Ajде вака една споредба.
Две деца, сами, без родители.. Оставени во дом, сами на себе. Отсекогаш биле сами, сами се снаоѓале, станале посилни, нели, условите така им налагаат.
Ајде друг пример.
Две деца, со една мајка, татко им штотуку починат. Да те прашам.. На кој им е потешко?.. На овие две деца од домот кои знаат дека никогаш не ни ги имале родителите, или на овие две деца што го изгубиле родителот, а знаеле дека некогаш го имаат?..
Знајш како велат? Поарно е да немаш, отколку да го изгубиш она што го имаш.. Бидејќи, оние кои немаат, не ни знаат како е да го имаат. А многу полошо е кога знаеш дека нештото си го имал, ама си го изгубил.
И верувам дека баш тие деца кои останале сами, кои се борат за егзистенција, се многу посилни од сите мамини и татини галеници и ќе успеат многу повеќе.