Па шо мајка бараш да коментираш ? Не николче јас немам реален проблем со вработување... ти имаш проблем... затоа што јас можам да конкурирам на сите огласи на кои би можел ти да конкурираш , ама ти не можеш на сите кои би конкурирал јас .... За креативност не знам ама мислам дека твојата професија изобилува со истата, едноставно треба да бидеш извонредно креативен и интелигентен да местиш антени. Јас сваќам дека ти не си исполнет со себе зашто не си постигнал нешто со себе во животот кога требало да постигнеш а што би те исполнувало како човек .... е сега ако ти си утепан во животот, не си мотивиран и једина сатисфакција ти е да тресеш глупости по форуми ( једино место каде некој ќе го прочита она што имаш да го кажеш) има некои кои радо би напредувале во животот , кои имаат предиспозиции за тоа и кои се далеку од курташак како тебе.
Се гледа што правник си/ќе бидеш ако не читаш ко што треба.
Како прво грешно вадиш заклучок од она кое го напишав.
-Местам антени- беше споменато заедно со -додека студирав-.
Идеата беше дека ниедна работа не е срамна и ако тебе ти е тапа да те плаќаат 1000 или 10000 денари, има и други алтернативи.
Има и друга работа која додека не најдеш нешто кое повеќе ќе ти одговара можеш да ја правиш.
Проблемот е со твоето инсистирање на твоето образование, па споменување магистратура, нешто кое ја искажува твојата занесеност од некоја повисока вредност, преголемото мислење кое или ви го всадуваат на факс или и претходно го имале оние кои се решиле за професија право.
Ве прашав и претходно од каде желбата за таква работа, некој одговор не добив.
Мојата работа и моите можности со неа, се каде каде поперспективни од твоите.
Информатиката со неа и вештачката интелегенција и роботиката, работи со кои се занимавам, се каде каде поуниверзални и меѓународно прифатени од нешто кое се вика право во РМ, каде со твојата диплома тешко е дека можеш и некаде надвор да припариш, недај боже опција ко аутсорсинг.
Тебе може ти е подбивање тоа што јас сум имал периоди кога сум изразувал желба/или имал потреба да работам и нешто поинакво од она кое ми е по вокација, но тоа ме прави мене многу поинтересен и послободоумен, па и поспособен човек од тебе.
Не сум се врзал на некои идеи останати од минатиот систем, дека ако завршиш мора одма работа да ти се даде. (па пази, со нешто ко правен, област која е толку заситена).
Зошто ти и останатите тука правници размислуваат така, не би навлегувал, не ве познавам, но впечатлива ми е крутоста, самобендисаноста, потценувањето и потребата да ти се даде се на тацна со тоа што ќе леле, леле си завршил магистратура и пази на некој правен во РМ.
Се потепаа за тебе, вака елоквентно и наобразувано како пишуваш, сигурно понуди од сите страни постојат.
Мора да се разбере дека животот во овој систем е борба. Дали е борба за врски или борба за квалитет, не е од старт важно. Но со тек на време и оние кои влегле со врски или ко што спомна погоре хомо-љубителот со членски од партија, тие работи бргу се менуваат.
Она кое останува е способноста на човек да се издигне над ситните сплеткарии, политички зезанции и примитивни разбирања и да тргне по свој пат, нешто во кое верува, ако верува.
Се друго е минливо и на подолг рок се покажало дека е погубно.