Онака лаички да прашам. Има ли негде да се изнајми библија, и дали вреди да се чита толкаво дело од непознат автор? Ме интересира, бидејќи не сум имал прилика ни да ја разлистам до сега.
Кога би одел според твоите критериуми околу тоа што вреди или што не вреди, Не би ти одговорил на твоето прашање, затоа што не вреди да се занимавам со некој кој што е дело на непознат автор или креатор, но од култура ќе ти одговорам.
На твоето прво прашање: Има ли негде да се изнајми библија? Да, има да изнајмиш Библија во секоја градска Библиотека.
Еве ти уште една електронска Библија:
http://www.svetopismo.com.mk/index3.php
На твоето второ прашање, дали вреди да се чита толкаво дело од непознат автор? Мојот одговор е следниот: Од Христијанска гледна точка, авторот на Библијата е Бог. Бог преку раката на своите верни работници ни ја остави Библијата, Божјиот збор или нај-читаната книга во историјата на човештвото.
Од човечка гледна точка, Библијата е напишана од познати автори, со име и историска докажаност на истите, а ги има преку 40 автори, некои од нив цареви, пророци, овчари и т.н.
Пример : цар Давид, цар Соломон, пророк Самуил, Пророците Исаија, Еремија, Езекиел, Даниел....Мојсеј, Јов....и ред други.
Велиш дека те интересира, бидејќи не си имал прилика да ја разлисташ до сега. Моето прашање до тебе е следното: Кога никогаш до сега не ти паднала во рака, па дури и незнаеш како изгледа, со кое право тврдиш дека: „ сето она што е во Библијата/Куранот/Тората се само приказни и извадоци од учењата на Аристотел вметнати во самите книги.“ (овие се твои зборови)
Истото би било кога јас, кој што никогаш не сум те видел, ниту сретнал во животот, да тврдам за тебе дека ти си: искомплексирана личност, грбав, ќелав, со деформирано тело и лице...со еден збор да те опишам како монструм.....наспроти она што Ти навистоина си (можеби си лепотан????).
(Се надевам дека го разбра мојот пример и нема да ми замериш за ваквата споредба употребена во самиот пример.)
Затоа додека не ја прочиташ барем еднаш од почеток до крај, не зборувај и не коментирај за она што не го знаеш. Старите викаат: НЕ ЈАВАН КОЊ, НЕ СЕ КУДИ!!!
Библијата е таа која ги променила животите на милиони луѓе во историјата на човештвото. Од Пијаници, Курвари, Проститутки, Арамии, Комарџии, Багабонти, Убијци, Наркомани....станале прекрасни луѓе, подобни на општеството и одлични Христијани.
( јас сум ти жив пример што Бог преку Библијата направи во мојот живот.)
Еве ти примери од такви луѓе, лични сведоштва:
Ники Круз, порториканец - еден од најголемите багабонти во 60-те години на минатиот век во Њујорк. Човек кој што имал банда од 400 луѓе наречена Мау-Мау. Слободно искуцај на Youtube – Ники Круз и ќе ги најдеш неговите лични сведоштва што Бог и Библијата направиле во неговиот живот.
Ова е неговата животна приказна:
Дејвид Беркович – сатаниста и сериски убиец, на доживотна робија без можност за помилување:
Прв дел: Втор дел:
Славко Јованович – 22 години наркоман. Еден од најдобрите светски музичари на усна хармоника:
Прв дел:
(другите делови барај ги самиот)
И ред други личности, на кои што Бог преку Библијата им го променил животот. Сајтот каде што се прикачени останатите сведоштва е моментално блокиран. Ако те интересира покасно можам да ти прикачам уште линкови (на твое барање).
Поздрав и секое ти добро.
Со почит, Госпел.