Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Е сега со ова ја зацапа цела работа, поради немање доволно информации.
Како бе црквите го наметнале постот на луѓето,Зар не е ова исправно сега што ќе го кажам:
Господ му дал на човекот да пости од почетокот на човештвото. Бог му рекол на Адам и Ева да не јадат од дрвото на познанието, зар ова не е постење? Бог му дал заповед, заповета Божја значи постење. Адам и Ева ја прекршиле заповедта односно го прекинале постењето и ги снашло тоа што ги снашло.
Зар луѓето што не постеа во градовите Содом и Гомор, беа така случајно спалени живи од Бог. Двата града беа опожарени.
Зар луѓето што постеле не се нашле на самото совршенство.
Ова го пишувам за некои луѓе да не тресат зелени за постот дека го измислиле црквите.

Јас не реков дека постот го измислиле црквите, туку реков дека небиблиските регулативи во однос на постот ги измислиле (додале) некои цркви.
Во Библијата нема никаде да најдеш заповедан пост.
Во Библијата нема никаде да најдеш пост кој почнува во одреден датум и трае до одреден датум.
Во Библијата нема никаде да најдеш заповед дека човек мора да постои за да се причести.
Во Библијата нема никаде да најдеш дека свештеник мора да ти одобри причест. (Туку напротив, Словото Божјо вели: „човекот нека се испита себеси, и така да јаде од лебот и да пие од чашата“ (1 Коринтјаните 11:28, Библијата)
Во Библијата нема никаде да најдеш селектирање на "посна" и "непосна" храна.
Во Библијата нема никаде да најдеш дека за време на пост луѓето јаделе посни торти, посни салати, посни пити, посни гозби итн. (работи од кои што човек може и да се здебели за време на пост)
Ова се измислици на католичката и православните цркви.

Се надевам сега сме појасни. Поздрав!
 
За постот:
Исаија, 58

1. Викај со сиот глас, не се воздржувај; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово, и на домот Јаковов - гревовите негови.
2. Тие секој ден Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, кои како народ, божем постапува праведно и не ги остава законите на својот Бог; сакаат од мене праведен суд, сакаат да се приближат до Бога:
3. „Зашто ние постиме, велат, а Ти не гледаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш” - Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата волја и од другите барате тешки трудови.
4. Ете, вие постите за караници и расправии и за да ги биете со рака сиромасите; вие не постите во тоа време така, што гласот ваш да биде чуен во висините.
5. Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господа?
6. Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем;
7. раздели го лебот свој со гладните, и скитниците сиромаси одведи ги во домот свој; ако видиш гол, - облечи го, и од еднокрвниот не се криј.
8. Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата правда ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те придружува.
9. Тогаш ти ќе повикаш - и Господ ќе те чуе, ќе извикаш - и Он ќе рече: „Еве Ме.” Кога ќе го отстраниш од себе јаремот, кога ќе престанеш да креваш прст и да говориш лошо,
10. кога ќе му ја дадеш на гладниот душата своја и ќе ја нахраниш душата на страдалникот, - тогаш твојата светлина ќе изгрее во темнината, и мракот твој ќе биде како пладне;
11. и Господ секогаш ќе ти биде водач, а и во време на суша ќе ја наситува душата твоја и ќе ги крепи коските твои; ти ќе бидеш како градина напоена со вода и како извор, чии води никогаш не пресушуваат.
 
Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем;
Pa bi sakal da postapuvate spored ona sto go propovedate, noo za zal osven vasite zborovi nema nikakvi dela!
 
Оној кој ова го извршува, не се фали, ниту пак се гордее со своето дело. Сепак има луѓе кои тоа го живеат.
 
[/B]Каде ќе најдиш Библиска поткрепа или Божја заповед за Богородични пости, Петрови пости, 40-дневни Велигденски пости и ред други кои што постојат во православието и се наметнати исклучиво од православната црква?

Се согласувам со Тебе: е па токму Црквата е таа која ги одреди постите, а Светото Писмо само само ја посочи потребата од пост, а на тоа посочување, се надоврзуваат црковните одлуки. За нас, кои сме во Црквата, Светото Писмо не е прирачник за влез во Рајот.

--- надополнето ---

Но кој пост и како треба да изгледа тој пост, тоа е друга тема!!

Е ајде де, научи не како и зашто пости Твојата маалска заедница „одприлеп„...
 
Кога ќе ја читате Библијата, читајтеа метафорички за подобро разбирање.

Баш ме интересира од каде ги „ ископа “ ТИ твоиве информации??????? Во секој случај НЕ од Библијата!!!

НЕ!!!! Не е исправно, затоа што не е ниту Христијански, па ниту Библиски!!! Во Библијата никаде не постои Божја заповед кон луѓето да постат. (ако мислиш дека постои таков стих во Библијата, цитирај го).
А тоа дека постот го има во Библијата е точно, но не како Божја заповед кон луѓето.

Тоа што Бог им рекол на Адам и Ева да не јадат од дрвото, во никој случај не е пост, затоа што дрвото или плодот на дрвото не бил мрсен. (нели вие кога постите не јадите мрсна храна, а се останато „ ждерите “ колку што ви збира желудникот?)

Велиш дека заповедта Божја значи Постење. (ова се твои зборови)
Бог дал еден куп заповеди во Библијата, кои што во никој поглед не значат пост или постење. Значи заповедта Божја преставува единствено заповед, а не пост како што ти ја претставуваш.

Каде па сега го ископа ова? Каде го изнајде ова, дека луѓето од Содом и Гомор биле спалени затоа што не постеле??? Чисти глупости!!!
Спалени беа затоа што живееја развратен живот, односно беа хомосексуалци (педери и лезбејки), општеа со животни, и ред други неморални односи кои што денес се нарекуваат - Содомија.

Сето „ бисер “ до „ бисер “ !!! Кои се тие луѓе што постеле во Содом и Гомор. Наброј некое име???
Луѓето кои живееле бого-угодно, не се нашле на самото совршенство, туку биле помилувани и избавени од тоа развратно гнездо, кое што Бог го спалил. А знаеш ли кои биле тие луѓе и колкав бил нивниот број????

Ќе завршам со твоите почетни зборови, те цитирам:

„ Е сега со ова ја зацапа цела работа, поради немање доволно информации.“

Каде ќе најдиш Библиска поткрепа или Божја заповед за Богородични пости, Петрови пости, 40-дневни Велигденски пости и ред други кои што постојат во православието и се наметнати исклучиво од православната црква?

И тоа како се измислици од црквите!!!!!!!!!!!

( а тоа дека постот треба да се практикува во животот на еден Христијанин, тоа ДА !!! Но кој пост и како треба да изгледа тој пост, тоа е друга тема!! Дали со прејадување на диетална храна или со воздржување од било каква храна и молитва??? )

Со почит, Госпел.

Госпел, се што кажав е точно. Секои човек што се воздржува да не направи грев, тој пости.
Секоја Божја заповед дадена на чоекот е постење, размисли малку. Доколку се прекрши заповедта, тоа е непостење.
Зар ако живееа луѓето во Содом и Гомор, богоисправно односно да постеа ( а постот значи не само да не јадиш мрсна храна, туку со мислата, со говорот и делата да не правиш зло) ќе ги снајдеше тоа што ги снајде?
Ти се молам прави разлика во метафориката на зборовите дадени од Библијата.
Во Библијата се кажува и за змејови кои ќе се дигнат во воздухот,ќе фрлаат оган, но дали се змејови кои се прикажани по нашите бајки или тоа се авионите и хеликоптерите во денешно време?
Значи во Библијата има многу прости работи кои ако ја процениш смислата на зборот и ќе споредиш во денешно време, ќе видиш што значела таа реченица.
Сите зборови што се во Библијата се метафорички пишани. Ако ја читаш една реченица, повторија 10 пати и послем тоа размислија и споредија во денешно време, на пример што прават луѓето а што државата а што водачите на верските религии, и ќе ти стани појасно.
Сакам да нагласам за бројот 666, што го пишува во Библијата. Се вели дека со тој број луѓето ќе бидат жигосани. А ако ја прочиташ таа реченица ќе си помислиш дека некој ќе дојди и ќе те обележи со тој број со некој печат.
Но да тргниме по следново:
Прво почнаа да ја обележуваат прехраната,производот од фабриките.
Потоа почнаа со чипови да ги обележуваат животните, а сега ако видиш почнаја да ги обележуваат луѓето со тие чипови.
Тргнувам прво од Американската војска кој секој војник во Авганистан има чип за следење.
Значи полека по полека си иде последното време на крајот од светот.
Затоа добро читајте и добро размислувајте што вели Библијата.

--- надополнето ---

Јас не реков дека постот го измислиле црквите, туку реков дека небиблиските регулативи во однос на постот ги измислиле (додале) некои цркви.
Во Библијата нема никаде да најдеш заповедан пост.
Во Библијата нема никаде да најдеш пост кој почнува во одреден датум и трае до одреден датум.
Во Библијата нема никаде да најдеш заповед дека човек мора да постои за да се причести.
Во Библијата нема никаде да најдеш дека свештеник мора да ти одобри причест. (Туку напротив, Словото Божјо вели: „човекот нека се испита себеси, и така да јаде од лебот и да пие од чашата“ (1 Коринтјаните 11:28, Библијата)
Во Библијата нема никаде да најдеш селектирање на "посна" и "непосна" храна.
Во Библијата нема никаде да најдеш дека за време на пост луѓето јаделе посни торти, посни салати, посни пити, посни гозби итн. (работи од кои што човек може и да се здебели за време на пост)
Ова се измислици на католичката и православните цркви.

Се надевам сега сме појасни. Поздрав!

Во Библијата има цели реферати за постење.
еве едно постење кои стој во Библијата:
Бог му ја дал заповедта на Адам и Ева, да јадат од секое дрво, а само да не јадат од она дрво на познанието. Зар тоа не е дадено да постат.
Но Ева го прекршила дадениот пост од Бог и му дала од плодот од забранетото дрво на Адам, па и тој пробал. И тој го прекршил постот.
Дадената Божја заповед значи постење.
Постењето не е само да не јадиш мрсна храна, туку е со размислувањето, со говорот и со делата да не правиш грев.
Сега појасно ти е? А во Библијата ти секако не можиш да најдиш кај што пишува дека треба да се пости, ама има цели реферати што се метафорички и поради твојте заслепени духовни очи, не можиш да препознаеш што е постење.
Уште од почетокот на човештвото, Бог на Човекот му дал да пости. Му дал заповед и Човекот ја прекршил таа заповед.
Читејте малку и други Православни книги, не само Библијата.
 
НЕ!!!! Не е исправно, затоа што не е ниту Христијански, па ниту Библиски!!! Во Библијата никаде не постои Божја заповед кон луѓето да постат. (ако мислиш дека постои таков стих во Библијата, цитирај го).
А тоа дека постот го има во Библијата е точно, но не како Божја заповед кон луѓето. [/B]( а тоа дека постот треба да се практикува во животот на еден Христијанин, тоа ДА !!! Но кој пост и како треба да изгледа тој пост, тоа е друга тема!! Дали со прејадување на диетална храна или со воздржување од било каква храна и молитва??? ) Со почит, Госпел.

Има полно места во Библијата каде се вели да избраниот народ треба да пости во пресрет на одреден празник, Пасха, Сеници итн. Во Тора ќе се најде и што треба да се прави за време на постот. Бидејќи имав постирано за постот, еве повторно ти го постирам истото. Тоа е од пророк Исаија, 58 глава. Обрати внимание на ред 5 и 6. Бог зборува во прво лице еднина. Не е Бог рече, туку Јас реков.

За постот:
Исаија, 58

1. Викај со сиот глас, не се воздржувај; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово, и на домот Јаковов - гревовите негови.
2. Тие секој ден Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, кои како народ, божем постапува праведно и не ги остава законите на својот Бог; сакаат од мене праведен суд, сакаат да се приближат до Бога:
3. „Зашто ние постиме, велат, а Ти не гледаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш” - Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата волја и од другите барате тешки трудови.
4. Ете, вие постите за караници и расправии и за да ги биете со рака сиромасите; вие не постите во тоа време така, што гласот ваш да биде чуен во висините.
5. Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господа?
6. Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем;
7. раздели го лебот свој со гладните, и скитниците сиромаси одведи ги во домот свој; ако видиш гол, - облечи го, и од еднокрвниот не се криј.
8. Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата правда ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те придружува.
9. Тогаш ти ќе повикаш - и Господ ќе те чуе, ќе извикаш - и Он ќе рече: „Еве Ме.” Кога ќе го отстраниш од себе јаремот, кога ќе престанеш да креваш прст и да говориш лошо,
10. кога ќе му ја дадеш на гладниот душата своја и ќе ја нахраниш душата на страдалникот, - тогаш твојата светлина ќе изгрее во темнината, и мракот твој ќе биде како пладне;
11. и Господ секогаш ќе ти биде водач, а и во време на суша ќе ја наситува душата твоја и ќе ги крепи коските твои; ти ќе бидеш како градина напоена со вода и како извор, чии води никогаш не пресушуваат.

--- надополнето ---

Во Библијата има цели реферати за постење.
еве едно постење кои стој во Библијата:
Бог му ја дал заповедта на Адам и Ева, да јадат од секое дрво, а само да не јадат од она дрво на познанието. Зар тоа не е дадено да постат.
Но Ева го прекршила дадениот пост од Бог и му дала од плодот од забранетото дрво на Адам, па и тој пробал. И тој го прекршил постот.
Дадената Божја заповед значи постење.
Постењето не е само да не јадиш мрсна храна, туку е со размислувањето, со говорот и со делата да не правиш грев.
Сега појасно ти е? А во Библијата ти секако не можиш да најдиш кај што пишува дека треба да се пости, ама има цели реферати што се метафорички и поради твојте заслепени духовни очи, не можиш да препознаеш што е постење.
Уште од почетокот на човештвото, Бог на Човекот му дал да пости. Му дал заповед и Човекот ја прекршил таа заповед.
Читејте малку и други Православни книги, не само Библијата.

Ацка, одгворот се однесува на она што е болд.

1,- Примерот што го даваш за пост ти е глупост. Тоа е заповед за послушност, не е заповед за пост. Од што требаше Адам и Ева да постат? Постот трае одредено време. Како што го даваш примерот, произлегува дека Адам и Ева одредено време имале право да пробат од плодовите на дрвото, а потоа добиле наредба за забрана, која всушност била пост, апстиненција да не јадат од тоа дрво. Аце, тотално промаши. Не се прикачувај на тоа твое толкување, ЗАТОА ШТО Е ТОТАЛНО ПРОМАШЕНО И НЕТОЧНО.

2,- Точно е тоа дека човек треба да почитува друг човек, да не го омаловажува, исмејува, понижува. Но тоа не е пост. Тоа е култура и начин на живеење. Христијанинот на оваа клтура и дава плус христијанство, издигајќи го другиот на висина рамна на својата. „Сакај го својот ближен, како што се сакаш самиот себе си“

3,- Ако под пост се подразбира припрема за празник, и таа припрема се остварува телесно преку апстиненција на храна и други работи и духовно преку зголемена молитва, набожности и друго, и преку вршење на поголем број милосрдни дела, овде нема место дека почитувањето на другата личност спаѓа во пост.
 
1,- Примерот што го даваш за пост ти е глупост. Тоа е заповед за послушност, не е заповед за пост.

Во православната Црква, поимот „пост„ значи „старажење„, т.е. зголемено внимание врз личното вкупно однесување. Постот може да биде и телесен, кој трае одреден број денови, но и духовен, кој е траен пост, преку целата година. Така, постењето не значи само воздржување од мрсна храна, туку значи и целосна самоконтролна во три основи: пост на мисла, пост на збор и пост на дело.

Тоа што во твојата Црква нешто е поинаку уредено, тоа е Ваш избор, кој, ако е поинаков од другите, не значи дека нечиј начин на постење е глупост оти е поинаков од Вашиот. Ако Светите Оци велат дека Бог им одредил на Адам и Ева забрана за јадење од одредено дрво и таа забрана Оците ја категоризираат како пост, тогаш за нас, тоа е пост/воздржување, одреден од Бога до првите луѓе.
 
Во Христовата Црква поимот „пост“ значи гладување, нејадење. Тоа е изворното староеврејско значење на зборот „пост“. Затоа е контрадикторно да се бараат „посни рецепти“ за време на христијански пост.

Во Библијата постот не претставува селектирање на храна и уживање во посните гозби (при што некои дури и се здебелуваат за време на пост), туку значи нејадење т.е. гладување.
Како доказ за горенаведените аргументи, ќе ги наведам следниве цитати од библијата каде што можеме да видиме како постеле Божјите луѓе во неа.

" И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне"
(Матеј 4:2)

Значи тука изричито е кажано дека Исус постел. А како постел т.е. дали постел со јадење на посни торти, посни погачи, посни колачи, посни салати итн. или пак постел со нејадење можеме да видиме од извештајот на евангелистот Лука...

"А во тие денови не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне."
(Лука 4:2)

Друг пример е и познатиот цар Давид, кој додека постел, исто така не јадел.

"А неговите дворјанци го прешаа: „Што правиш тоа? Додека детето беше живо, постеше и плачеше; а сега, кога детето е умрено, стануваш и јадеш!"
(2 Самоилова 12:21)

Исто така постела и познатата Естира заедно со нејзините пријалтелки...

"Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки"
(Естри 4:16)
 
Имам прашање околу Велигденскиот пост.Минатата година испостив до крај.Оваа година се надевам на истиот епилог.Меѓутоа сакам да пробам и без зејтин.Е сеа прашањето ми е дали ако почнам со зејтин после би било лошо/грев ако продолжам со постот без зејтин.Или како ке почнам така да завршам?И дали е доволно само една недела да се пости без зејтин за да се причестам во Црква.Да бидам искраен имам прашано неколу попови и сите ми дале различен одговор на тоа прашање...
Ви благодарам однапред

Во врска со причеста еве текстот на св. Јован Златоуст.

Прочитај, автентично што ти е потребно за причест, но сепак разговарај и со твојот свештеник, да не те врати од причеста.

Свети Јован Златоуст
КАКО ДА ЈА ПРИМИМЕ СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

"Знам дека многумина од вас наскоро ќе дојдат и ќе пристапат кон таа духовна трпеза. За да не биде на наша штета и осуда, а да добиеме спасение на душите, јас уште отсега ве предупредувам и искрено ве молам да се очистиме самите себе од секакво зло и тогаш да пристапиме кон светите Тајни!
Никој да не вели: јас сум покриен со чад, совеста ми е полна со гревови, носам тешко бреме од пороци, не сум достоен за таа трпеза!
Пет дена се доволни за да се очистиш од множеството гревови: ако духовно се отрезниш, ако покајно се молиш, ако си бодар од се срце. Ти не гледај на тоа што времето е кратко, туку насочи се во друго: дека Господ е милостив и човекољубив. Ниневитјаните и за три дена успеале да се ослободат од Божјиот гнев и ни најмалку не им попречила кратко-трајноста на времето да пројават усрдност, да покажат покајание, да постигнат се со помош на човекољубивиот Господ.
И блудницата кога пристапи кон Христа, за еден миг ја исчистила од себе сета нечистотија, и кога Јудејците негодувале против Христа, бидејќи и дозволил да дојде при Него и и дозволил толкава храброст, Он им ја затворил устата, а нејзе и простил и ја отпуштил.
Зошто, така? Затоа што блудницата пристапила кон Христа со срдечно расположение, со огнена душа, со вера, и се дофатила до светите нозе на Господа, расплела коси, пролеала солзи и разлеала миро. Со она што ги соблазнила Јудејците, со тоа и постигнала покајание; со она што ги возбудила погледите на страстливите, со истото пролеала обилни солзи; со тие коси, со коишто вовлекла многумина во грев, со истите таа ги истрила нозете на Господа. Со она миро, со коешто ги примамувала душите, со него таа обилно Го помажала Господа Исуса Христа. Така и ти, човеку, со она со коешто си Го прогневил Бога, со истото можеш и да Го умилостивиш. Ти си Го прогневил со кражба на пари, умилостиви Го со враќање на украденото и со благотворение од тебе, како што сторил Закхеј. Ти си Го прогневил Бога, тогаш кога си се обидел многумина да злословиш; ти пак умилостиви Го со чисти молитви, со благословување на оние кои си ги злословил и ќе им простиш на злоречивите и ќе им благодариш на тие што те сакаат. За сето тоа не е потребно многу време. Спасението не се раѓа од големината на деновите, туку од квалитетот на покајанието.
Соединувањето со светите Тајни, всушност, е примање на Царот на Царевите во својата душа, а кајшто пристапува и влегува Царот, таму треба да има чистота, срдечна љубов, длабок мир, искрена вера и преданост како од син. Тогаш и Царот е задоволен и слугата е радосен".
Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички
 
Госпел, се што кажав е точно. Секои човек што се воздржува да не направи грев, тој пости.
Секоја Божја заповед дадена на чоекот е постење, размисли малку. Доколку се прекрши заповедта, тоа е непостење.
Зар ако живееа луѓето во Содом и Гомор, богоисправно односно да постеа ( а постот значи не само да не јадиш мрсна храна, туку со мислата, со говорот и делата да не правиш зло) ќе ги снајдеше тоа што ги снајде?
Ти се молам прави разлика во метафориката на зборовите дадени од Библијата.
Во Библијата се кажува и за змејови кои ќе се дигнат во воздухот,ќе фрлаат оган, но дали се змејови кои се прикажани по нашите бајки или тоа се авионите и хеликоптерите во денешно време?
Значи во Библијата има многу прости работи кои ако ја процениш смислата на зборот и ќе споредиш во денешно време, ќе видиш што значела таа реченица.
Сите зборови што се во Библијата се метафорички пишани. Ако ја читаш една реченица, повторија 10 пати и послем тоа размислија и споредија во денешно време, на пример што прават луѓето а што државата а што водачите на верските религии, и ќе ти стани појасно.
Сакам да нагласам за бројот 666, што го пишува во Библијата. Се вели дека со тој број луѓето ќе бидат жигосани. А ако ја прочиташ таа реченица ќе си помислиш дека некој ќе дојди и ќе те обележи со тој број со некој печат.
Но да тргниме по следново:
Прво почнаа да ја обележуваат прехраната,производот од фабриките.
Потоа почнаа со чипови да ги обележуваат животните, а сега ако видиш почнаја да ги обележуваат луѓето со тие чипови.
Тргнувам прво од Американската војска кој секој војник во Авганистан има чип за следење.
Значи полека по полека си иде последното време на крајот од светот.
Затоа добро читајте и добро размислувајте што вели Библијата.

--- надополнето ---

Во Библијата има цели реферати за постење.
еве едно постење кои стој во Библијата:
Бог му ја дал заповедта на Адам и Ева, да јадат од секое дрво, а само да не јадат од она дрво на познанието. Зар тоа не е дадено да постат.
Но Ева го прекршила дадениот пост од Бог и му дала од плодот од забранетото дрво на Адам, па и тој пробал. И тој го прекршил постот.
Дадената Божја заповед значи постење.
Постењето не е само да не јадиш мрсна храна, туку е со размислувањето, со говорот и со делата да не правиш грев.
Сега појасно ти е? А во Библијата ти секако не можиш да најдиш кај што пишува дека треба да се пости, ама има цели реферати што се метафорички и поради твојте заслепени духовни очи, не можиш да препознаеш што е постење.
Уште од почетокот на човештвото, Бог на Човекот му дал да пости. Му дал заповед и Човекот ја прекршил таа заповед.
Читејте малку и други Православни книги, не само Библијата.

Абе оди „ дете “ и не треси глупости!!! Колку што јас сум го студирал „православието“ ти години немаш толку!!! Колку што јас сум прочитал „православна “ литература, ти коса толку немаш на главата.

А тоа дали треба да читаме и други православни книги, или само Библијата.....е тоа не е твоја работа. Сакајќи да докажам колку „православието“ е „право“, открив колку е КРИВО.
 
И што сега, да не сакаш орден за тоа што си го открил??? Па ако половина живот си потрошил да откриваш нешто а на крај откритието те довело до контрадикторност и згора на тоа откривањето и спознавањето што си го правел е во рамките на филозофијата - тогаш братче ЗА ЖАЛЕЊЕ СИ !
 
Се согласувам со Тебе: е па токму Црквата е таа која ги одреди постите, а Светото Писмо само само ја посочи потребата од пост, а на тоа посочување, се надоврзуваат црковните одлуки. За нас, кои сме во Црквата, Светото Писмо не е прирачник за влез во Рајот.

--- надополнето ---

Е ајде де, научи не како и зашто пости Твојата маалска заедница „одприлеп„...

Те прашав јас тебе за коментар, или барав од тебе коментар????? НЕ.

Ај тоа што се дрзнуваш да ги коментираш моите постови „ОК“, но потоа почнуваш да „ стенкаш“, за на крај да завршиш да „кењаш“.

Кога не те задевам седи си мадро на „ газето “, оти ќе те боли.
 
Па не случајно напишав како твојата маалска заедница го практикува постот (темава е „прашања за христијанството„ а не до будизмот...), а од твојов текст е очигледно дека се работе за маалско-мангупска заедница, која практикува уличен речник и која може да се крие зад фирмата „христијани„, но кога треба да прејде на збор (или не дај Боже, дело..) јасна е нејзината провиниенција... (пардон-провинција).
 
Па не случајно напишав како Твојата маалска заедница го практикува постот, а од твојов текст е очигледно дека се работе за маалско-мангупска заедница, која практикува уличен речник и која може да се крие зад фирмата „христијани„, но кога треба да прејде на збор (или не дај Боже, дело..) јасна е нејзината провиниенција... (пардон-провинција).
Како му се вика заедницата со така погани зборови на уста?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom