Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа е она по што Бог се разликува од човекот. Ти се обидуваш да го разбереш кој е Бог, што може Бог и како тоа е можно. Ако си способен да тоа го разбереш тогаш твоите умствени квалитети ќе бидат на рамниште на Бог и ќе бидеш паметен како Бог. Но дали човек може да биде паметен колку што е Бог? И колку и како да се објаснува останува тајна: КОЈ Е БОГ или ШТО Е БОГ.
Она што го знаеме за Бога, тоа е од Бог објавено, бидејќи никој никогаш не го видел Бога, освен Единородниот Син Божји, кој дојде на Земјата за да го објави Името Божје и секој кој ќе поверува во ова Евангелие има можност да се спаси од вечната пропаст.
А истото прашање ќе ти го поставам на тебе во форумот за Прашања до муслиманите, прашањето ќе биде: Зошто Аллах го избрал Аврам за да создаде народ, еврејскиот народ, и во тој народ да објави многу книги? Ете, по ваше тој народ не го следел Аллах, но апсолутно е вистина дека Аллах дал многу книги преку пророците на тој народ. И второто прашање е: Како изгледа Аллах? Дали има пол, дали е маж, дали има тело или е дух, како изгледа неговиот Рај, каков е неговиот престол, со што е облечен?
Ти изгледа сето ова паметно и логично и можеш ли да одговориш и да ми го објасниш Аллах и како тој размислува? Можел ли да го сватиш што е Аллах?
Само без глупости.
Pa tuka e problemot toa sto znaeme za Bog e deka kolku religii tolku tolkuvanja za Bog znaci Bog razlicno se objavil na tolku mnogu religii
 
Не, потписот точно одговара на Троичноста Божја. Рускиот ренесансен сликар Андреј Рубљов ја има изработено иконата на која Троединиот Бог е прикажан преку 3 ангели, од кои секој го изобразува едниот од трите ликови Божји: Отецот, Синот и Светиот Дух...

Те молам, кога ќе најдеш време кажи ми кој од овие три е Јахве, кој е Исус, а кој е светиот дух.

Не, Бог се објави преку ангелите, што значи, Бог не се поистовети со ангелите. Творецот не се поистоветува со Неговите творенија. Бог не земал други форми, туку се објавил преку ангелите...Божјата природа не е пренослива ниту видлива, туку таа природа е екслузивитет Божји.

Сеа, Мики, ова се ангели или се трите аспекти на господ? Носат овие тројцава глас или тоа се едниот овој, другиот оној, третиот... како што ренесансниот сликар ги претставил? Не те разбирам, пошто нешто што би требало да е многу едноставно, се чини многу комплицирано за објаснување. Се или не се?

Ми се чини дека пред некое време, ги напишав битните разлики меѓу Бог и било кое друго идолатриско битие, меѓу кои го наведов и педерастичниот Зевс и неговиот „вруќ брат„ Ганимед.

„...двајцата живеат високо и гледаат одозгора, двајцата се Богови на небесата, и двајцата дискриминираат и одбираат народи/поданици, двајцата се селективни, казнуваат, но и двајцата се Љубов.“

Најкоректната споредба, додуше е онаа со Jove/Jovis/Jupiter/Yahweh. Исти лик - различен народ. Како и секогаш и сегаде на земјава. Ти текнува како си ги препеваме песните со бугариве, србиве, турциве и секој друг што прошол тука? Епа исто и со божествата.

Јахве на времето (Железно доба) си бил со поголемо друштво на богови. Религијата на кананитите си била многубошка, исто како и раниот јудеизам. Со тек на време Баал е споен со Јахве, жена му (Ашторет ли како ли се вика - на плодноста) е скроз цензурирана (а жената тотално потчинета). Со тек на време се избацени и останатите богови, иако се приметуваат низ Битие и во други делови од стариот Завет каде Јахве им се љути. Луци е soooo Hades :D
 
Те молам, кога ќе најдеш време кажи ми кој од овие три е Јахве, кој е Исус, а кој е светиот дух.

Посоченава икона лично не ми е позната, но дома имам репродукција од Рубљовата „Света Троица„, каде Отецот и Синито и Светиот Дух се изобразени како три ангели, кои имаат наметки со различна боја и токму бојата ги чини различни еден од друг, оти нивните ангелски ликови се идентични, што ја симболизира Божјата единстеност во нивната природа. Не ми е познато кој ангел кој лик Божји го изобразува, но ќе се распрашам кај образовани богослови за одговор.

--- надополнето ---

Сеа, Мики, ова се ангели или се трите аспекти на господ? Носат овие тројцава глас или тоа се едниот овој, другиот оној, третиот... како што ренесансниот сликар ги претставил? Не те разбирам, пошто нешто што би требало да е многу едноставно, се чини многу комплицирано за објаснување. Се или не се?

-Господ, во Неговтие три лика, си Е Господ, не е помешан со ангелите
- трите ангели се три ангели и не се помешани со Господ
- трите ангели, секој од нив поединечно, е глас/преставник на еден од ликовите Божји: еден ангел за Отецот, еден ангел за Синот и еден ангел за Духот Свет

Не можам поедноставно да обајснам. Едноставно, ангелите се претставници/пратеници/гласови Божји пред луѓето, како што беше средбата Авраамова со Бога. Така, Авраам гледал присуство од три патници, т.е. ангели, а преку нив Авраам, бидејќи бил праведен патријарх, Го препознал Бога, т.е. Авраам препознал дека ангелите се гласот Божји до Авраама.
 
Значи не се светото тројство. Тоа се три ангели.

Ништо.
 
„...двајцата живеат високо и гледаат одозгора, двајцата се Богови на небесата, и двајцата дискриминираат и одбираат народи/поданици, двајцата се селективни, казнуваат, но и двајцата се Љубов.“

„...Се е тоа рок-енд-рол...„-рече Џон Лорд од „Дип парпл„.

„...Се е тоа љубов...„-рече DBack.

Како можеш да го наречеш „љубов„ она кое пред Бога е одвратно? Види во Левит,. 18.22.

--- надополнето ---

Значи не се светото тројство. Тоа се три ангели.

Ништо.

Сам си праиш есап и згора на све, убеден си дека си во право. О.К., нека Ти биде по верата Твоја.
Да, тоа се три ангели, неспорно, но тие ангели се ангели, а не сам Бог, оти Бога и Неговата Божја природа никој не ја видел.
 
1. Како можеш да го наречеш „љубов„ она кое пред Бога е одвратно? Види во Левит,. 18.22.

2. Сам си праиш есап и згора на све, убеден си дека си во право. О.К., нека Ти биде по верата Твоја. Да, тоа се три ангели, неспорно, но тие ангели се ангели, а не сам Бог, оти Бога и Неговата Божја природа никој не ја видел.

1. Не нарекувам јас. Само ги споредувам во нивните сличности. Одвратното го посоли ти.

2. Не обвинувај повторно. Тоа ТИ го кажа - не јас. Тие тројцата, на ренесансниот автор, не се светото тројство. Џабе. Ништо од бизнисот.
 
1. Одвратноста кон „вруќите браќа„ е Божји став кон нив, кој (став) Црквата го прифаќа за свој став. Ѕирни во посочениот стих од книгата Левит во Стариот Завет.
2. Не постои „свето тројство„ туку „Света Троица„.
 
2. yeah, whatever...

1. Остај ти вруќите браќа. Гледај ги сличностите. Прочитај за Јов и Јупитер, па спореди ги со Јахве.
 
2. yeah, whatever...

1. Остај ти вруќите браќа. Гледај ги сличностите. Прочитај за Јов и Јупитер, па спореди ги со Јахве.

Јов е библиска личност, а Јупитер е митолошка фаца, нерелна, непостоечка, т.е. постоечка саде во умо од извесни фантазери, кои реалниот Бог Го супституираа со измислен бог-идол.

Денес, Јупитер е саде бог-идол, дел од историјата на митологиите и Јупитер нема реални следбеници.
 
ја читам само последнава страна и си викам what the fuck?! луѓе излезете надвор денот е прекрасен престанете да се замарате со религија не вреди! ако постои Бог сигурно би сакал да се прошлаете и да ве фати воздух...
 
Јов е библиска личност, а Јупитер е митолошка фаца, нерелна, непостоечка, т.е. постоечка саде во умо од извесни фантазери, кои реалниот Бог Го супституираа со измислен бог-идол.

Денес, Јупитер е саде бог-идол, дел од историјата на митологиите и Јупитер нема реални следбеници.

Денес е. И јахве е денес мит за огромен дел од човечката популација. Набрзо и за цела ;)

Како Јупитер, така и Јахве, така и сите други 5000 богови.
 
Нит Јупитер нит Зевс нит „брат му„ Ганимед ќе ми судат: ќе ми суди живиот Бог, кого Го очекуваме.

И конечно DBack, темава е насловена како „прашања за христијанството„. Имам разбирање кога некој сака нешто да дознае или поднаучи, оти за размислувања и инаетење кон христијајнството, слободно отвори соодветно насловени теми, попут „размислувања за...„ или „инаетење кон...„.

Пријатен пролетен ден. Ја морам и да поработам...
 
Ако, Мики, поработи си...
 
E toa, dur vie si rabotite i se usovrsuvate vo toa sto non stop go praite, taka i jas dur si akam glaata so knigi i mislenje poveke znam od onie koi ne se zamaraat mnogu, zatoa priznavam sekoj e dobar vo ona sto postojano go pravi, no koga nekoj vo nedostatok na iskustvo vo odredena oblast ke kaze jas vaka mislam a pritoa nema zelba da go dokaze toa svoe tvrdenje, togas se potsetuvam na onaa, koga pametta bi se prodavala sekoj ke si ja kupi svojata,ako de, veruvajte si ubavo e toa, uchinkovito, dava rezultati samo edno nesto i za mrtvite religii vernicite vikale e ova e ziviot bog, a sto e so niv, kako oni ke se spasat koi ziveele pred rista???
 
Посочи го историските записи, било кои и било чии, според кои некој го видел Зевс или Јупитер, но не како лик запишан во митолошки книги, туку како жив лик, како што е случајот со објавениот Богочовек. Дури и денес, Света Гора изобилува со врвни монаси, кои сведочат дека Го виделе и Христа и Мајката Божја и Светиот Дух, но кој „у стари„ го видел Митра, Маниту или Амон Ра?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom