Еве извадок од интервју на Жозе Мурињо. Овој дел намерно го постирам затоа што овде главно зборува за Барселона.
П: Толкава инвестиција, речиси 80 милиони евра, за да се почне првенството со нерешен резултат, додека Barcelona победува со 3-0 и со аплауз...
ЈМ: Ќе ви кажам јасно и гласно за да разберете еднаш за секогаш. Barcelona е готов производ, Barcelona е школа за фудбал кој живее од структурата која ја сочинуваат Valdés, Puyol, Xavi, Iniesta и Messi кои се 20 години во Barcelona... откако се родени. Barcelona е екипа која нема контрадикторност во својот процес.
П: Заслужуваат толку многу пофалби?
ЈМ: Ти ја гледаш Barcelona денес, таа на Rijkaard, на Van Gaal, Cruyff и можеби некоја ти се допаѓа повеќе од друга, но стилот на игра е тој. Barcelona е готов производ и само се апдејтува. Имаш апликација во твојот компјутер и само кликнуваш update. И освен тоа троши и не малку. Итри луѓе се, кажуваат дека не трошат, дека не купуваат играчи, дека се доаѓа од младинската школа. Некои веруваат во тоа, иако не е точно. Јас сум овде за да се натпреварувам со еден готов продукт.
П: Луѓето го гледаат Mourinho како малку романтичен за фудбал. Дали сте премногу дефанзивен?
ЈМ: Кога сум бил дефанзивен? Објаснете, ве молам.
П: Има фанови кои мислат дека вие се задоволувате со победа на Real Madrid од 1-0.
ЈМ: Да ве потсетам дека со резултат 0-1 против Mallorca денес сите би биле посреќни (хехехе). Ќе ви објаснам. Мојот Real Madrid секогаш ќе сака победа и добра игра, но исто така може да игра и 0-0 во Палма и да има 8 шанси за гол. Мојот Real Madrid ќе ги игра сите натпревари за да победи и секогаш ќе ризикува за да победи. Никој не се сомнева во тоа. Мојот Real Madrid нема да се плаши од пораз. Никогаш.
П: Вашата легенда кажува дека сте ладна и прагматична личност.
ЈМ: Па, читајте ги книгите. Но не само титулите кои сум ги освоил. Мојот Chelsea беше екипа ко најмногу дадени голови во историјата на Premier, се до минатата сезона кога се надмина од самиот Chelsea. Освен тоа, беше екипа со најмногу последователни победи во Premier и се уште го има тој рекорд. Англиската лига во очите на светската јавност е највозбудлива, најофанзивна, најстрастна. И таму го оставив мојот печат. Тоа го кажуваат книгите, не Mourinho.
П: Но на последната ЛШ изгледаше дека Inter игра со контра удари.
ЈМ: Не е точно. Во осмина финале се сретнавме со Chelsea и мојот Inter победи со 0-1 на Stamford Bridge, кој остана нем зошто можевме да им дадеме 4 или 5 голови. Во четврт финале можевме да и дадеме 5 гола на CSKA во Милано и во Москва помнавме лесно. Ни се падна Barcelona во полуфинале и на San Siro им дадовме 3 гола, а можеа да бидат уште два.....
П: А во Барселона?
ЈМ: Во Барселона игравме со 10. Тоа беше историски натпревар за Inter, зошто речиси пола век немаше освоено ЛШ и само финалето беше голем дострел. Со 10 играчи на терен и бранејќи резултат 3-1, што сакаш? И ве потсетувам дека во финалето на Bernabéu, од првата минута, сите знаеја дека Inter ќе го победи Bayern. Ха! Тоа никој не ти го подарува.
П: Проблемот е што Barcelona ја препознаваат по добар фудбал, а Guradiola го нарекуваат “филозоф“, додека вас ве викаат “тврд човек“. И фановите на Real Madrid веруваат во вас поради тоа. Ве гледаат како лек против Barcelona.
ЈМ: Видте, јас знам како се игра против Barcelona. Го знам тоа на памет. 11 против 11. Понекогаш против 10, но и тогаш знам како да преживеам. Barcelona можеш да ја деактивираш само ако играш ти командуваш со твојот стил. Ако сакаш да играш како нив, губиш. Тоа ми е многу јасно. Они сакаат да ги натераат ривалите да играат како нив, зошто тогаш те убиваат, зошто со тој стил на игра се подобри индивидуално и колективно. Јас се соочив со нив три пати во три елиминации. Добив една со Chelsea и изгубив друга. Третиот пат, кога не присуствував јас сите знаеме што се случи со норвешкиот судија. Затоа не играа во финале. И ги сретнав со нив со Inter и ги елиминирав.
П: Но минатата сезона, во фазата по групи ве здробија.
ЈМ: Да, затоа што отидовме на Nou Camp како ангели, симпатични и си заминавме како добрите дечки. Речиси ни дадоа 3 или 4 гола. НО вториот пат кога отидовме таму веќе им беа спакувани куферите за во Мадрид и тогаш не бевме симпатични, спротивото, излеговме мокри од прскалките на терен. Со Barcelona не треба да бидеш симпатичен. Треба да ги разоружиш од првата минута.
П: Следниот 28 ноември Real Madrid оди на Camp Nou исто така со вклучени прскалки?
ЈМ: Не знам, но само кажувам дека ако против Barcelona играш како нив, мртов си. Ако играш како што ти сакаш, можеш да ги победиш.
П: И каков е фудбалскиот стил за да ја победиш оваа Barcelona?
ЈМ: Ние ја бараме формулата. Inter беше подготвена екипа, 10-годишното искуство ми овозможи да создадам еден физички и психички силен Inter. МОјот Inter имаше ѕверска психичка сила за да се бори против екипа која ќе има 70% посед на топка. За да го совладаш тоа, треба да имаш железна организациона тактика. И покрај брзите додавања, не можеа да ја уништат нашата дефанзивна организација, железна одбрана, инсистирам. Тоа е тактички, физички и психички. Inter беше подготвен за се.
П: Овој Real Madrid е подобар од тој Inter?
ЈМ: Ако ме прашате дали мојот Inter е подобар од овој Real Madrid, одговорот ќе биде мојот Inter. Но јас работам за да за два или три месеца да можам да кажам дека мојот Real Madrid е исто толку добар колку и мојот Inter, а за 4-5 месеци да кажам дека мојот Real Madrid е подобар од мојот Inter.
П: И како успеавте да ја надминете Barcelona?
ЈМ: Ако го правиш тоа што они го сакаат, нема ни да стигнеш до гол, паѓаш во нивната замка. Прво потребен ти е притисок горе, но ако играш на мал простор губиш топка во средина и таму, они на 20-30 метри со Messi, Pedro, Iniesta, ток-ток-ток и карај.
П: А кој е клучот за да се избегне таа замка ?
ЈМ: За да не те фатат со изгубена топка во прва фаза мораш директно да излезеш од дефанзивната зона во втора или трета фаза со долги додавања за да ги изненадиш. Нивниот притисок во првата фаза е стршен, зошто ако ја земат топката, брзи се и мртов си. Лоша контрола, едно лошо додавање или лошо примање на топка има даваш брзина 200 на саат и имаш голем проблем. Но кога ја одвлекуваш играта Barcelona има многу проблеми.
П: И ако имаат лоша ноќ, веќе знаете дека овде имаа дарежливи судии кои во Шпанија ги крстивме “Villarato”. Знаете за тоа?
ЈМ: Ќе бидам хипокрит ако го искористам тој аргумент, зошто ми фалат податоци за тоа. Но потврден податок ми е тоа дека Barcelona многу често ги завршува натпреварите со играч во своја корист. Премногу такви случаи. Само моето искуство, во четирите средби со нив моите екипи останаа со 10 играчи.