговориш и да ми го објасниш Аллах и како тој размислува? Можел ли да го сватиш што е Аллах?
Само без глупости.