Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што правела душата во пеколот ?
Христос во пеколот, им ја проповедаше добрата вест (евангелието) на душите од упокоените богоугодници, а воедно Христос, како се вели во црковното пеење и како е тоа изобразено на една икона, ги разби портите од пеколот, не буквални порти, туку ја разби силата демонска врз луѓето.

--- надополнето ---

Спрема православните толкувачи (Мики) Исус по смртта беше во подземјето (пеколот) значи не може да му кажал на распнатиот до него дека “денес ќе бидеш со мене во рајот“. Различни гледишта и тврдења се овде. Која е точната?
Прв човек кој влегол во Рајот, е токму разбојнкиот од крстот, со што е јасно покажана Христовата милост и човекољубе на дело, а не на „папир„. Разбојникот влезе во Рајот во петок, согласно Христовото ветување. Црквата има и сведоштва од поединци кои до духот свој биле во Рајот и навистина го виделе разбојникот! Ете, разбојникот ги испревари богоугодниците и влезе во Рајот во петок, а душите од упокоените влегуваат во Рајот во сабота. Или, како тоа се вели, „...првите ќе бидат последни, а последните први...„.

Христос беше во пеколот во саботата, после петокот, по распетието.

Се согласувам дека македонскиот јазик не е толку богат со повеќе изрази за една и иста категораија или предмет или настан, но Црквата православна не познава трета состојба на душата човекова по смртта на телото, освен Рај и пекол, награда и казна. Дали пеколот ќе го именуваме вака или така, ништо битно не менува во учењето.

Нека ме поправат православните форумџии ако сум во криво.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Спрема православните толкувачи (Мики) Исус по смртта беше во подземјето (пеколот) значи не може да му кажал на распнатиот до него дека “денес ќе бидеш со мене во рајот“. Различни гледишта и тврдења се овде. Која е точната?
Различни гледишта се затоа што не ја читаш Библијата.

Во Стариот Завет, душите на сите мртви (верни и неверни) одеа директно во Адот (Шеолот или Подземјето). Адот (Шеолот или Подземјето) беше поделен на Два дела со огромна провалија, па така ниту едните ниту другите можеа да преминат од едно на друго место. (Лука 16 глава, настанот со Сиромавиот Лазар и Богатиот).
Првото место според Библијата беше наречено „крило Аврамово или место на Блаженство“ и тоа место претставуваше „слика“ на Вистинскиот Рај кој што требаше допрва да дојде, затоа што Исус не беше воскреснат и смртта не беше победена. На тоа место одеа душите на сите верни. Библијата вели: Умре Лазар и ангелите го однесоа во „крилото Аврамово“ или местото на Блаженство.
Второто место беше наречено „Место на Мака“. Тука одеа сите неспасени и неверни души. Библијата вели: Умре Богатиот и го погребаа. Но кога ги отвори очите свои се најде во ова второ место, место на мака. И го виде Лазар во крилото Аврамово, од другата страна на големата провалија.

Се до Христовото воскресение сите души одеа во ова место - АД (Шеол или Подземје) кое што беше поделено на два дела. Едните и другите можеа да контактираат и да се довикуваат помеѓу себе, но не можеа да преминат од една на друга страна.
Кога Исус умре, и неговата душа замина во Адот (Шеолот или Подземјето), затоа што не беше воскреснат и смртта не беше победена. Исус беше на првото место, место на Блаженство или крилото аврамово.
Според (1 Петрово послание 3: 19-20) Исус (душата негова) слезе и престојуваше во Адот (Шеолот или Подземјето ) и им проповедаше на духовите кои беа во темнина. Во Македонскиот превод стои зборот „духовите кои беа во темнина“, но во оргиналите стои им проповеда на „духовите кои беа во Тартарусот“ т.е. тоа беше местото каде што беа затворени духовите на оние изроди (Нефили), кои беа настанати од Паднатите ангели и ќерките човечки, кои живееја пред потопот, кога Ное им проповедаше но тие не се покорија, кога Божјата долго-трпеливост ги очекуваше.

По Христовото Воскресение, смртта беше победена и она прво место, место на Блаженство или „крило Аврамово“ или пред-слика на вистинскиот рај (каде што беа Аврам, лазар и сите верници), заедно со Исус беше пренесено на небото заедно со сите души кои што беа во него.
Душите од Второто место, место на мака, останаа на своето место се до денес и тука ќе бидат се до денот на второто воскресение и Големиот Страшен Суд.

Значи: Сите верници од овие 2000 години кои умираат во Исуса Христа, не одат повеќе во Адот (Шеолот или Подземјето) во првото место, место на Блаженство, бидејќи тоа е празно и пренесено на Небото, но одат директно на Небото да бидат заедно со Исуса Христа, се до првото воскресение кога треба телото од Гробот (на еврејски Квебер) да воскресне и да се соедини со душите кои се на небото.

Сите неверни кои умираат во овие 2000 години, нивните души и понатаму одат директно во Адот (Шеолот или Подземјето) или како што во претходните постови кажав ПРИТВОРОТ, и го чекаат денот на второто Воскресение и Големиот Страшен суд.
Тие души престојуваат во тоа второ место наречено место на Мака, кое е слика на Огненото езеро или Пекол, и ова место на мака не е вечно.
Вечно е Огненото езеро (на еврејски Хегена или Геена) а на македонски Пекол, кога после Второто Воскресение телото и душата ќе се соединат, ќе им биде судено на Големиот и Страшен Божји суд, и комплетниот човек ќе биде фрлен во Огненото Езето кое е вечно (Откровение 20:11-15), каде што првите негови жители се Сатаната (древната змија која ги лажеше народите),Анти-Христот и Лажниот Пророк (Откровение 20:10), а после нив сите осудени на Големиот и Страшен суд.

Во македонскиот превод на Откровение 20:14, се вели: А смртта и пеколот беа фрлени во огненото езеро. Тоа е втората смрт.
Но во оригиналните текстови стои: А Гробот (Квеберот) каде што престојува телото и Адот (Шеолот, Подземјето, Притворот или на мак. Пеколот) каде што престојува душата на умрениот, беа фрлени во Огненото езеро (Хегената или Геената) Вистинскиот Пекол, кој што е вечен и нема враќање назад или „Извини Господи не знаев за ова место“.










Со почит, Госпел.







 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Прв човек кој влегол во Рајот, е токму разбојнкиот од крстот, со што е јасно покажана Христовата милост и човекољубе на дело, а не на „папир„. Разбојникот влезе во Рајот во петок, согласно Христовото ветување. Црквата има и сведоштва од поединци кои до духот свој биле во Рајот и навистина го виделе разбојникот! Ете, разбојникот ги испревари богоугодниците и влезе во Рајот во петок, а душите од упокоените влегуваат во Рајот во сабота. Или, како тоа се вели, „...првите ќе бидат последни, а последните први...„.
Не е точно ова што си го напишал. Разбојникот заедно со Исуса Христа замина во Адот (Шеолот или Подземјето) првото место во крилото аврамово, затоа што сеуште Исус не е воскреснат и смртта не е победена. Разбојникот во Адот престојуваше три дена исто колку и Исус Христос. Со Воскресението целото тоа место беше пренесено на небото, бидејќи се отвори вратата на милоста со Христовото воскресение и победата над смртта.

Пред Воскресението и пред победата на смртта, ништо нечисто не можеше да влезе во небото. Со пролеаната крв Христова, со Воскресението и со победата над смртта сите се очистени и се отвота вратата на небесниот рај кој што е вечен.
Очистувањето доаѓа откако ќе се пролее крвта Исусова и по никој друг начин.

Тоа што Старозаветните верници престојуваа во местото на милоста, тоа беше само „залог“ ветување дека ќе престојуваат во вистинскиот небесен рај, ама после воскресението Христово и победата над смртта. Затоа и тоа место претставуваше само слика на вистинскиот небесен рај кој што допрва требаше да дојде.



Христос беше во пеколот во саботата, после петокот, по распетието.
Точно така. Но остана во него до Неделата, се до неговото воскресение. А дека е така, потврдуваат Исусовите зборови кога и рече на Марија Магдалена: не се допирај до мене бидејќи сеуште не сум бил при Отецот.

Дали пеколот ќе го именуваме вака или така, ништо битно не менува во учењето.
Менува и тоа како! Затоа после „накалемувате“ други учења, како што се Митарствата, Задушниците и кој знае уште колку ред други.



Нека ме поправат православните форумџии ако сум во криво.
Подобро би било, нека ме поправат оние кои ја читаат Библијата. Бидејќи кој чита ќе разбере - тоа го тврди Библијата!



Со почит, Госпел.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Хмммм...ај, нека ти биде според верата твоја. Во принцип, не сакам да давам два одговори на исто прашање.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
И јас истото би го рекол....нека ти биде според верата твоја!!!

Но за да не постојат заблуди, затоа и опширно образложив, а тоа што ти го тврдиш, ниту Православната црква не го тврди тоа како тебе.

Значи...убаво проучи ги православните тумачења.

Инаку дали ќе го држиш едното или другото тумачење....нема некоја улога околу спасението на душата.
Спасението и без ова учење може да биде загарантирано само по основ на вера во Исуса Христа и очистување единствено преку неговата скапо пролеана крв на Голгота.


Поздрав и тука завршувам со оваа тема.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во твоето опширно објаснување, за мене е очигледно дека самиот си додаваш нешта кои се вклопуваат во некое учење , кое не е православно. Имено, велиш дека разбојникот во Адот бил 3 дена (од кај ли ти е ова...), иако Христос самиот му вети на разбојникот дека уште во петок ќе биде во Рајот а не во пеколот. Велиш дека и Христос бил во Адот 3 дена (од кај ли ти е ова...), кога е јасно дека Христос во саботата (само 1 а не 3 дена) беше во пеколот. Велиш, крилото Авраамово било пренесено на небото, кое мене ми звучи како плод од нечија рационална конструкција, за да звучи убедливо, а не тврдење со библиска подлога. Велиш, Христос не допушта допирање до Неговото тело, оти Он сеуште не бил кај Отецот-кој не бил кај Отецот, Синот или Христос? Синот Е непрекидно во заедница со Отецот, а Христос сеуште не Е вознесен на Небесата. Велиш, митарствата биле измислица-не се измислица, туку се последица/сознание засновано на живеењето според верата а не на бесконечното цитирање стихови од Писмото, без грам личен подвиг. Велиш, задушницата е новотарија-не е новотарија, туку е црковна одредба, со која земскава Црква го покажува своето внимание кон душите од своите упокоени членови, оти „...Бог е е Бог на мртвите, туку Бог на живите..„.

И така натаму...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Како што погоре кажав, тука завршувам со оваа тема!!!

Но морам да ти го кажам и овој мал совет од мене: Кога веќе се дрзнуваш да учиш и да поучуваш други луѓе (пишувањето на форумов претставува поука на други луѓе), имај на ум и на знаење, дека за секој погрешен збор и верување што ќе излезе од твојата уста и со тоа погрешно ги научиш луѓето, ќе дадеш „Отчет“ (одговор) пред Бога.
Крвта нивна ќе вика против Тебе во оној ден, како што викаше Авеловата крв против Каин, кога Каин го уби неговиот брат Авел!!!

Со секое погрешно учење или презентирање на нашата погрешна вера, им ја отвораме на луѓето вратата на Пеколот и живи ги втеруваме во него.
Со секое погрешно учење, ги наведуваме луѓето на погрешниот (кривиот) пат и ги убиваме.

Пред да решиш да поучуваш и да презентираш, знај дека земаш одговорност за секој збор што ќе излезе од твојата уста.

Затоа ...ако не сме спремни тоа да го правиме, да си веруваме во она на што сме научени, но не и да презентираме и да поучуваме, бидејќи одговорноста е преголема.

Навистина според (Езекиел 33:7,8,9) повикани сме од Бог да ги разобличуваме и да ги одвраќаме луѓето од нивниот погрешен пат , но секогаш најпрвин да се преиспитаме самите себе, со помош на Божјиот збор Библијата, дали и ние не стоиме на тој погрешен пат.
Библијата е единственото мерило (аршин), кое што ќе ни покаже, дали стоиме или не, на вистинскиот или кривиот пат. Сето останато е млатење на слама.

Ова беше само еден мал совет до тебе и немој да ми замериш за тоа. Тоа важи и за мене и за сите останати презентери на верата. Добро да се преиспитаме!!!


Поздрав и секое ти добро.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во ред, го прифаќам советот, со мала напомена: ние, православните рисјани, го живееме и Писмото и Преданието, што значи, теоријата (катихизисот) ја практикуваме преку личниот подвиг, преку делата, преку својот живот (пракса).

Плус, јас не поучувам, немам такво одобрување (благослов), туку сакам да посведочам за својот Бог и за мојата вера, онака како ја исповеда Црквата. На крајот на краиштата, моите грешки се мои лични грешки, не грешки од Црквата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Според (1 Петрово послание 3: 19-20) Исус (душата негова) слезе и престојуваше во Адот (Шеолот или Подземјето ) и им проповедаше на духовите кои беа во темнина. Во Македонскиот превод стои зборот „духовите кои беа во темнина“, но во оргиналите стои им проповеда на „духовите кои беа во Тартарусот“
Кои се тие оригинали? Јас колку што знам не е сочуван ни еден оригинален ракопис од новозаветните текстови. Имаме подоцнежни копии и преписи. На кој од тие преписи се повикуваш кога кажуваш дека е “оригинал“. Јас во Вулгата не наоѓам таков текст. Таму пишува:

19 In quo et his, qui in carcere erant, spiritibus veniens praedicavit
20qui increduli fuerant aliquando, quando exspectabant Dei patientiam in diebus Noe, cum fabricaretur arca: in qua pauci, id est octo aniae, salvae factae sunt per aquam.

значи споменува само проповедање на душите кои беа затворени (или во затвор)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Велиш...... „јас колку што знам...“


Тоа значи дека доволно не знаеш. Затоа испитувај и истражувај за да знаеш повеќе.

Инаку ... Вулгатата е еден од најлошите преводи, кои ја користат Католиците.


Велиш....„значи споменува само проповедање на душите кои беа затворени (или во затвор) “

Точно така .....и преку овој лош превод се доаѓа до смислата на тоа што јас го тврдев.

Духовите на Нефилите кои се затворени во Тартарусот (тоа е посебно место (затвор) во најдолните места на Подземјето или Адот, Шеолот),.

Инаку зборот Нефили - се употребува за посебна врста на луѓе (изроди) кои што се изродиле пред потопот, кога Божјите синови (отпаднатите ангели) кои што биле фрлени на земјата заедно со Луцифер, земајќи човечки тела почнале да ги земаат за жени човечките ќерки. (Битие 6 глава)

Од тие паднати ангели (демони) и човечките ќерки, изродени се посебна врста на изроди, Титани, Џинови, со огромни димензии, кои што вршеле секакви Беззаконија на земјата и во нив немало Страв Божји. Затоа Бог решил да ги уништи и да ја исчисти земјата со потоп.
( И денес археологијата пронаоѓа скелети од луѓе со огромни димензии, од 3-5 метри, големина)

Духовите на овие изроди (Нефили), кои што Бог ги уништи се затворени во Тартарусот, во најдолните краишта на Подземјето или Адот (Шеолот) и се чуваат да бидат пуштени, за времето кога треба да затруби петтата труба, опишана во Откровението 9 глава, за време на Големите невољи кои треба да траат 7 години на земјата.


Еве што известува Откровение 9 глава:
1 Затруби и петиот ангел, и видов ѕвезда како падна од небото на земјата. И и се даде клучот од кладенецот на бездната; 2 па го отвори кладенецот од бездната, и од кладенецот излезе дим како дим од голема печка; сонцето и воздухот потемнеа од димот на изворот.
3 И од димот се појавија скакулци по земјата, и им се даде власт, каква што имаат земните скорпии.
4 И им се рече: да не ја повредуваат земната трева, ниту какво и да е зеленило, ниту некое дрво, а само оние луѓе, кои немаат печат Божји на челата свои.
5 И им се даде да не ги убиваат, туку само да ги мачат пет месеци; и мачењето нивно беше како мачење од скорпија, кога каснува човек.
6 Во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.
7 По својот облик скакулците личеа на коњи, приготвени за војна: на главите нивни имаше како златни круни, а лицата им беа како лица човечки;
8 имаа коси како косите на жени, а забите им беа како заби на лавови.
9 И имаа оклопи како оклопи од железо; а шумот на нивните крилја беше како шум од коли со многу коњи, кога трчаат во војна.
10 Имаа, пак, опашки како скорпиите, а на опашките осила и им беше дадена сила да им пакостат на луѓето пет месеци,
11 И за цар над себеси го имаа ангелот на безданата; името негово по еврејски е Авадон, а по Елински - Аполион.



(Откровение 9:1-11)






Како што во еден од постовите кажав дека во Македдонскиот јазик, поради недостиг на соодветен збор, на многу места за разни термини се користи изразот Пекол, така и во овој случај, Тартарусот е заменет со терминот - Бездна.


Значи ....Бездната, Затворот или најдолните краишта на подземјето, каде што се затворени духовите на Нефилите, на Еврејски се нарекува Тартарус.


Истото име Тартарус, го сретнав пред извесно време во една Православна книга со српски превод, така да и авторот на книгата (кој е православен свештеник), Тартарусот го преведува со најдолните краеви на подземјето.
Книгата беше во ел.форма, па ако успеам да ја најдам, ќе ти ја препорачам да ја прочиташ. Имаше интересни тумачења.




Поздрав.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
се кажа се изнаанализира и кој колку знае и кој што знае само не кажа од кој “оригинал“ ти ја црпеш информацијата.
Ова можеби сега ќе те изненади но од Вулгатата потекнуваат сите преводи на денешни библии и свети писма. Кога собрале сите пишани текстови кога ги уобличиле, составиле, св. Јероним ги превел на латински и неговиот превод стана прва збванична и официјална комплетна библија (стар и нов завет). Немало други. До тогаш по разни цркви се читале и проучувале разни текстови и компилации на истите. Некои биле речиси идентични на денешната верзија која ја знаеме, некои се разликувале помалце или повеќе. После со вековите како кој народ прифаќал христијанство се преведувала на нивен јазик како која црква си се делела и формирала си правела своја верзија и преводи на бииблија. Али појдовна точка, нултата точка за библијата и нејзините преводи до денешен ден е вулгата. Ако е таа лоша, тогаш и твојата библија, на твојата црква е превод на превод од лош оригинал.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
...ние, православните рисјани...
Морам да те корегирам! Гледам дека многу пати го употребуваш терминот „Рисјани“. Бидејќи христијанството се појавува и е опишано во НОВИОТ ЗАВЕТ, никаде во Новиот завет не постои термин „Рисјани“, туку „ХРИСТИЈАНИ“.

Од Христос = Христијани и Христијанство.

Терминот Рисјани - според мене е погрден израз, од луѓе кои што не си ја познаваат својата Христијанска вера, кои што само формално се нарекуваат „Рисјани“ но немаат ни едно мало „х“ од Христијанство. Истото тоа важи, кога Мислиманите не нарекуваат ѓаури, па од тука произлегло каури, но едно огромно мнозинство на луѓе самите себе си се нарекуваат Каури, незнаеќи ништо за својата вера и за вистинското значење на терминот Каур или Ѓаур = ѓавол.

Затоа кога веќе си решил да се посветиш на Христос и Христијанството, нарекувај се доследно со името на нашиот спасител Христос = Христијанин, а не ‘Рисјанин.









.....јас не поучувам, немам такво одобрување (благослов)...
Ако си ја читал Библијата, ќе најдеш огромен број одобрувања и благослови кои што се однесуваат и на тебе, за да поучуваш, презентираш, разобличуваш. упатуваш, укоруваш, луѓе...но единствено само преку дадениот ни авторитет на сите Христијани - Светото Писмо Библијата.

Пример за повик и благослов од Бога да поучуваме:

Па им рече: “Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. Кој ќе повеерува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. (Марко 16 глава)

И тебе, сине човечки, Јас те поставив како стражар, ТИ ќе слушаш слово од Мојата уста и ќе ги вразумуваш од Мене. Кога ќе му речам на грешникот: 'грешнику, ти бездруго ќе умреш', а ти не му кажеш ништо, не го опоменеш беззаконикот да го остави неговиот пат, грешникот ќе умре за својот грев, но крвта негова ќе ја барам од раката твоја. (Езекиел)

...........и ред други примери.







... На крајот на краиштата, моите грешки се мои лични грешки, не грешки од Црквата.

Точно така, Твоите грешки се Твои лични грешки, за кои самиот ќе дадеш одговор пред Бога, но немој да мислиш дека и Црквата и црковните Авторитети ќе бидат одминати, ако погрешно те научиле и не ти укажале на твоите лични грешки. И на нив ќе вика крвта твоја и моја, како што викаше Авеловата крв против Каин, кога Каин го уби својот брат Авел.
Никој нема да биде одминат, во тоа биди сигурен. Ни Ти, ниту Јас, па ниту црквата.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Морам да те корегирам! Гледам дека многу пати го употребуваш терминот „Рисјани“. Бидејќи христијанството се појавува и е опишано во НОВИОТ ЗАВЕТ, никаде во Новиот завет не постои термин „Рисјани“, туку „ХРИСТИЈАНИ“.

Од Христос = Христијани и Христијанство.

Терминот Рисјани - според мене е погрден израз, од луѓе кои што не си ја познаваат својата Христијанска вера, кои што само формално се нарекуваат „Рисјани“ но немаат ни едно мало „х“ од Христијанство. Истото тоа важи, кока Мислиманите не нарекуваат ѓаури, па оттула произлегло каури, но едно огромно мнозинство на луѓе самите себе си се нарекуваат Каури, незнаеќи ништо за својата вера и за вистинското значење на терминот Каур или Ѓаур = ѓавол.

Затоа кога веќе си решил да се посветиш на Христос и Христијанството, нарекувај се доследно со името на нашиот спасител Христос = Христијанин, а не ‘Рисјанин.











Ако си ја читал Библијата, ќе најдеш огромен број одобрувања и благослови кои што се однесуваат и на тебе, за да поучуваш, презентираш, разобличуваш. упатуваш, укоруваш, луѓе...но единствено само преку дадениот ни авторитет на сите Христијани - Светото Писмо Библијата.

Пример за повик и благослов од Бога да поучуваме:

Па им рече: “Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. Кој ќе повеерува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. (Марко 16 глава)

И тебе, сине човечки, Јас те поставив како стражар, ТИ ќе слушаш слово од Мојата уста и ќе ги вразумуваш од Мене. Кога ќе му речам на грешникот: 'грешнику, ти бездруго ќе умреш', а ти не му кажеш ништо, не го опоменеш беззаконикот да го остави неговиот пат, грешникот ќе умре за својот грев, но крвта негова ќе ја барам од раката твоја. (Езекиел)

...........и ред други примери.










Точно така, Твоите грешки се Твои лични грешки, за кои самиот ќе дадеш одговор пред Бога, но немој да мислиш дека и Црквата и црковните Авторитети ќе бидат одминати, ако погрешно те научиле и не ти укажале на твоите лични грешки. И на нив ќе вика крвта твоја и моја, како што викаше Авеловата крв против Каин, кога Каин го уби својот брат Авел.
Никој нема да биде одминат, во тоа биди сигурен. Ни Ти, ниту Јас, па ниту црквата.
Ај сеа не се обидувајте да укажувате еден на друг кој е поголем познавач н аисторијата (библијата како сакате), туку одговорете н аконкретните прашања.
И мене како Теист (разумен верник) ми е битно да одговорите на прашањето на Лет3 кој според вас е оригиналот откај што ги црпете инфо-ата?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Морам да те корегирам! Гледам дека многу пати го употребуваш терминот „Рисјани“. Бидејќи христијанството се појавува и е опишано во НОВИОТ ЗАВЕТ, никаде во Новиот завет не постои термин „Рисјани“, туку „ХРИСТИЈАНИ“.

Од Христос = Христијани и Христијанство.
Исус никогаш во свое време не бил наречен Христ. Тој во свое време беше викан Месаја. Тое е зборот. Грците, векови подоцна тоа МЕСАЈА го превеле на грчи ХРИСТОС (помазан) и од грчки превод на хебрејски оригинал е денес Христијанин.

Вистинското име му е Јехошуа. па преку латински превод на грчки превод дојдовме до Исус.

Значи да живееше ти пред 2000 години и да му викнеше Еј Исусе... Христе... немаше да се сврти, немаше да се познае во тие имиња, ќе требаше да му викнеш ЈЕХОШУА... МЕСАЈО...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
... кој според вас е оригиналот откај што ги црпете инфо-ата?
Оној кој е напишан на оригиналниот јазик, Еврејски или Грчки, во зависност дали се работи за стар или Нов завет.
Сето останато на друг јазик се нарекува - Превод и подлежи на грешки. Таков превод е и Вулгатата, напишана на латински јазик, кој што изобилува со грешки во преведувањето. Но сепак и лошиот превод е подобар од никаков превод на мајчин јазик.

Но бидејќи сите не знаеме еврејски и грчки, тогаш ќе си го читаме преводот, а за оние места каде што мислиме дека се неточно преведени, ќе споредуваме превод од превод, или ќе ги прашуваме и ќе ги читаме коментарите на стручњаците по Еврејски и Грчки јазик.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom