Многу едноставно: во овие стихови, Св. Ап. Јован Го споменува Бога Отецот, оти Отецот навистина никој (нити еден човек) не Го видел. За разлика од Отецот, Кој се јави како глас од Небото, Синот Божји се овоплоти преку Исуса Христа и стана видлив, а Духот Свет, на крштевањето Христово, виден Е во облик од гулаб.
Денешните светогорски врвни монаси, Го гледаат Духот Свет како силен оган, а Го гледаат и Синот Божји, преку ликот од Богочовекот Исус Христос. Никој од нив не вели дека Го видел и Отецот, Кој останува невидлив.