Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
:pos2: Биберчо играл фудбал во Мадрид со дрес на Барса

SPX-045063.jpg


Добро е што после утакмицата не поминал вака

 
Последните натпревари не сме баш нај нај со реализацијата... мора да се подобри, следуваат натпревари од круцијално значење за тимот и за успешноста на сезоната. Џабе ни е се што направивме до сега, ако на крај не освоиме трофеј.

Ама, тоа што се собирало на претходните натпревари ќе пукне на некој натпревар на кој најмалку очекуваме... е тогаш ќе има цунами :)

Инаку сезонава имаме 4 бодови повеќе од истиот период лани. Како што кажа Кројф во својата статија... јас ќе бидам прв кој ќе им симне капа на играчите и тренерот ако ја поминат цифрата од 99 бодови освоени минатиот шампионат на крајот.

Инаку првата сезона кога дојде Пеп тренер, имавме убиствено трио, постигна многу голови, беа смртоносни пред голот на секој натпревар, најдоброто трио во историјата и така натаму... втората т.е. лани бевме многу постабилни во нападот со не така добра реализација (споредено со годината пред тоа) но со далеку поконстантна игра. Годинава имаме микс од двете. Погледнете ги само табелите во најдобрите шампионати во Европа. Милан има 65 бодови, Јунајтед 66, Дортмунд 65 (сите првопласирани во своите лиги) а ние имаме 81 бод и тоа со 82 постигнати погодоци и само 15 примени:cuc:
 
Абе немора да играат тие на кои им се заканува суспензија ако земат уште еден жолт картон.

Сепак најважно е да победиме против Шахтјор со добра разлика,јас и со 2-0 би бил задоволен,ама ако имаме 3-0 од првиот натпревар тогаш нема потреба да се замараме за реваншот.
 
Незнам што се замарате толку за дали ке отсуствува или за реализацијата !

Ја прочитавте изјавата на некој од нашите играчи пред некој ден дека ако некој отсуствува дека тоа не се забележува заради играта која ја игра Барса.
Секако не е сеедно ако отсуствува некој , ама сепак доволно е јака Барса да се справи со тоа.

А и за реализицијата јас мислам дека не се форсираат многу затоа не постигнуваат повеќе голови. Јас сум задоволен со реализацијата . Ако против Шахтјор поминеме со 1 : 0 дома и 0 :0 гости ке бидам пак задоволен .
 
За утре го очекувам ова :

Валдес

Дани Бускетс Пиќе Адриано

Маскерано

Чави Иниеста

Педро Меси Виља
 
Незнам што се замарате толку за дали ке отсуствува или за реализацијата !

Ја прочитавте изјавата на некој од нашите играчи пред некој ден дека ако некој отсуствува дека тоа не се забележува заради играта која ја игра Барса.
Секако не е сеедно ако отсуствува некој , ама сепак доволно е јака Барса да се справи со тоа.

А и за реализицијата јас мислам дека не се форсираат многу затоа не постигнуваат повеќе голови. Јас сум задоволен со реализацијата . Ако против Шахтјор поминеме со 1 : 0 дома и 0 :0 гости ке бидам пак задоволен .
Зарем нема да поостигнеме гол/два и во Доњецк...
Па годинава сме подобри у гости отколку дома ...
По мое мислење ќе има голови и во двата меча
 
ОФИЦИЈАЛНО: Ел-Класико ќе се игра на 16ти април, сабота, од 22:00 часот.
Ова не знам дали е официјално, прочитав на фб дека судија на Ел-Класико ќе биде, Цезар Мунис Фернандез - 'залижаниот'.:icon_lol:
205213_201875939833747_115596971794978_588170_3886250_n.jpg
 
Кај го најдоа овој килавиот...Маленко го немам видено да суди 3/4 месеци...се изгуби човекот.
 
abe so e rabotata so pujol??uste kolku ke bide nadvor od terenite????btw i pedro uste kolku e povreden?
 
abe so e rabotata so pujol??uste kolku ke bide nadvor od terenite????btw i pedro uste kolku e povreden?

И двајцата тренираа неделава со тимот. Педро мислам дека утре ќе биде спремен и ќе започне од првата минута, Пујол не верувам да стартува, можеби на крајот ќе добие некој 15-сетина минути...
 
Во полуфинале дали сигурно ке играме со реал ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom