Кога ќе ја читате Библијата, читајтеа метафорички за подобро разбирање.
Баш ме интересира од каде ги „ ископа “ ТИ твоиве информации??????? Во секој случај НЕ од Библијата!!!
НЕ!!!! Не е исправно, затоа што не е ниту Христијански, па ниту Библиски!!! Во Библијата никаде не постои Божја заповед кон луѓето да постат. (ако мислиш дека постои таков стих во Библијата, цитирај го).
А тоа дека постот го има во Библијата е точно, но не како Божја заповед кон луѓето.
Тоа што Бог им рекол на Адам и Ева да не јадат од дрвото, во никој случај не е пост, затоа што дрвото или плодот на дрвото не бил мрсен. (нели вие кога постите не јадите мрсна храна, а се останато „ ждерите “ колку што ви збира желудникот?)
Велиш дека заповедта Божја значи Постење. (ова се твои зборови)
Бог дал еден куп заповеди во Библијата, кои што во никој поглед не значат пост или постење. Значи заповедта Божја преставува единствено заповед, а не пост како што ти ја претставуваш.
Каде па сега го ископа ова? Каде го изнајде ова, дека луѓето од Содом и Гомор биле спалени затоа што не постеле??? Чисти глупости!!!
Спалени беа затоа што живееја развратен живот, односно беа хомосексуалци (педери и лезбејки), општеа со животни, и ред други неморални односи кои што денес се нарекуваат - Содомија.
Сето „ бисер “ до „ бисер “ !!! Кои се тие луѓе што постеле во Содом и Гомор. Наброј некое име???
Луѓето кои живееле бого-угодно, не се нашле на самото совршенство, туку биле помилувани и избавени од тоа развратно гнездо, кое што Бог го спалил. А знаеш ли кои биле тие луѓе и колкав бил нивниот број????
Ќе завршам со твоите почетни зборови, те цитирам:
„ Е сега со ова ја зацапа цела работа, поради немање доволно информации.“
Каде ќе најдиш Библиска поткрепа или Божја заповед за Богородични пости, Петрови пости, 40-дневни Велигденски пости и ред други кои што постојат во православието и се наметнати исклучиво од православната црква?
И тоа како се измислици од црквите!!!!!!!!!!!
( а тоа дека постот треба да се практикува во животот на еден Христијанин, тоа ДА !!! Но кој пост и како треба да изгледа тој пост, тоа е друга тема!! Дали со прејадување на диетална храна или со воздржување од било каква храна и молитва??? )
Со почит, Госпел.
Госпел, се што кажав е точно. Секои човек што се воздржува да не направи грев, тој пости.
Секоја Божја заповед дадена на чоекот е постење, размисли малку. Доколку се прекрши заповедта, тоа е непостење.
Зар ако живееа луѓето во Содом и Гомор, богоисправно односно да постеа ( а постот значи не само да не јадиш мрсна храна, туку со мислата, со говорот и делата да не правиш зло) ќе ги снајдеше тоа што ги снајде?
Ти се молам прави разлика во метафориката на зборовите дадени од Библијата.
Во Библијата се кажува и за змејови кои ќе се дигнат во воздухот,ќе фрлаат оган, но дали се змејови кои се прикажани по нашите бајки или тоа се авионите и хеликоптерите во денешно време?
Значи во Библијата има многу прости работи кои ако ја процениш смислата на зборот и ќе споредиш во денешно време, ќе видиш што значела таа реченица.
Сите зборови што се во Библијата се метафорички пишани. Ако ја читаш една реченица, повторија 10 пати и послем тоа размислија и споредија во денешно време, на пример што прават луѓето а што државата а што водачите на верските религии, и ќе ти стани појасно.
Сакам да нагласам за бројот 666, што го пишува во Библијата. Се вели дека со тој број луѓето ќе бидат жигосани. А ако ја прочиташ таа реченица ќе си помислиш дека некој ќе дојди и ќе те обележи со тој број со некој печат.
Но да тргниме по следново:
Прво почнаа да ја обележуваат прехраната,производот од фабриките.
Потоа почнаа со чипови да ги обележуваат животните, а сега ако видиш почнаја да ги обележуваат луѓето со тие чипови.
Тргнувам прво од Американската војска кој секој војник во Авганистан има чип за следење.
Значи полека по полека си иде последното време на крајот од светот.
Затоа добро читајте и добро размислувајте што вели Библијата.
--- надополнето ---
Јас не реков дека постот го измислиле црквите, туку реков дека небиблиските регулативи во однос на постот ги измислиле (додале) некои цркви.
Во Библијата нема никаде да најдеш заповедан пост.
Во Библијата нема никаде да најдеш пост кој почнува во одреден датум и трае до одреден датум.
Во Библијата нема никаде да најдеш заповед дека човек мора да постои за да се причести.
Во Библијата нема никаде да најдеш дека свештеник мора да ти одобри причест. (Туку напротив, Словото Божјо вели: „човекот нека се испита себеси, и така да јаде од лебот и да пие од чашата“ (1 Коринтјаните 11:28, Библијата)
Во Библијата нема никаде да најдеш селектирање на "посна" и "непосна" храна.
Во Библијата нема никаде да најдеш дека за време на пост луѓето јаделе посни торти, посни салати, посни пити, посни гозби итн. (работи од кои што човек може и да се здебели за време на пост)
Ова се измислици на католичката и православните цркви.
Се надевам сега сме појасни. Поздрав!
Во Библијата има цели реферати за постење.
еве едно постење кои стој во Библијата:
Бог му ја дал заповедта на Адам и Ева, да јадат од секое дрво, а само да не јадат од она дрво на познанието. Зар тоа не е дадено да постат.
Но Ева го прекршила дадениот пост од Бог и му дала од плодот од забранетото дрво на Адам, па и тој пробал. И тој го прекршил постот.
Дадената Божја заповед значи постење.
Постењето не е само да не јадиш мрсна храна, туку е со размислувањето, со говорот и со делата да не правиш грев.
Сега појасно ти е? А во Библијата ти секако не можиш да најдиш кај што пишува дека треба да се пости, ама има цели реферати што се метафорички и поради твојте заслепени духовни очи, не можиш да препознаеш што е постење.
Уште од почетокот на човештвото, Бог на Човекот му дал да пости. Му дал заповед и Човекот ја прекршил таа заповед.
Читејте малку и други Православни книги, не само Библијата.