Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Каталонци, не мислите дека посебно последните 2 години, Валдес е многу underrated голман??
Баш читав коментари по интернет и гледам на многу места за Ривалдо во Барса, нон-стоп кажуваат дека Ривалдо бил најпотценет играч, не ми е јасно зошто.
И баш според покажаното, пред се во последните 2-3 години, мислам дека Валдес е еден од најпотценетите голмани, како Грегори Купе на времето.
 
Најпотценет играч на Барса и воопшто на светот и Михаел Лаудруп...сите други се под него...
 
Каталонци, не мислите дека посебно последните 2 години, Валдес е многу underrated голман??
Баш читав коментари по интернет и гледам на многу места за Ривалдо во Барса, нон-стоп кажуваат дека Ривалдо бил најпотценет играч, не ми е јасно зошто.
И баш според покажаното, пред се во последните 2-3 години, мислам дека Валдес е еден од најпотценетите голмани, како Грегори Купе на времето.
Ај објасни сега шо сакаш да кажеш под потценет, па ќе свртиме еден муабет.
 
Ако се однесува на Валдес, мислам дека е потценет со тоа што за репрезентацијата речиси и не добива шанса. Пред да речете Касиљас е подобар и ја заслужува таа позиција, да ве потсетам дека Валдес до пред 5-6 месеца воопшто немаше повик за репрезентацијата, Пепе Реина го правеа подобар од него.
Друго, во сите листи, списоци, награди за најдобри голмани, Валдес ретко го има, а статистиката покажува нешто друго, дека Валдес е еден од најдобрите, според некој и најдобар. За ова некој ќе рече, така е затоа што Барселона има силна одбрана, меѓутоа Валдес веќе 3 години е во постојана форма, не прави киксеви, фаќа невозможни топки. Кој ја гледа Барселона, знае што зборувам.

А, ако тоа потценет се однесувa на Ривалдо, ни јас не знам зошто, ама скоро секаде во сите листи на Most Underrated Players го има и Ривалдо. Дури и на многу видеа за Ривалдо на Youtube има коментари како 'the most underrated player'.
 
Значи овака сега.
За Валдес се однесуваше тоа. Касиљас си е институција во Шпанија, значи нема шанси Валдес да му го земе местото него. Не за џабе Касиљас е еден од најдобрите голмани на сите времиња.
Валдес на почетокот правеше глупости на секоја утакмица. Едноставно утакмица не минеше а он да не прими некој глупав гол или да направи некој глуп пас кој потоа ќе му донесе шанса за гол на противникот. Е сега во последниве 3-4 сезони Валдес и тоа како ја дигна формата на едно повисоко ниво, знае да фати невозможни топки стварно е одличен голман.
Реина исто така не е за потценување. Он спротивно од Валдес почна да ја губи формата во последниве 2-3 години. Не е тој Реина повеќе, поради што незнам, ама до пред 2 години Реина беше заслужено втор голман на Шпанија. Сега е Валдес втор, ама за да биде прв голман на Шпанциве треба уште многу да се намачи. Ама стварно уште многу
И тие што ја следат Барса и што го следат Валдес од кога заигра во Барса ме интересира дали имате приметено нешто. Кога Валдес уште беше почетник како што кажав редовно правеше глупости на утакмиците. Ама дали иамвте приметено дека он во иста утакмица знаеше да прими гол од 30-40 метри и да успее да одбрани две чисти ситуации за гол (најчесто тоа беа контри кога играчот испаѓаше очи во очи со него). Тоа кај Валдес отсекогаш ми било многу интересно :)
 
Валдес е цар за 1 на 1. Тоа е и причина шо и Кристина му нема даено гол. А да имавме малку повисок тим, годинава немаше ни половина од примените голови да ги имаме.
 
ние цел живот немаме добар голман во барса освен валдес сеа што е овие 2-3 сезони неправи некои катастрофални грешки другите сето киксери ни беа од кога гледам фудбал(97год) .
 
Самиот Валдес при едно интервју искажа дека главна причина поради неговите подобрени способности е неговото дете. Откако се роди малиот, Викецот го прекинал ноќниот живот, го заборавил „пубертетското“ однесување, станал домаќин чоек.. и ете, резултатите ги гледаме на дело. Непамтам да направил некаков кикс во последниве три сезони.
 
Алелуја. Како ретко кога, сите можни играчи ни се здрави. Денеска на тренингот се врати и Максвел, со што тренираа сите 20 играчи од првиот тим плус Тиаго. Од овие 21, Пеп ќе мора да исфрли 3 за натпреварот со Депортиво.
На Риазор, иако Депортиво се цврсти дома, очекувам да освоиме само и само 3 бода. Нерешено не доаѓа во обзир. :)
И сакам да го видам Афелај во прв состав!! Педро ги одигра последните 5 натпревари како стартер, одигра повеќе и од Меси и од Виља, па посакувам да излеземе со овој состав:
Валдес
Дани -Пике-Пујол - Абидал
Серхио
Чави-Иниеста
Меси-Виља-Афелај​
 
Чекај малце, каде стартер, уште учи здраво на шпански да речи
 
Реклама за Златната Топка :)
MES QUE UN CLUB
 
Чекај малце, каде стартер, уште учи здраво на шпански да речи

Абе он зборува на терен. :):) Носорогот не научи ни името да си го каже на шпански, па играше прва постава, а Бојан само го гледаше од клупата.

Иначе, според Сид Лов, новинарот на Гуардиан вака изгледа идеалниот состав на Барса за изминатата деценија 2000-10:

ВАЛДЕС

ПУЈОЛ - ПИКЕ
БЕЛЕТИ - - - - - - - - - - - - - - ВАН БРОНХОРСТ

ЧАВИ
ДЕКО - - - - - - - - ИНИЕСТА

МЕСИ - - - - - - - - - - РОНАЛДИЊО
ЕТО

Составот е доста реален, само јас наместо Пике би го ставил Рафа Маркез. Секоја чест за Пике, ама во Барса дојде 2008, а Рафа овде беше скоро цела деценија, одигра над 200 натпревари и беше еден од најдобрите дефанзивци во светот во своето време(и Пике денес е еден од најдобрите, да неме разберете погрешно). Единствено последната сезона ја одигра на клупата, баш заради незаменливите Тарзан и луди Пике.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom