Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
:D :D :D

Мики, бре, Мики... па што си ги вадиш сам глупостите од Книгата?!?! Јас ли сега да ти ја бранам :D

За Мојсеј, никако не е „јасно“ дека е авторот на Петокнижието - нешто што и ти самиот го пишуваш погоре.

Тоа што е така напишано, очигледно ти укажува дека Мојсие не го пишувал тој текст.

А знаеш ли зошто, Мики?!?!

Затоа што Мојсие е фиктивен лик исконструиран врз постариот сумерски мит за кралот на Акад (типот кај нив се викал Саргон). Тоа е стара приказна која израелитите си ја украле и прилагодиле, исто како и поголемиот број ликови во Стариот завет - почнувајќи од Исус, преку Ное и Мојсеј, со прототипот на Исус, Јосиф - кралот на сништата...

И немој сам да се местиш за пенали. Тоа е моја работа...:P




Благодарам на Вашиот исцрпен одговор.

П.С.

Со напишана/кажана негација, не можеш да „однегираш„ постоен факт!
 
Со напишана/кажана негација, не можеш да „однегираш„ постоен факт!
wot!?!
Да однегираш?!?
Демек, фактот што ти си го негирал, јас да го однегирам, со негација?!? Збунка понеделничка некоја, а, Мики? :)
 
Зошто праведен бог би создал некого без сознание за добро и зло?
Зошто би ги лажел што ќе се случи ако пробаат да дојдат до тоа сознание?
Зошто ги казнил и проколнал кога незнаеле што е добро а што зло?
Ако е совршен и сезнаен, зошто се покајал и го уништил речиси целиот живот на земјата во потоп?
Каде е праведноста во постапката на бог да им ги измеша јазиците на луѓето, да ги збуни и да растури по земјата?[/QUOTE]
Бог го создал човекот. Му дал име Адам. А потоа кога го создал човекот од него извал едно ребро и од тоа ребро ја создал Ева. Кога ја одвоил Ева од човекот ги нарекол Маж и Жена. Во тоа време Бог му дал една заповед и му рекол: Јадете од сите плодови само немојте да јадете од она кое ви ги отвара очите да препознаете што е добро а што е лошо.(од тука можи да се заклучи дека му кажал дека не чини за луѓето да знаат што е добро а што не чини). Ева ја прекршила заповедта од Бог зошто ја наговорил ѓаволот ( ѓаволот знаел што е добро а што е лошо, затоа и одпаднал како Ангел Деница од Небесата) и пробала од тоа што им го забранил Бог (од јаболкото). Му дала и на мажот свој да касни. Кога пробале му дошла свеста да препознаваат што е добро а што не.
Бог знаеќи се однапред што ќе се случи, бидејќи е добар, за да не се истреби човековиот род му дал покајание да се покајат. Со самото познавање од доброто од лошото и обратно се доведува смрт. Адам и Ева постанале смртни на тој свет но вечни на онај свет. Инаку немало потреба да работиме, да мислиме лошто, да умираме доколку не ја прекршиле заповедта.

За тоа што Бог ја потопил земјата е во тоа што на земјата било прав пекол. Луѓето биле злобни но затоа за повторно да не го уништи човековиот род, избрал човек праведен кој ја повел неговата жена и секој пар машко и женско од секое животно, за да се размножат и повторно да оформат еден праведен свет. Но и тој свет што го размножиле повторно наликувал на онај свет и затоа Бог го испрајќа својот Син Исус Христос да се жртвува за спасението на луѓето.

--- надополнето ---

koj e ediniot vistinski bog spored biblijata, ili voopsto hristijanstvoto.
-------------------------------------------------------------
Во Христијанството единствен Бог е Пресветата Тројца кој има три лица : Отецот, Синот Исус Христос и Светиот Дух.
 
Бог го создал човекот. Му дал име Адам. А потоа кога го создал човекот од него извал едно ребро и од тоа ребро ја создал Ева. Кога ја одвоил Ева од човекот ги нарекол Маж и Жена. Во тоа време Бог му дал една заповед и му рекол: Јадете од сите плодови само немојте да јадете од она кое ви ги отвара очите да препознаете што е добро а што е лошо.(од тука можи да се заклучи дека му кажал дека не чини за луѓето да знаат што е добро а што не чини).
Како тоа нечини да знаеш што е добро а што лошо? Како вие го заклучивте ова?:toe: Ако нечини да знаеш, зошто тогаш во суд обвинетиот го прашуваат дали го разбира обвинението (дали има сознание што е добро а што зло!)
Ева ја прекршила заповедта од Бог зошто ја наговорил ѓаволот ( ѓаволот знаел што е добро а што е лошо, затоа и одпаднал како Ангел Деница од Небесата) и пробала од тоа што им го забранил Бог (од јаболкото). Му дала и на мажот свој да касни. Кога пробале му дошла свеста да препознаваат што е добро а што не.
Значи ѓаволот е оцрнуван, проколнуван и напаѓан затоа што им ги отворил очите на луѓето?!!?
Бог знаеќи се однапред што ќе се случи, бидејќи е добар, за да не се истреби човековиот род му дал покајание да се покајат.
Бог е добар бидејќи однапраед знаел се што ќе се случи?!? Како тоа му дал покајание? Во библијата пишува дека кога на Адам и Ева им се отвориле очите, бог ги проколнува и изгонува од рајот, казнувајќи ги со пот и мака да ја обработуваат земјата од која се земени, трње и бодилки да им раѓа! Тоа ли е покајанието кое им го дал?
За тоа што Бог ја потопил земјата е во тоа што на земјата било прав пекол. Луѓето биле злобни но затоа за повторно да не го уништи човековиот род, избрал човек праведен кој ја повел неговата жена и секој пар машко и женско од секое животно, за да се размножат и повторно да оформат еден праведен свет. Но и тој свет што го размножиле повторно наликувал на онај свет и затоа Бог го испрајќа својот Син Исус Христос да се жртвува за спасението на луѓето.
Нели е бог сезнаен и семоќен? Како тогаш не предвидел каков свет ќе настане? Нели на почетокот кога го создал вели: "и виде бог дека е убаво" А потоа истото тоа "убаво" решава да го уништи затоа што небило убаво?!
 
wot!?!
Да однегираш?!?
Демек, фактот што ти си го негирал, јас да го однегирам, со негација?!? Збунка понеделничка некоја, а, Мики? :)

Мојот одговор е во Твојот потпис...
 
Како тоа нечини да знаеш што е добро а што лошо? Како вие го заклучивте ова?:toe:
Значи ѓаволот е оцрнуван, проколнуван и напаѓан затоа што им ги отворил очите на луѓето?!!?
Бог е добар бидејќи однапраед знаел се што ќе се случи?!? Како тоа му дал покајание? Нели е бог сезнаен и семоќен? Како тогаш не предвидел каков свет ќе настане? Нели на почетокот кога го создал вели: "и виде бог дека е убаво" А потоа истото тоа "убаво" решава да го уништи затоа што небило убаво?!
---------------------------------------------------------
Па зар твојте родители никогаш не те натепале кога си направил лошо. Доколку твојте родители не го направиле тоа тие не те сакаат. Така и Бог, ако згрешиме ни мава шамар како награда за тоа што сни го направиле лошото.
 
zamisli bog sednal da se odmori na posle sestiod den ..
zarem bog da se umorii ?
kakov bog ke bese ako se umoruval?


Нормално дека Бог не се „умори(л)„ туку запишивачот сака(л) да каже дека Бог е неопислив, а најблизок човеков опис за Божјата одлука да заврши со креацијата на Вселената и да одреди ден посветен само за Него, опишан е со поимот „одмори„ после 6-от ден од креацијата.
 
---------------------------------------------------------
Па зар твојте родители никогаш не те натепале кога си направил лошо. Доколку твојте родители не го направиле тоа тие не те сакаат. Така и Бог, ако згрешиме ни мава шамар како награда за тоа што сни го направиле лошото.

Ја никад не би му удрил шамар на некого, а најмалку на моето дете.
Инаку ние самите си маваме шамар кога ќе згрешиме, што е пак лоша работа.
Џабе ќе збориме до утре ама не е до постапките, моралот и интелигенцијата на човекот.
До состојбата во која Е е целиот штос.
Исус не подигнал рака на Магдалена....како и би можел кога ја сакал како што се сакал себе си.
Како би ја каменувал таа кутра душа ?
Ако он не осудил никого и ти не би требало...барем како пример ако го земеш.
Иако не би ти завршил работа ни така.
 
Значи на вас не ви е битна вистината, туку ви е битно да се спротивставувате, терате инат и да толкувате како што вас ви одговара?!
Ајде тогаш спротивстави се на овие мои прашања:
Зошто праведен бог би создал некого без сознание за добро и зло?
Зошто би ги лажел што ќе се случи ако пробаат да дојдат до тоа сознание?
Зошто ги казнил и проколнал кога незнаеле што е добро а што зло?
Ако е совршен и сезнаен, зошто се покајал и го уништил речиси целиот живот на земјата во потоп?
Каде е праведноста во постапката на бог да им ги измеша јазиците на луѓето, да ги збуни и да растури по земјата?

1. Да, Бог Е праведен, па од грижа кон својата креација, ги предупредил Адам и Ева за опасноста. Адам и Ева битисувале во апсолутно добра средина и поради својата духовна незрелост, сеуште не биле „дораснати„ за разликување на доброто од злото.
2. Бог не ги излажа Адама и Ева, туку им ја покажа точната/виситнитата последица од нивната непослушност кон Бога.
3. Бог ги анатемиса Адама и Ева не рани нивното незнаење да раликуваат добро од зло, туку ради нивната непослушност кон Божјото предупредување за можната казна за непослушност кон Бога.
4. Бог не се покаја, оти покајанието е својствено за битија кои грешат и се каат за својата грешка. Бог не се покаја, оти Он не згреши, туку тој израз („покаја„) е обид за опис на Божјото дејство со човеков речник. Бидејќи Бог е неограничен и конечно неопислив, така и секое Божјо однесување е тешко описливо со човекови зборови, па затоа, запишувачот користи човеков речник за опишување на Божјото дејство, со намера колку е можно појасно да го опише Божјото дејство.
5. Божјата праведност не е во тоа што го раздвои единствениот народ на повеќе народи, со воведување различни јазици, туку Божјата праведност е во Неговата промисла, да ни Го испрати Својот Син Единороден, да не спаси од нашите гревови.
 
Ја никад не би му удрил шамар на некого, а најмалку на моето дете.
Инаку ние самите си маваме шамар кога ќе згрешиме, што е пак лоша работа.
Џабе ќе збориме до утре ама не е до постапките, моралот и интелигенцијата на човекот.
До состојбата во која Е е целиот штос.
Исус не подигнал рака на Магдалена....како и би можел кога ја сакал како што се сакал себе си.
Како би ја каменувал таа кутра душа ?
Ако он не осудил никого и ти не би требало...барем како пример ако го земеш.
Иако не би ти завршил работа ни така.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------
Доколку направиме лошо и не се покаиме, Бог ќе не казни. Казната е шамарот. А шамарот може да биде каква и да било казна.

--- надополнето ---

Мики не можиш да им објасниш зошто не им е даено одозгора да го разберат тоа што го кажале пророците и самиот Бог.

--- надополнето ---

Како тоа нечини да знаеш што е добро а што лошо? Како вие го заклучивте ова?:toe: Ако нечини да знаеш, зошто тогаш во суд обвинетиот го прашуваат дали го разбира обвинението (дали има сознание што е добро а што зло!)
Значи ѓаволот е оцрнуван, проколнуван и напаѓан затоа што им ги отворил очите на луѓето?!!?
Бог е добар бидејќи однапраед знаел се што ќе се случи?!? Како тоа му дал покајание? Во библијата пишува дека кога на Адам и Ева им се отвориле очите, бог ги проколнува и изгонува од рајот, казнувајќи ги со пот и мака да ја обработуваат земјата од која се земени, трње и бодилки да им раѓа! Тоа ли е покајанието кое им го дал?
Нели е бог сезнаен и семоќен? Како тогаш не предвидел каков свет ќе настане? Нели на почетокот кога го создал вели: "и виде бог дека е убаво" А потоа истото тоа "убаво" решава да го уништи затоа што небило убаво?!

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ако веруваш дека Бог е злобен Ти како човек немаше да постоиш денеска.
 


Мики не можиш да им објасниш зошто не им е даено одозгора да го разберат тоа што го кажале пророците и самиот Бог.


Точно, не можам да им објаснам на личности кои сеуште не поверувале, но поопасна е ситуацијата на доживотно останување со затворен ум и срце за примање на Божјите вистини...

Фала и слава на Бога во Висините, оти една од многуте должности од верните е да сведочат за својот Бог и за својата вера, па токму преку тоа сведочење, преку збор и дело, можно е некој и од неверните да поверува....Тргнувајќи од мојот случај.
 
Доколку направиме лошо и не се покаиме, Бог ќе не казни. Казната е шамарот. А шамарот може да биде каква и да било казна.

Ама што џабе ако се покаеш ако пак згрешиш, пак ќе се каеш ?
Што џабе од рај ако сите луѓе не се таму ?
Замисли ти да отидеш у рајот а татко ти у пеколот, нели е себично од твоја страна ?
 
1. Да, Бог Е праведен, па од грижа кон својата креација, ги предупредил Адам и Ева за опасноста. Адам и Ева битисувале во апсолутно добра средина и поради својата духовна незрелост, сеуште не биле „дораснати„ за разликување на доброто од злото.
Како може да предупредиш некого за опасност, ако си го создал да нераспознава добро од зло, исправно од погрешно?
2. Бог не ги излажа Адама и Ева, туку им ја покажа точната/виситнитата последица од нивната непослушност кон Бога.

"Не јадете и не се допирајте од дрвото за спознавање на доброто и злото, зошто ќе умрете"
Реакцијата кога Адам и Ева пробуваат и им се отвараат очите: "Ете Адам стана како еден од нас знаејќи добро и зло, но сега да не посегне по дрвото на животот па да заживее вечно"
Ова за тебе е вистина? Не само што не умреле, туку вели дека има можност и вечно да заживеат кога ќе сватат што нуди дрвото на животот!
3. Бог ги анатемиса Адама и Ева не рани нивното незнаење да раликуваат добро од зло, туку ради нивната непослушност кон Божјото предупредување за можната казна за непослушност кон Бога.
Ако создадеш некој кој нема сознание за добро и зло, како може да ги товариш за одговорност?
4. Бог не се покаја, оти покајанието е својствено за битија кои грешат и се каат за својата грешка. Бог не се покаја, оти Он не згреши, туку тој израз („покаја„) е обид за опис на Божјото дејство со човеков речник. Бидејќи Бог е неограничен и конечно неопислив, така и секое Божјо однесување е тешко описливо со човекови зборови, па затоа, запишувачот користи човеков речник за опишување на Божјото дејство, со намера колку е можно појасно да го опише Божјото дејство.
Ако не згрешил зошто уништил се со потопот? Зошто од прва не го направил светот како што требал да биде?
5. Божјата праведност не е во тоа што го раздвои единствениот народ на повеќе народи, со воведување различни јазици, туку Божјата праведност е во Неговата промисла, да ни Го испрати Својот Син Единороден, да не спаси од нашите гревови.
Искрено се сомневам дека и самиот наоѓаш смисла во ова што си го напишал?! Раздвојувањето на луѓето, мешањето на јазиците да не се разберат, збунувањето....не е неправедно затоа што после го пратил својот единствен син да не спаси од гревот кој всушност е спознавањето на доброто и злото?!!?:uvo:
Ај може до мене е! Има ли некој што наоѓа смисла во ова??
 
Кој како заслужил

Ама што џабе ако се покаеш ако пак згрешиш, пак ќе се каеш ?
Што џабе од рај ако сите луѓе не се таму ?
Замисли ти да отидеш у рајот а татко ти у пеколот, нели е себично од твоја страна ?

Секој се бори за себе да се спаси, а преку молитвите твој, ако се искрени према Бог, можиш да го спасиш оној за кого се молиш.
 
Ако веруваш дека Бог е злобен Ти како човек немаше да постоиш денеска.
За тебе ваквата слика за бог не е?!
Мики не можиш да им објасниш зошто не им е даено одозгора да го разберат тоа што го кажале пророците и самиот Бог.
Епа еве бидејќи вас ви е дадено повели објасни ни!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom