Па како можеш да го поддржуваш сето тоа за иконите кога 2 Божји заповед гласи :Не прави идол или слика, на она што е на небото и земјата.
Воопшто не ми беше тешко да претпоставам дека ќе се повикаш на втората Божја Заповед па затоа и напишав дека седмиот Вселенски Собор расчисти со дилемата дали иконите се или не се предмет на идолатрија. Едноставно-не се: иконите не ја погазуваат втората Божја Заповед.
--- надополнето ---
Друго, со што ќе ја поткрепеш твојата изјава дека Исус сам се нацртал ?
Не реков дека Исус Сам Себе се нацртал, туку дека оставил отисок од својот лик/образ, врз парче тексил, а тој текстил е пратен кај тогашниот кнез Авгар Тој настан, поврзан со отисокот на ликот Христов врз текстилот, има свој празничен ден во Црквата, познат како „Неракотворен лик/образ на нашиот Господ Исис Христос„.
--- надополнето ---
Со тоа што го кажа за Марија, ти јасно кажуваш дека имате милион посредници до Бога, а самите никако не можете да се обратите кај него, не ве прифаќа.
Напротив: Христос го прифаќа секој поединец, кој сака да биде член во Црквата, оти Црквата е телото Христово, а Христос е главата на тоа тело.
--- надополнето ---
И друга работа, Марија беше човек која умре и сега веќе ја нема. Таа не може да ги слушне твоите молитви ни да ти помогне. Ако може тогаш би била нешто повеќе од човек, некакво божество.
Напротив: Мајката Божја е воскресната и сега е во близината Христова и е наша застапничка, со нејзините молтиви до Богочовекот. Богородица слуша се и гледа се, и чини чуда таму каде има побожен народ. Богордоица не е божество, туку воскреснат праведник и угодник Божји.
--- надополнето ---
За крај, тоа со славењето светци, не само да правите икони од нив туку и ги славите, ги величате, ги третирате како некои светци и тоа секој ден.
Да, тоа и јас го велам...
--- надополнето ---
А никој освен Бога знаете многу убаво не може да ви помогне.
Може: Светиите чинат чуда, со Божјо благоволение и дар.
--- надополнето ---
Никакви мртви луѓе кои сте ги прогласиле за светци, вклучувајќи ја и мајката на Исус, Марија.
Бог не е Бог на мртвите, туку Бог Е Бог на живите: кој верува во Бога, ќе има живот вечен. Божјите угодници, сега се во близината Божја, а живите во овој Свет, се надеваат на свое место оддесно од Христа.
--- надополнето ---
Заклучок : Православието нема еден Бог кој го величи, слави и на кого му се моли.
Погрешен заклучок...
--- надополнето ---
Православието има милион мртви луѓе кои добиле статус на божества.
Православието го има она кое ниедна друга вероисповест или верска заедница го немаат-а тоа се Светиите, кои се живи во Бога и живи со Бога.
--- надополнето ---
Не е паганизам, то и ја велам...
--- надополнето ---
тогаш кажи ми ти мене како поинаку би го нарекле ?
Би го нарекле: жива вера во живиот Бог, која има дела достојни за Божја награда-а тоа е животот вечен во Рајот, во Царството Небесно.