Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Прашање:

Која е апсурдоста на користење на современа технологија, ака телефони со екрани на допир, или компјутери со интернет од страна на верниците, кои мислат дека се` е створено од Господ?

Дали тој, создателот ѓи направил овие "чуда"?

модераторе: Не бриши :) Сакам одговори.
Sozdatelot napravil edno pogolemo cudo a toa e Pametot, bez pametot tesko deka covekot ke napravil nekoj telefon so dopir.:smir:
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Не, туку Бог Таткото го испратил Бог Синот. Таткото и Синот се едно, но не едно исто. Исто како што и човекот има дух, душа и тело, а сепак е еден човек.
[/COLOR]
Не. Не го земај овој пример кога сите многу добро знаеме дека душата нема да излезе од нас да оди да заврши некоја работа, а телото за тоа време ќе ја чека. :pos2:
За разлика од ова, Бог отецот, Синот и светиот дух цело време се одделени еден од друг. Додека отецот беше на небото, синот се распнуваше. Што значи тие функционираат различно !

--- надополнето ---

Прашање :
Дали според вас е во ред Бог да има син а да нема ќерка?
Земајќи го во предвид тоа што Бог вечно ќе остане отелотворен во Исуса, значи ќе го има неговото тело кое е машко.
Исто така неговото тело е бело, значи им се дава предност на белците над црнците.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не. Не го земај овој пример кога сите многу добро знаеме дека душата нема да излезе од нас да оди да заврши некоја работа, а телото за тоа време ќе ја чека. :pos2:
Примерот е сосема адекватен. Бог Таткото не го чекал Божјиот Син на небото додека овој не ја заврши работата, туку бил постојано со него:

„Еве, иде часот, и веќе дојде, за да се разбегате секој на своја страна и да Ме оставите Мене Сам; но сепак не Сум Сам, зашто Татко Ми е со Мене.“ (Исус, ев. Јован 16:32, Библијата)
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Примерот е сосема адекватен. Бог Таткото не го чекал Божјиот Син на небото додека овој не ја заврши работата, туку бил постојано со него:

„Еве, иде часот, и веќе дојде, за да се разбегате секој на своја страна и да Ме оставите Мене Сам; но сепак не Сум Сам, зашто Татко Ми е со Мене.“ (Исус, ев. Јован 16:32, Библијата)
Бог е секогаш со сите, не беше само со Исуса ! Но она што ти не го разбираш е, дека Исус како син Божји функционираше сам. Или сакаш да кажеш дека и отецот бил дел од спектаклот со жртвувањето ?
Е не. Зошто Бог отецот го пратил својот син да се жртвува, што значи синот е тој кој сам го трпел жртвувањето, додека отецот се набљудувал. Функционирале одделено.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Бог е секогаш со сите, не беше само со Исуса ! Но она што ти не го разбираш е, дека Исус како син Божји функционираше сам.
„Еве, иде часот, и веќе дојде, за да се разбегате секој на своја страна и да Ме оставите Мене Сам; но сепак не Сум Сам, зашто Татко Ми е со Мене.“ (Исус, ев. Јован 16:32, Библијата)

Или сакаш да кажеш дека и отецот бил дел од спектаклот со жртвувањето ?
Во моментот пред Исус да умре, Бог Таткото го напуштил Синот, но веднаш потоа Исус го предал Својот Дух во Татковите раце. Но дури и нашата дух го напушта нашето тело при телесната смрт. Оттаму аналогијата е уште поиздржана.
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
„Еве, иде часот, и веќе дојде, за да се разбегате секој на своја страна и да Ме оставите Мене Сам; но сепак не Сум Сам, зашто Татко Ми е со Мене.“ (Исус, ев. Јован 16:32, Библијата)

Во моментот пред Исус да умре, Бог Таткото го напуштил Синот, но веднаш потоа Исус го предал Својот Дух во Татковите раце. Но дури и нашата дух го напушта нашето тело при телесната смрт. Оттаму аналогијата е уште поиздржана.
Не ! Како што сам кажа, таткото го напуштил. Значи не е битно дали на секунда или минута, тоа е јасен доказ дека синот и таткото функционираат посебно.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не ! Како што сам кажа, таткото го напуштил. Значи не е битно дали на секунда или минута, тоа е јасен доказ дека синот и таткото функционираат посебно.
Отецот и Синот и Светиот Дудх, ги нарекуваме и пресвета, единосуштна, неслиена и неразделна пресвета Троица и од таму е совршено јасно дека Отецот не Го напуштил Синот ни за наносекунда! Теологијата дека Отецот „на кратко„ (колку траело тоа „на кратко„? Секунда, две, минута?...) Го напуштил Синот, тоа е теологија „за по дома„.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не ! Како што сам кажа, таткото го напуштил. Значи не е битно дали на секунда или минута, тоа е јасен доказ дека синот и таткото функционираат посебно.
Јас не спорев и не спорам дека тие можат да функционираат посебно. Па и телото и духот можат да функционираат посебно. На пример при твојата телесна смрт. Телото гние во земјата, а духот оди кај Бога. Ете уште една потврда дека аналогијата со телото и духот е валидна ;)
 
reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
Ако Исус е Бог, може некој од вас да ми објаснува околу овие Библиски цитати?

Бога никој никогаш не Го видел;…"
(Јован 1:18);

А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе."

(Јован 5:37);
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Многу едноставно: во овие стихови, Св. Ап. Јован Го споменува Бога Отецот, оти Отецот навистина никој (нити еден човек) не Го видел. За разлика од Отецот, Кој се јави како глас од Небото, Синот Божји се овоплоти преку Исуса Христа и стана видлив, а Духот Свет, на крштевањето Христово, виден Е во облик од гулаб.

Денешните светогорски врвни монаси, Го гледаат Духот Свет како силен оган, а Го гледаат и Синот Божји, преку ликот од Богочовекот Исус Христос. Никој од нив не вели дека Го видел и Отецот, Кој останува невидлив.
 
Значи Исус не е Бог тој е Синотбожји, Бог е некој сосема трет и Тој има син , ако има и син тогаш треба да има и жена, ако има жена, значи има потреба и од секс ?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.786
Значи Исус не е Бог тој е Синотбожји, Бог е некој сосема трет и Тој има син , ако има и син тогаш треба да има и жена, ако има жена, значи има потреба и од секс ?
Никој не вели дека Бог никој не го видел, туку никој не го видел Отецот.
 
reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
Никој не вели дека Бог никој не го видел, туку никој не го видел Отецот.
Во ред, од кај зимате за право вие да го нарекувате тогаш Исус за Бог, дали тој рекол за себе дека е Бог?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.786
Во ред, од кај зимате за право вие да го нарекувате тогаш Исус за Бог, дали тој рекол за себе дека е Бог?
Да.
"Јас сум Алфа и Омега, почеток и свршеток..."
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи Исус не е Бог тој е Синотбожји, Бог е некој сосема трет и Тој има син , ако има и син тогаш треба да има и жена, ако има жена, значи има потреба и од секс ?
Очигледно е дека доаѓаш од религија, која сака се да објасни само со чисто рационални и материјални категории и за која духовноста не е ни мисловен поим.

Еве една рационалност, со која може да се објасни Исусовата/Синовската Божја природа: како што моите родители, припадници на човековиот род, се луѓе, тие мене ме родиле како човек, како дел од човековиот род а не дел од некој втор, трет или „х„ биолошки род. Аналогно на претходно напишаното, Бог Отецот Го раѓа Бога Синот, но Бог не е човек, туку дух, па така еден дух раѓа друг дух, без материјална потреба, т.е. еден дух раѓа друг дух, без потреба од мајка/од жена.

Патем кажано, Богот Син бил во единство со Бога Отецот, пред Богот Син да биде роден.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom