Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
„...Објективен став на човекот?...„. Ај прочитај си ја реченицава уште еднаш: како може субјектот да има објективен став?
Лапсус од брзање. Мислев „објективно оформен став“ или „став кој е оформен како последица на објективни мерења“. Ми најде грешка. Браво!

Сакам верниците да ги прашам нешто:

Дали вие мислите дека е во ред што Црквата не плаќа данок на државата?
 
Жити „таквоото„, ама стварно плаќа. Плаќањето данок се однесува на движно-недвижниот имот до Црквата, а данокот не се плаќа на прилозите кои верните ги оставаат во црковните храмови, оти тие дарови се доброволни дарови од верните за верните, што значи, тие дарови не се економска категорија, која подлежи на промет и данок.
 
Ич не се економска категорија. 50EUR за 5 минути чатење НИКАКО не се економска категорија.
Ќути што не знам погреб колку е (пу, пу...) имаче ко ќе те подберев...

Сум видел ја на една маса поп како брои пари од дневната работа. НУЛА ДАНОК на тие.

Ако попот наплаќа „вожња“, зошто не дава фискална, како што тоа го прават таксистите?
 
Тоа што попот броел пари, тоа значи дека самиот не си го видел дека плаќа и данок...Начелно, трошоците кои поповите ги имаат кон власта, се исплаќаат преку црковните одбори и одборници.
 
:D не, бе, го видов накај УЈП како тргна после...
 
Бараше одговор-доби одговор.

Е па Dback, е па толку од "open mind", а? Зашто не прифаќаш и поинакви мислења од твоите предрасуди кон Црквата?
 
Секоја чест на ретките исклучоци.

Грото од поповите (јас би рекол 99%) не плаќаат данок на парите кои ги изнудуваат од посветените верници. Можеш колку сакаш да ги браниш тука - џабе - сите ќе ти се смееме.

МПЦ одбива да се фискализира. Зошто? За да може да краде од државата. ...и од народот припрост.

Зошто краде? За да попот вози мерцедес џип и со презир (и чисти, светнати италијански кондури) да ги гледа селаните со калливи опинци како мрзнат околу гробот додека овој, често пати пијан, доцни од претходната берба.
 
Ние, кои сме дел од Црквата, и тоа како сме свесни дека во Црквата не е се идеално поставено и делотворно, но сигурен сум дека не можеш да докажеш оти 99% (твоја цифра...) биле неплаќачи. Лично се познавам со одреден број попови и можам со чиста совест да кажам дека од оние кои лично ги знам, само еден вози релативно скап џип, а другите кои ги знам, имаат лесни кои, кои се релативно стари и кои не вредат пазарно повеќе од 1500 Евра. Така, за кои скапи коли зборуваш по форумов? Кога веќе критикуваш, биди сигурен во твоите ставови, оти вака, само „набадаш„ произволности, заснован не на факти, туку на твојата лична омраза кон се што е црковно, разбираш...

Патем кажано, поповите ни оддалеку не се во положба да крадат, оти немаат од кај да крадат (освен од кај нив самите, од дома...), оти сите финансии во црковните храмови, одат и преку црковните одбори, а одборите, редовно се пополнети со фаци, кои се или атеисти, или партиски војници од владејачката партија (што му доаѓа исто...), така да сите финанскиски малверзации не одат преку поповите, туку преку неверниците од одборите, разбираш...
 
Тогаш на овој твој пост само еден мал коментар: Кога поповите и владиците немаат МОЖНОСТ за малверзации како тоа да владиката Вранишковски додека бил владика во епарихитте на МПЦ „украл“ 250,000 евра? Која е вистината?
 
Секоја чест на ретките исклучоци.

Грото од поповите (јас би рекол 99%) не плаќаат данок на парите кои ги изнудуваат од посветените верници. Можеш колку сакаш да ги браниш тука - џабе - сите ќе ти се смееме.

МПЦ одбива да се фискализира. Зошто? За да може да краде од државата. ...и од народот припрост.

Зошто краде? За да попот вози мерцедес џип и со презир (и чисти, светнати италијански кондури) да ги гледа селаните со калливи опинци како мрзнат околу гробот додека овој, често пати пијан, доцни од претходната берба.

Точно така пријателе. Имаш еден „Лајк“ од мене.

Ај тоа што народот им остава „џепарлак“ на поповите, тоа е во ред, не можеш да ги оданочиш бидејќи е доброволен џепарлак. Но што правиме со продажбата на свеќи, икони ( и тоа од оние со поголема цена изразена во евра), литература, крстови, ланци, белезици, пејана вода, влезници за влез во манастирот Св. Наум, тарифи за крштевање, венчавање, закоп, за пеење блудец, трисаѓија, тарифа за кревање леб, тарифа за прво утро, второ утро, трето утро, месец, 6 месеци, година, три години ( за покојник), тарифа за слава, и ред други транталци за кои е поставен званичен ценовник, а не добровоилен прилог.

Пријателе, се додека има припрост народ, на кој му набиле големо суеверие, ќе си играат дрн-дупка со него. Не џабе е речено: додека има овци за стрижење, секој ќе ги стрижи.....

Ајде бидими здрав и жив.

Со почит, Госпел.
 
Како успеал З. Вранишковски да украде толку пари, навистина не знам. Под „крадење„, не подразбирам просто ставање рака врз куп пари и нивно ставање во џеб. Постојат куп елегантни начини за злоупотреба на парите. Така, поединците кои имаат повисока положба во хиерархијата во одредена структура, имаат и поелегантни начини за „крадење„, кои не мораат да се сведат на чисто/просто крадење пари од каса.
 
Елегантен начин за објаснување како на елегантен начин се „украдени“ 4 годишни буџети на 4-те епархии.
 
Во крајна инстанца, јас ќе одговарам исклучиво за моето сопствено однесување, а не за она од Вранишковски, исто како што Зоран нема да одговара за мене.

Повисоката положба во хиерархиската структура, значи и повисока одговорност а не само повисок комодитет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom