Во исламските земји каде на сила е исламскиот шеријат венчањето ( стручно шеријатско венчање) е полноважно и официјално, додека во секуларните држави тоа не е така од причина што верата е одвоена од државата. Да бидам искрен, не знам како е тоа уредено во арапските секуларни држави.
--- надополнето ---
По многу нешта и од теолошки и од политички карактер. Поопширно за истото најди во некоја енциклопедија.
--- надополнето ---
Горе - доле, колку кај нас.
--- надополнето ---
Зависи од тежината на гревовите. Некои Бог ќе ги прости а некои не.
--- надополнето ---
Постои дел од исламските учени кои што тврдат дека ехлул – фитре постојат во правиот смисол на овие зборови и дека тие ќе имаат оправдување за своето неверство или заблуда, бидејќи до нив не допрел Аллаховиот Збор. Тие ова тврдење го оправдуваат со примерот на некои племиња кои што живеат во Средна Африка. Овие племиња се уште никому не му дозволуваат да влезе во нивните населби и сеуште живеат примитивен живот, далеку од секоја цивилизација и вера. По тоа заклучуваат дека до нив не допрел исламскиот повик, како ни другите вери пред него.
Во случај до некои сепак да не допрела Аллаховата Објава, ним ќе им се даде шанса на Ахирет.
Имам Ахмед во својата збирка го пренесува хадисот во кој Мухаммед с.а.в.с. рекол: “ Четири особи ќе се правдаат на Судниот ден : Глувиот човек кој ништо не чуел, лудиот човек, опаднат старец и човек кој што умрел во периодот помеѓу два пратеника. Оној кој што бил глув ќе рече : ' Мој Господару, кога дојде исламот, јас ништо не слушнав.' Лудиот ќе рече :' Мој Господару, кога се појави исламот, децата врз мене фрлаа измет'.Опаднатиот старец ќе рече : ' Мој Господару, кога дојде исламот, јас ништо не разбирав '.Оној кој што умрел во периодот помеѓу два пратеника ќе рече : 'Мој Господару, мене не ми дојде Твој Пратеник.' Аллах ќе го земе од нив ветувањето дека ќе Му бидат покорни, па ќе им нареди да влезат во огнот. Така ми Оној во чии што раце е душата Мухаммедова, кога би влегле во него, ќе го најдат ладен и спасоносен .” ( Ахмед ибн Ханбел : Муснед ).
Токму овој испит ќе биде додатен испит за спомнатите четири категории на луѓе. Ако се вистински верници ќе влезат во огот без приговор. Ако го послушаат на Аллах џ.ш. , тоа е знак дека се верници. А ако не Го послушаат, тоа е знак дека се работи за неверници. А Аллах најдобро знае !