Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Ако пишува да не принесуваат жртва, не значи дека ги мрази или пак "не ги мириса".
Цитативе не имплицираат омраза. Се служиш со своеволно толкување.
Ако државата издаде соопштение во кое се повикуваат родителите на болните деца да не ги пуштаат на школо и в градинка. Не значи дека државата ги мрази или пак не ги мириса овие, туку за тоа има друга причина.
Кога во автобус пишува не зборувај со возачот тоа не е затоа што е тој мизантроп, туку си има друга причина.
Прилично своеволно толкување во двата случаја би било кога некој би помислил дека државата е мразител на болните, а возачот мизантроп.

На крајот на краиштата не сметам дека е релевантно твоето (како атеист) толкување на светите книги, секако од вернички аспект. Но ова е форум и секој си има право на мислење.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ако пишува да не принесуваат жртва, не значи дека ги мрази или пак "не ги мириса".
***
Но ова е форум и секој си има право на мислење.
Јахве јасно вика. Што има да се толкува. Ова е јасна наредба!
Крив, болен, без прст, ... ама слеп?!?! Што е со слепиов? Зашто да не може да му принесе храна на богот свој?!?!

На крајот и јасно потврдува уште еднаш, да не се заборави и објаснува зошто: ...ниту да му пристапува на жртвеникот, зашто има недостаток. Нека не ги обесветува Моите светилишта, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’”

Јахве се гнаси - му ја валкаат светијата... како ли се вика.

Не ти смета ова?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
Јахве јасно вика. Што има да се толкува. Ова е јасна наредба!
Крив, болен, без прст, ... ама слеп?!?! Што е со слепиов? Зашто да не може да му принесе храна на богот свој?!?!

На крајот и јасно потврдува уште еднаш, да не се заборави и објаснува зошто: ...ниту да му пристапува на жртвеникот, зашто има недостаток. Нека не ги обесветува Моите светилишта, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’”

Јахве се гнаси - му ја валкаат светијата... како ли се вика.

Не ти смета ова?
Не. Тоа си е твое толкување на текстот, кое нема никаква логика.
Не е проблем било кој текст од било која област вака да си го толкуваш, ќе можеш да му дадеш било какво значење.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
...Оваа Црква е настаната од Владиката Матеј кој станал светител во неговиот живот.
Лежел 15 години затвор зошто Државата Грција воведила закон сите цркви да служат по новокалендарски систем ( по грегоријански календар), а овај владика ракоположил свештеници и се одвоил од официјалната Грчка Православна Црква која го прифатила грегоријанскиот календар.
На некоја служба држејќи литургија, Владиката Св. Матеј станал за полицијата невидлив одкако се дала наредба за негово апсење. Верниците можеле да го видат но полицијата не можела, и така повторно не го уапсила.
Во 1924 година, држејќи литургија по јулиански календар, на ден Крстовден, се издала повторно наредба да го уапсат.
НО вечерта како што била службата дошле 500 полицајци и го опкружиле народот кој биле 2000 луѓе.
Откако чекале луѓето да си заминат за да го уапсат, ВО НЕБОТО НАД ЦРКВАТА СЕ ПОЈАВИЛ ЧЕСНИОТ КРСТ КОЈ НОЌТА ОКОЛУ ЦРКВАТА И САМАТА ЦРКВА СЕ ОСВЕТЛИЛА И НАСТАНАЛ ДЕН.
ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПАДНАЛЕ НА КОЛЕНА И СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД НАМЕРАТА ДА ГО УАПСАТ.
200 полицајци се откажале од нивната служба и се замонашиле.

Ете ви кажав која е оваа Црква во која одам јас.
Интересна работа! Велиш лежел 15 години во затвор, а ваму бил невидлив за полицијата и полицијата не можела да го уапси?

Контрадикторно!!!!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не. Тоа си е твое толкување на текстот, кое нема никаква логика.
Не е проблем било кој текст од било која област вака да си го толкуваш, ќе можеш да му дадеш било какво значење.
Пишуваш невистини. Ајде, те молам, овој текст протолкувај го така:
„Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои во текот на денот ќе престануваат. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, на места засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од два до 10 степени Целзиусови, а во Скопје и околината осум степени.“

Од текстот е сосем јасно, во повеќе наврати, дека Јахве не сака да ги гледа во храмовите!!! Кажува и зошто. А ти, освен што мене ме напаѓаш, за цитатот не аргументираш ништо.

Господ тука пишува дека не сака да ги гледа слепите и нагрдените. ЗОШТО?
 
Првото толкување ти беше дека ги мрази, потоа се појави со: не ги мириса, а сега си на - не сака да ги гледа во храмовите. Се движиш во вистинска насока, продолжи така.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Првото толкување ти беше дека ги мрази, потоа се појави со: не ги мириса, а сега си на - не сака да ги гледа во храмовите. Се движиш во вистинска насока, продолжи така.
За мене, друже, „мрзи“, „неќе да ги гледа“ и „се гнаси од“ се манифестација на иста комбинација на емоции - презир и гадење.
Тоа господ вика за своите сакати чеда.

Колку сакаш можеш да матиш, буквите и зборовите се таму.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
115
Поени од реакции
2
Интересна работа! Велиш лежел 15 години во затвор, а ваму бил невидлив за полицијата и полицијата не можела да го уапси?

Контрадикторно!!!!
Лежел затвор зошто неќел да го потпиши договорот што му го наметнувала државата за да служи по грегоријански календар, а потоа кога ја изградил Црквата и се одвоил од Официјалната, за еден налог што се издало за да го уапсат станал невидлив во моментот кога пошле полицајците да го уапсат.
А не реков дека цело време за полицијата дека бил невидлив.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Лежел затвор зошто неќел да го потпиши договорот што му го наметнувала државата за да служи по грегоријански календар, а потоа кога ја изградил Црквата и се одвоил од Официјалната, за еден налог што се издало за да го уапсат станал невидлив во моментот кога пошле полицајците да го уапсат.
А не реков дека цело време за полицијата дека бил невидлив.

Ме интересира зошто толку голема улога му придавате на календарот? Бог никаде не ни заповеда дека мора да се користи (држи) овај-или онај календар. Во времето додека Исус беше на земјата, се користеше Еврејскиот календар кој што има 360 дена.
Зошто толку големи полемики околу календарот, кога на Бога му е поважна верата во него, отколку календарите и формите, на кои луѓето повеќе им даваат значење, иако тоа Бог никаде не го заповедал.

Луѓето повеќе ги интересираат формите, па затоа истите си остануваат Формалисти, отколку духовното, за да бидат Духовни.
 
Јулианскиот календар е формиран пред 46 години од Христос. Така да во времето на Христос се служел тој календар. Во 1578 година тој календар е реформиран од папата Григориј, кој е римокатолик. Римокатолиците се одделиле од Католиците (Православните) во 1053 година. А сите светители што се Православни оделе по тој календар (јулиански).
Грегоријанскиот календар е 14 дена понапред и така да заедничките светители што ги имаме заедно со Римокатолиците до 1053 , односно тие што одат по грегоријански календар ги слават 14 дена понапред одошто кај верниците од јулианскиот календар ги слават точно на денот кога починале светителите.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.360
За мене, друже, „мрзи“, „неќе да ги гледа“ и „се гнаси од“ се манифестација на иста комбинација на емоции - презир и гадење.
Тоа господ вика за своите сакати чеда.

Колку сакаш можеш да матиш, буквите и зборовите се таму.
Сите изрази кои ги искористи етапно, сега ги сублимираш во: "комбинација на емоции - презир и гадење."

Еве го пак текстот, цитиран од тебе:

"17 „Речи му на Арона: ‘Никој од твоите потомци, во нивните родови, кои ќе имаат некаков телесен недостаток не смее да се доближи да го принесува лебот на својот Бог.
18 Ниеден на кого има недостаток не смее да пристапува: ни слеп, ни хром, ни со обезличен нос, ни со излишен член;
19 ни таков кој има скршена рака или нога;
20 ни подгрбавен, ни со сув член, ни со болни очи, ни лишав, ни јадежлив, ни килав.

21 Ниеден човек од потомците на свештеникот Арон, кој има недостаток, нека не пристапува да принесува паленица; бидејќи има недостаток, нека не се доближува да Му принесува леб на својот Бог.
22 Може да јаде од храната на својот Бог: од светите и од пресветите жртви;"

Ако сметаш дека во овој текст Господ покажува "комбинација на емоции - презир и гадење", морам да не се сложам со тебе и веројатно да констатирам кај тебе некаков проблем со перцепцијата.
...тоа и го потврдуваш тука:
А ти, освен што мене ме напаѓаш...
Веројатно имаш некаков проблем со перцепција зашто стварно не гледам во моите постови напад кон тебе. Ако гледаш, поосочи ми.

А од овој цитат:
"23 но нека не доаѓа кон завесата, ниту да му пристапува на жртвеникот, зашто има недостаток. Нека не ги обесветува Моите светилишта, зашто Јас, Господ, ги осветувам."
- заклучуваш дека ниетот на Господ е "комбинација на емоции - презир и гадење." ?
Мислиш дека зад овие зборови се крие тоа?
Не му се спротиставувам на правото на лично толкување на нештата, но зошто било кој би земал здраво за готово едно такво своеволно гледање, земајќи го во предвид фактот што си атеист и што веројатно имаш обичај, благо да се изразам, послободно да ја толкуваш природата и суштината на нештата за кои ти лично сметаш дека не постојат или (пак во погорниот случај со моите "напади") се опипливи и од световен аспект.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Јулианскиот календар е формиран пред 46 години од Христос. Така да во времето на Христос се служел тој календар. Во 1578 година тој календар е реформиран од папата Григориј, кој е римокатолик. Римокатолиците се одделиле од Католиците (Православните) во 1053 година. А сите светители што се Православни оделе по тој календар (јулиански).
Грегоријанскиот календар е 14 дена понапред и така да заедничките светители што ги имаме заедно со Римокатолиците до 1053 , односно тие што одат по грегоријански календар ги слават 14 дена понапред одошто кај верниците од јулианскиот календар ги слават точно на денот кога починале светителите.

Juljanskiot kalendar go koristele rimjanite, a evreite i Isus go koristele evrejskiot kalendar.
Spored evrejskiot kalendar denot pocnuval navecer vo 18 casot a zavrsuval naredniot den vo istoto vreme.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мислиш дека зад овие зборови се крие тоа?
Не му се спротиставувам на правото на лично толкување на нештата, но зошто било кој би земал здраво за готово едно такво своеволно гледање, земајќи го во предвид фактот што си атеист и што веројатно имаш обичај, благо да се изразам, послободно да ја толкуваш природата и суштината на нештата за кои ти лично сметаш дека не постојат или (пак во погорниот случај со моите "напади") се опипливи и од световен аспект.
Да. За мене, не како атеист, туку некој кој е објективно сметан од своето окружување за успешен во толкувањето на трансакциите помеѓу луѓето, „не му приоѓај на својот бог (кој е, патем, одговорен за деформитетот, моќен да корегира, молен да помогне) ако имаш каков било деформитет“ ми укажува на одбојност и гадење кон своите „грешки“. Делот со необесветиување на од него осветените светилишта, ме наведува да мислам дека е презрив, горделив и арогантен. Како, омнипотентен, и благороден креатор, сметам дека не се однесува коректно кон своите чеда и дека ја пренагласува својата суета како компензација за немоќта пред оние кои имаат потреба.

Тоа на ниво на метафората.

Реално, сметам дека оваа слика за Бог, претставена, секако, од луѓето кои ги прилагодувале архетипските мотиви на митот ја Јахве, е слика на самобендисан, љубоморен, горделив, безмилосен и презрив Бог (какви што се повеќето од старите богови). Ваков бог им бил потребен на Израелитите и таков си го измислиле. За да ги брани.

Проблемот (и намерата на оваа моја дијада со тебе) е што стариот Јахве е наочиглед сосем контрадикторен со Христијанскиот Бог на Исус, кој е опишан како грижлив, толерантен, фин еден Бог.

Едниот вика: „Тргни ми ги од пред очи, да не прљаат и да не ми кварат видик“. Другиот вика: „Не е важно што носиш на себе и како изгледаш, него каков си во душата.“

Едниот вика: „Око за око“. Другиот вика: „Сврти го другиот образ.“

Това не е истио Бог!

Инаку, презирот во овие пасуси јас најискрено го перципирам, исто и одбојноста и гадењето.

Ти, чинам - може грешам, пропушти да кажеш кое е твоето толкување на овој негов испад.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
ako go primil zastoo na isuss go ponizuvaa trudejki se da dokaze deka isus na svoite sledbenici im dal ne potpolno ucenjee i deka ne treba da se sledat i deka ne se vredni ,, namestoo toaaa treba da go sledatt ucenjeeto na pavlee koi so negovoto ucenje se stremaat kon sovrsenstvotoo...

setoo ovaa se naogaa vo biblijata nov zaveet .
pavle do evreitee 6/1

glasi;
1 Затоа да ја оставиме почетната наука за Христа и да се обрнеме кон полна зрелост, не поставувајќи пак основа за покајание од мртвите дела и верата во Бога.
 
Не те разбирам што сакаш да кажиш?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom