MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
1 „Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младоженецот.Прашање:
Какво е христијанското толкување на ЕВАНГЕЛИЕТО СПОРЕД МАТЕЈ
Глава 25 , 1-10 пасус:
1 „Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младоженецот.
2 Петте од нив беа неразумни, а петте мудри.
3 Зашто неразумните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло;
4 а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите светилници.
5 Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.
6 А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’
7 Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија своите светилки.
8 А неразумните им рекоа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилници ни гаснат.’
9 Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!’
10 Кога отидоа да купат, младоженецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори.
10-те девојки не се девојки (женски личности) туку 10-те девојки се родот човечки.
2 Петте од нив беа неразумни, а петте мудри.
Половина од нив, 5, се оние кои не веруваат (неразумнити) а другата половина се оние кои веруваат (мудрите).
3 Зашто неразумните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло;
Значи, неверните (неразумните) и покрај својот ум (светилката), немале вера (маслото).
4 а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите светилници.
А оние, кои верувале, покрај својот (раз)ум (светилките) имале и вера (маслото).
5 Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.
Младоженецот е Христос Богочовекот, кој „задоцни„, т.е. ни остава временска фора за да поверуваме. Заспаните сме ние, родот човечки, кој живе во духовна неразбуденост.
6 А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’
Тоа значи дека доаѓа Христос-Младоженецот за Црквата, на Неговиот Страшен Суд.
7 Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија сЕвоите светилки.
Значи дека верните биле подготвени да се сретнат со Христа, оти имале вера (масло) во своите светилки (умот).
8 А неразумните им рекоа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилници ни гаснат.’
А неверните, немале што да приложат пред Христа Бога на Судот, па (предоцна) барале од верата од верните.
9 Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!’
А верните (мудрите) велат дека верата не е „нешто„ кое се разделува и позајмува, оти или ја имаш или ја немаш...
10 Кога отидоа да купат, младоженецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори
Тоа значи дека, неверните, немајќи со што да се оправдаат пред Христа Бога, „отишле„ (останале пред Рајските порти) , а штом Младоженецот (Христос) и верните (свадбарите) влегле со Него (во Рајот), Христос ги затвора портите Рајски за оние кои „отишле„, т.е. кои немале што да приложат на Судот и кои останале пред портите од Рајот, што значи, самите себе се осудиле на битисување во пеколот.