Лука, 16, 19-31
19. Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила, и секој ден живееше раскошно и
се веселеше.
20. Имаше исто така, и еден сиромав, по име Лазар, кој струплив лежеше пред вратата негова;
21. и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните
негови.
22. Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во крилото Авраамово; умре и богатиот и го погребаа.
23.
И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраама и Лазара во крилото негово,
24. и, откако извика, рече: »Оче Аврааме, смилуј се на мене и прати го Лазара да го накваси својот прст во вода и
да ми го разлади јазикот, оти многу страдам во овој пламен!«
25. Но Авраам рече: »Синко, сети се, дека ти си го
добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти страдаш.
26. Освен тоа,
меѓу вас и нас постои голема провалија така што оние, кои би сакале да дојдат при вас, не можат; а исто така и
оние оттаму - при нас.«
27. А тој пак рече: »Тогаш те молам, оче, прати го во татковата ми куќа,
28. зашто имам
петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!«
29. Авраам му рече: »Тие го
имаат Мојсеја и Пророците; нив нека ги слушаат!«
30. А тој рече: »Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите
отиде при нив, тогаш ќе се покајат.«
31. Авраам му рече: »Штом Мојсеја и Пророците не ги слушаат, тогаш и да
воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.«“
Еве зошто, ако некој е во Рајот, а другиот во Пеколот, не можат да дојдат еден при друг.
--- надополнето ---
Дали Клау фон штауфенберг ќе гори во пеколот, не е моја работа, ниту пак за тоа јас се прашувам.
За првиот дел, каде велиш дека валста е дар Божји, но за тоа дали е добра или лоша никаде не пишувало. Еве ти еден мал цитат, само едно мао делче, од Книгата Мудрост Соломонова, каде Бог објаува на царевите (владателите, претседателите) каква власт бара од нив:
6. Должност на секој цар е да копнее по мудрост.
1. Затоа, слушајте цареви и разберете, поучете се судии
од краиштата на ѕемјата.
2. Внимавајте вие што владеете со множествата и кои се фалите пред народите!
3.
Господ е Оној, Кој ви ја подари власта; силата е од Севишниот, Он ги иследува вашите дела и ги испитува вашите
намери.
*Мудр.Сир.17,14; *1.Петр.2,13; *Рим.13,1; *Тит 3,1;
4. Иако бевте служители на Неговото царство, не
судевте право, не го држевте законот и не постапувавте според Божјите ѕаповеди.
*Рим.13,4;
5. Он ќе ви се
јави страшно и набргу, а строг е судот над управниците;
*Иса.2,17;
6. зашто малиот заслужува милост, а
силните ќе бидат силно измачувани.
*Мат.1,41;
7. Господ е над сите и од никого нема да се уплаши; Он не се
плаши од никаква величина, Он соѕдал и мало и големо, за сите подеднакво промислува.
8. Управниците ги
очекува строга истрага.
9. И така, цареви, моите зборови се упатени кон вас, за да се научите на мудрост и да не
паѓате.
10. Зашто оние кои ги осветивте, и самите ќе се исветат, а кои се поучени во тоа - ќе најдат оправдание.
11. Затоа копнејте по моите зборови, засакајте ги и поучете се со нив.