Би сакал да се извинам што неможам толку често да го следам форумот и да пишувам, али многу обврски имам во последно време...
Инаку, незнам зошто се води дискусијата за Виља, кога секој може да види дека тој е многу корисен во нападот. Не постигнуваше многу голови во втората полусезона, али поради него пак други постигнуваа. Многу е тешко играч како Виља и Анри кои биле навикнати во претходниот клуб да бидат алфа и омега, цел тим што се вика да работи за нив, да дојдат и одеднаш од централни напаѓачи да бидат прекомандувани во крилни, притоа со задача да отвараат простор, кога се без топка да стојат што е можно поблиску до аут линијата, а кога ќе добијат топка да одат накај шеснаесетникот, со цел да отворат простор за бековите да можат да одат горе долу.
Виља сезонава ова го правеше како да играл минимум 3 сезони во клубот и тоа е тоа што ме изненади, иако повеќето од фановите го гледаат како играч кој е донесен со примарна задача да постигнува голови. Не одете многу далеку, погледнете и запрашајте се зошто тренер како Пеп, со огромна фудбалска интелигенција, човек што знае како Барселона треба да игра, му дава шанса на секој натпревар... Истото беше лани со Бускетс и Туре. Сите сакаа Туре да игра, бидејќи бевме физички постабилни во одбрана, но Пеп го форсираше Бускетс зошто знаеше дека тој може да биде подобра опција од Јаја.
Зборот ми е, дека улогата на Виља е далеку поголема и со многу поголема тактичка важност отколку што некои луѓе мислат.