Незнам зошто го напаѓате колегата без потреба ако тој мисли дека д-р Митрев е не доволно професионален колку што се прикажува тоа е негово мислење и треба да се почитува, јас не се сложувам баш со колегата но го почитувам неговото мислење како такво, тоа е само мислење, значи ова е тема каде што секој може да си го каже своето мислење, зошто и како смета дека Митрев е професионалец или не. јас лично сметам дека д-р Митрев заслужува почит, бидејки својата работа си ја извршува на одлично ниво и исто така тој спасил многу луѓе од преголеми финансиски трошкови кои се потребнио за истата операција да се изврши во странство, јас како што споменав двапати се имам сретнато со него и човекот навистина ми делуваше професионално и некако скромно, а тоа е нешто што многу го ценам, но сепак имам сознанија за некои работи кои не се баш добри, а се однесуваат на него, но сепак мислам дека тие ке бидат сенка на неговите заслуги...
Уште доктори на Кајги :buum:
Докторе, прво прочитајте ги моите мислења на темава, па после кажете ми кој е некоректен. Јас го замолив Вашиот колега, како автор на темава, дискусијата да ја доведе до нивото кое е потребно за оваа тема. Да не се повторувам, ама тоа е навистина потребно бидејќи човекот за кого е отворена темава не може да реплицира на нападите, а човекот важи како еден од најдобрите во својата област. Проверете кој го спушта нивото на дискусија. Јас сеуште коректно реплицирам, ама каде и да е ќе го спуштам нивото на дискусија, па ќе почнам кон вашиот колега да се обраќам со животински изрази, со надеж дека ќе се одважи па ќе одговори на прашањата онака како што доликува на еден високообразован кадар, кој извршува јавна работа. Не сакам да помислам какви се докториве со пациентите, ако се вакви на форум. Ова се премногу гневни и нервозни луѓе, а таквите доктори не се баш погодни за да си ги извршуваат обврските на работното место.
Вашиот колега грубо кажано вели дека д-р Митрев залутал во професијав, што спротивното од моето мислење. Јас сметам дека, д-р Митрев не мора да пишува трудови за да докаже нешто. Операциите ја градат репутацијата на еден доктор, а д-р Митрев има голема репутација. Во мојата област, искрено да ви кажам, се препишуваат веќе готовите трудови, но тоа не значи дека јас не си ја познавам работата, струката ми е таква. Да бидам уште појасна, Борис Трајанов е оперски певец тој не пее негови дела, пее туѓи и тука нема ништо спорно. Не може да седне опери да пишува
Не е важно дали д-р Митрев напишал и објавил трудови, важно е како си ја извршува работата. За тие пари кои граѓаните ги даваат, а се премногу малку во однос на оние пари кои треба да ги дадат, услугата е прекрасна. Смртноста кај пациентите е многу мала, иако се работи за операција на срце. Кога правите операција колку и да е едноставна, важно е докторот да знае што прави. Мене не ми е гајле дали тој напишал и објавил 10 или 10.000 трудови. Тоа не е мојата бранша, па затоа напишаното и објавеното за мене се само сувопарен тект. Во оваа држава има многу плукачи. Доколку д-р Митрев не беше стручен кадар, верувајте ми докторе, одамна ќе беше тргнат. Јас не велам дека нема смртни случаи, велам дека процентот е многу мал. Јас не велам дека нема некакви заврзлами во финансиите, велам дека колку и да зема плата малку е. Замислете колку пари треба да дадат пациентите за операција во странство, вака плаќаат многу помалку. Другите клиники каде што се извршуваат операции сметам дека немаат добар кадар за да ги извршува операциите на срце.
Очигледно се губи смислата за што се збори овде ама тоа е. како мозеш ти или било кој друг да каже каде било подобро кога никогаш не си бил таму нити на едното нити на другото место , ама ок
кога ке дојде некогаш денот а ке дојде неминовно е тоа можеби ке се сретнеме во некој ходник кој знае , патиштата господови се чудесни
Не верувам дека ќе се сретнеме во ходник како доктро и пациент. Јас се грижам за моето здравје и фала му на Бога супер ме служи. Доколку имам потреба ќе одам кај стручни луѓе кои си ја знаат работата, а не кај исфрустрирани доктори кои бараат признание за својата работа, скриени позади монитор. Може да биде и уште бетер, втора смена на работа, немате пациенти па седите со нас на Кајги. ДА, тоа е многу пострашна варијанта, оти докажува дека вашата работа не е почитувана, значи не сте се покажале како добар доктор
Ни кажавте дека сте работеле кај д-р Жан Митрев, но сега работите во Систина. Тоа значи дека вие сте биле шутнат од вашето работно место. Знам дека кај д-р Жан Митрев кога потпишувате договор за работа во исто време потпишувате и друг договор за отказ. Д-р Митрев го искористил вашиот потпис, а тоа нас, на луѓето кои веруваме во работата на д-р Митрев, ни покажува дека Вие не сте баш најстручен кадар, оти ако сте биле стручни ќе сторел се` за да ве задржи. Не верувам дека доктор, со она реноме, се плаши од Вас докторе кој сега работите во Систина.
п.с обично не сакам долги постови, ама темава е таква :smir: