Каква само сигурност во играта има Тиаго, тоа е феномен. Како 10 години да игра во првиот тим. Нема да е лошо да му се даде шанса против Реал, во зависност од резултатот, се разбира.
На Афелај му недостига уште малку храброст и сигурност. Нека му речат само да си ја игра играта која што ја игра во репрезентацијата на Холандија и нема проблеми. Како и да е, се чувствува напредок, сигурен сум дека ќе ја разбере филозофијата и ќе се вклопи во тимот. Холанѓаните во Барса секогаш биле клучни и најдобри играчи.
Сега најпрво да ги средиме Шахтар(па побезбедно да одиме во Украина). На Камп Ноу, со над 90.000 публика, со Џимирински(Чигрински де) кој ќе ни попушта, мислам дека на би требало да имаме којзнае многу проблеми, освен ако сами не си ги создадеме со (не)реализацијата.
Како и да е, сите овие пропуштени шанси, кога-тогаш мора да експлодираат, а некој сериозно ќе настрада.
Против кутрата Алмерија(која ја победивме со 0-8 првата и 5-0 во купот, а истата таа Алмерија му зеде бод на Мадрид) ќе играме со Пинто на гол, Адриано ваљда(или Монтоја можда) како десен бек, за стопер или Маске, или само Пеп знае кој

и ондак то..
Следете му ја фацата на Адриано:
:pos2: