Ајде време е да се покаже Бојан.
Ова го викаме пред секој натпревар.

Не знам што му е на Бојан, ама ако не се подобри до крајот на сезонава, поарно да оди на позајмица. :nesum:
Иначе, видов на официјалната страница, Џефрен, цела оваа 2010-11 сезона, во сите натпреварувања(Лига, Куп, ЛШ) има одиграно вкупно 75 минути. :shok: Не знам дали да се смеам или да плачам. Деновиве нон-стоп се вртат шпекулации дека на лето најверојатно ќе си замине. Се спомнуваат Селтик и некои англиски тимови како негова идна дестинација.
Најдобро за Џефрен ќе биде да си замине. Нема шанси да заигра прв состав кај нас. На крилата имаме играчи Виља, Педро, Афелај, Меси, Иниеста. Стварно квалитетен и многу талентиран играч е Џефрен(озбилно, не сум ироничен), повредите го зачестија уште како млад. Нека отиде во некој (условно речено) послаб клуб, каде што ќе може да се наметне како стандарден стартен играч.
А, иначе, најинтересно од се е, што цела сезона, со само 75 минути одиграни, има постигнато 1 единствен гол. Погодувате против кој?

