Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дали тетовирањето е грев?

Бог преку Библијата вака зборува: „...не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог.“

... па сега Ти самиот одлучи дали е грев или не е грев!!!!



Дали бодибилдингот е грев? (Не професионалниот туку аматерскиот:))

Србите викаат: ЗАШТО ПОВЕЋАВАШ ТЕЛЕСНУ МАСУ ??? ДА БИ ТЕ ЦРВИ ДУЖЕ ЈЕЛИ????




Со почит, Госпел.
 
Бог преку Библијата вака зборува: „...не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог.“

... па сега Ти самиот одлучи дали е грев или не е грев!!!!








Србите викаат: ЗАШТО ПОВЕЋАВАШ ТЕЛЕСНУ МАСУ ??? ДА БИ ТЕ ЦРВИ ДУЖЕ ЈЕЛИ????




Со почит, Госпел.


За тетовирањето ок, за бодибилдингот намерно нагласив аматерски не професионален, а тоа значи дека не ми е цел да изгледам ,,највечи,,и заради тоа да користам лекови со кои му штетам на телото, туку едноставно да водам здрав живот преку редовно вежбање и здрава исхрана:toe: Нели телото е храм на душата?
 
... Нели телото е храм на душата?

Не. Телото не е храм на душата. Телото треба да биде храм на Светиот Дух, за преку Светиот Дух Бог да живее во човекот; но дали навистина телото е Храм на Светиот Дух, тоа зависи од секој поединечно. Ова е Библискиот концепт.
 
Бог преку Библијата вака зборува: „...не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог.“

... па сега Ти самиот одлучи дали е грев или не е грев!!!!


Со почит, Госпел.
Слична работа кажува и за чистите и нечистите јадења, но нели во новиот завет стои дека не е тоа што влегува во устата што го прави човекот нечист, туку тоа што излегува од неа! Тогаш не е ли истиот принцип и тука? Што е разликата? На кој начин тетоважата ќе направи некој полош или подобар?
 
Дали принципот е ист како во првиот пример, јас не сум тој кој што треба да каже, туку Бог. Затоа што принципите ги дава Бог, а не луѓето

Од Христијанска гледна точка, Христијаните треба да ја живеат Библијата, а не само да ја читаат. Исто така треба да се разликуваат по изгледот и од останатите пагански и незнабожечки народи кои се тетовираат, ги бојат своите лица, и ред други работи.

Ако требаше да бидеме тетовирани и шарени како романче со Загор, верувам дека на Бога немаше да му биде тешко такви да не створи. Кога не не створил тетовирани, тоа значи дека неговата промисла била човекот да биде таков каков што е креиран. Барем тоа е моето размислување, инаку штом нешто било дадено, но потоа е укинато, тоа значи дека тоа повеќе не важи. Во дадениот пример, тоа што е дадено, не е укинато до сега и по дефаулт сеуште важи.
 
Онака лаички да прашам. Има ли негде да се изнајми библија, и дали вреди да се чита толкаво дело од непознат автор? Ме интересира, бидејќи не сум имал прилика ни да ја разлистам до сега.
 
Онака лаички да прашам. Има ли негде да се изнајми библија, и дали вреди да се чита толкаво дело од непознат автор? Ме интересира, бидејќи не сум имал прилика ни да ја разлистам до сега.
http://www.mkbible.net/

Одличен сајт. И книгата е топ! Озбилно.
Свашта ќе научиш.
 
Не. Телото не е храм на душата. Телото треба да биде храм на Светиот Дух, за преку Светиот Дух Бог да живее во човекот; но дали навистина телото е Храм на Светиот Дух, тоа зависи од секој поединечно. Ова е Библискиот концепт.

Каков свет дух ти се молам? За што ми зборуваш за фантазии некои? get real! Креаторот (Бог) да сакал да знаеме кој е или што е ќе ни дал вродена идеја за него но не е така и ние се раѓаме „празни“ и учиме за животот. Оној/она што го создал животот не ни дал способности за да го препознаеме самиот Создавател туку едноставно Тој/тоа сеедно сака ние да живееме без него. Впрочем ние ништо и незнаеме за нашиот настанок и сето она што е во Библијата/Куранот/Тората се само приказни и извадоци од учењата на Аристотел вметнати во самите книги. The End.

--- надополнето ---

За тетовирањето ок, за бодибилдингот намерно нагласив аматерски не професионален, а тоа значи дека не ми е цел да изгледам ,,највечи,,и заради тоа да користам лекови со кои му штетам на телото, туку едноставно да водам здрав живот преку редовно вежбање и здрава исхрана:toe: Нели телото е храм на душата?

Телото е храм на душата брат, води здрав живот, не се дрогирај, не пуши итн итн :) Со тоа само си го продолжуваш животот :smir:
 
Онака лаички да прашам. Има ли негде да се изнајми библија, и дали вреди да се чита толкаво дело од непознат автор? Ме интересира, бидејќи не сум имал прилика ни да ја разлистам до сега.

Кога би одел според твоите критериуми околу тоа што вреди или што не вреди, Не би ти одговорил на твоето прашање, затоа што не вреди да се занимавам со некој кој што е дело на непознат автор или креатор, но од култура ќе ти одговорам.

На твоето прво прашање: Има ли негде да се изнајми библија? Да, има да изнајмиш Библија во секоја градска Библиотека.

Еве ти уште една електронска Библија: http://www.svetopismo.com.mk/index3.php

На твоето второ прашање, дали вреди да се чита толкаво дело од непознат автор? Мојот одговор е следниот: Од Христијанска гледна точка, авторот на Библијата е Бог. Бог преку раката на своите верни работници ни ја остави Библијата, Божјиот збор или нај-читаната книга во историјата на човештвото.

Од човечка гледна точка, Библијата е напишана од познати автори, со име и историска докажаност на истите, а ги има преку 40 автори, некои од нив цареви, пророци, овчари и т.н.
Пример : цар Давид, цар Соломон, пророк Самуил, Пророците Исаија, Еремија, Езекиел, Даниел....Мојсеј, Јов....и ред други.

Велиш дека те интересира, бидејќи не си имал прилика да ја разлисташ до сега. Моето прашање до тебе е следното: Кога никогаш до сега не ти паднала во рака, па дури и незнаеш како изгледа, со кое право тврдиш дека: „ сето она што е во Библијата/Куранот/Тората се само приказни и извадоци од учењата на Аристотел вметнати во самите книги.“ (овие се твои зборови)

Истото би било кога јас, кој што никогаш не сум те видел, ниту сретнал во животот, да тврдам за тебе дека ти си: искомплексирана личност, грбав, ќелав, со деформирано тело и лице...со еден збор да те опишам како монструм.....наспроти она што Ти навистоина си (можеби си лепотан????).

(Се надевам дека го разбра мојот пример и нема да ми замериш за ваквата споредба употребена во самиот пример.)


Затоа додека не ја прочиташ барем еднаш од почеток до крај, не зборувај и не коментирај за она што не го знаеш. Старите викаат: НЕ ЈАВАН КОЊ, НЕ СЕ КУДИ!!!

Библијата е таа која ги променила животите на милиони луѓе во историјата на човештвото. Од Пијаници, Курвари, Проститутки, Арамии, Комарџии, Багабонти, Убијци, Наркомани....станале прекрасни луѓе, подобни на општеството и одлични Христијани.
( јас сум ти жив пример што Бог преку Библијата направи во мојот живот.)


Еве ти примери од такви луѓе, лични сведоштва:

Ники Круз
, порториканец - еден од најголемите багабонти во 60-те години на минатиот век во Њујорк. Човек кој што имал банда од 400 луѓе наречена Мау-Мау. Слободно искуцај на Youtube – Ники Круз и ќе ги најдеш неговите лични сведоштва што Бог и Библијата направиле во неговиот живот.

Ова е неговата животна приказна:
Дејвид Беркович
– сатаниста и сериски убиец, на доживотна робија без можност за помилување:

Прв дел: Втор дел:
Славко Јованович – 22 години наркоман. Еден од најдобрите светски музичари на усна хармоника:

Прв дел: (другите делови барај ги самиот)

И ред други личности, на кои што Бог преку Библијата им го променил животот. Сајтот каде што се прикачени останатите сведоштва е моментално блокиран. Ако те интересира покасно можам да ти прикачам уште линкови (на твое барање).


Поздрав и секое ти добро.










Со почит, Госпел.

 








Со почит, Госпел.


Абе не судам од одма дека не е вредна, таман работа. Него чисто ме интересира (пошо не се вртам многу низ религиозни кругови) што се опишува во неа (Стар и Нов завет), да не е само споменувања на имиња, па да испадне налик шпанска серија, да не се запамти ништо (се надевам дека не е така) :). А за авторите тргам чисто од човечка перспектива, бидејќи здравата логика вели дека е пишана со рака, нели? Поздрав.
 
... А за авторите тргам чисто од човечка перспектива, бидејќи здравата логика вели дека е пишана со рака, нели? Поздрав.


:) :) :) Во секој случај секако дека „ не е падната од небо“, како во филмот „Боговите паѓаат на теме“, кога на африканците им падна шише од кока-кола од небото.
Секако дека ја пишувале луѓе, посебно избрани од самиот Бог, луѓе испитани во верата и инспирирани од Бога преку Светиот Дух.

Човек додека не го запознае Бога лично во својот живот и додека не му го предаде својот живот на Бога, многу работи ќе му бидат непознати и смешни, во врска со верата и Библијата.
Се додека Светиот Дух (верувам дека сега убаво ќе се изнасмееш, и јас некогаш се смеев на истото) не започне да живее во твоето тело и да го управува твојот живот, нема да ги разбереш оние вистини, кои ги гледаат и ги доживуваат вистинските верници и следбеници на Исуса Христа.

(како што напишав и јас се смеев и ми беа смешни вакви коментари од луѓе кои на времето ќе ги слушнев од типот; Бог го промени мојот живот, Бог направи ова или она....се додека Бог не ме „кутна“ во прашината на овој свет, за потоа повторно да ме подигне да бидам негов следбеник)

Незнам во кој дел на Македонија живееш..јас сум прилепчанец, ако си во моја близина јас ќе ти ја подарам мојата Библија, кога веќе изразуваш желба да ја прочиташ. Пишими на ПП од каде си, а ако не си во моја близина, верувам дека ќе најдам некоја личност во близина на твоето место на живеење да ти подари една Библија. верувај дека ќе се запрепастиш колку личности ја читаат таа книга. Можеби и твојот прв сосед ја има, но ти не знаеш)

Позз

--- надополнето ---

Велиш дека те интересира, бидејќи не си имал прилика да ја разлисташ до сега. Моето прашање до тебе е следното: Кога никогаш до сега не ти паднала во рака, па дури и незнаеш како изгледа, со кое право тврдиш дека: „ сето она што е во Библијата/Куранот/Тората се само приказни и извадоци од учењата на Аристотел вметнати во самите книги.“ (овие се твои зборови)

Јас се извинувам што ги ставив болдираните зборови како твои, те помешав со Петар. МК ....без да обрнам внимание дека внесувам зборови од друг пост и од друга личност.
Се надевам дека ќе го примиш извинувањето.


Поздрав Госпел.
 
Оваа Библија не знам колку е веродостојна но сепак ќе ја почнам да ја читам.
 
Ако веќе си решил да ја читаш, мојата препорака е да почниш со читање најпрво со Новиот завет, па потоа Стариот завет.
Така работите ќе ти станат многу појасни.
 
Ако веќе си решил да ја читаш, мојата препорака е да почниш со читање најпрво со Новиот завет, па потоа Стариот завет.
Така работите ќе ти станат многу појасни.


Библијата ја имам читано од Македонската Православна Црква од 1999 г. и е многу различна од оваа што се појавува на кајгана.
 
Леонардо да Винчи бил еден од најголемите негатори на Христијанството(и општо на религиите). Тој тврдел дека Исус бил оженет, и насликал слика каде што Исус вечера со Апостолите и до него седи жена му. Денес таа слика ТАЈНАТА ВЕЧЕРА е една од најпознатите во светот. Иако црквата тврди дека Исус не бил женет сепак таа слика стои како икона во сите цркви, ама буквално во сите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom