Камерите и радарите на МВР ставени во функција + презентирана „Пази радар“ апликација

досадно

Ajde da letame
Член од
19 јули 2010
Мислења
120
Поени од реакции
8
Интересно е како сите се жалат (со полно право) дека ретко што е во ред во државава, криминалот се зголемува, сообраќајната култура ни е за никаде...
За потоа кога ќе уведат некоја мерка како ова со камериве, веднаш да распалат баражна стрелба по намалената интимност.

Дури и ОП на првиот пост почнува со носталгија за минатото, продолжува со криминалната сегашност каде баба му ја давеле за ланчето... за на крај умешно да заврши со згрозувањето од нарушената интимност... па нели тоа би помогнало да го фатат разбојникот што ја нападнал баба ти?

Одлучи се пријателе, сакаш сигурност или интимност... двете заедно тешко.
Јас не сум фотогеничен па затоа така реагирам , инаку ти си во право , потребна е поголема безбедност .
Ти сега со камерите си побезбеден од предходно ?
Прашувам затоа што јас не сум , не сум побезбеден со камерите , не ......всушност , после толкуте апсења на полицајци вмешани во трговијата со дрога , , после “ големото уво “ , после ....многу , многу примери од секојдневниот живот во кој се покажа дека полицајците се луге и дека истити понекогаш знаат да ја злоупотребат унииформата .

Еј , вие владини симпатизери , дали знаете дека владите се менливи . дека истиот закон ќе го користи Бранко во иднина ?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.608
Поени од реакции
35.453

Всушност и не сум побезбеден, затоа што полицијата не си ја работи работата. Сепак, мала утеха е дека со снимките може post festum да го најдат прекршителот. Како на пример во тепачката во Охрид пред некоја недела, кога убија човек.

Како што кажа корупцијата е насекаде, на страна што најверојатно и од мрза и недисциплина полицијата не си ја работи работата како што трба. Недостатокот од некаков независен орган на внатрешна контрола е проблемот.

Еј , вие владини симпатизери , дали знаете дека владите се менливи . дека истиот закон ќе го користи Бранко во иднина ?
Инаку, многу ми е смешно како медиокритетите кај нас постојано наоѓаат политички причини зошто некој не го дели нивниот (најдобар нели) став окулу работите.

Е мој хипнотизиран соговорнику... Во средина на политички бљувотини секаде наокулу, мислиш дека тој што го спомнуваш ќе ти ги реши проблемите? Нема таков во државава.

--- надополнето ---

П.С едино што сакам е да им пукаат казни на оние гомнарине шо идат со точак на улица или со мотор кроз коли.. е на нив 100 казни да им дадат ич нема да ми е жал зашто тие најчесто предизвикуваат сообраќајки.. ако не сум у право кажете слободно
2 факти.

Факт 1: Има многу идиоти меѓу тие што возат мотори и точаци.
Факт 2: Во Скопје (освен покрај кејот, значи рекреативно) не можеш безбедно да употребуваш точак за секојдневен превоз. Затоа што нема наменски велосипедски патеки. (не, неколку линии по тротоарите нема да ја завршат работата)
 
Член од
22 април 2008
Мислења
405
Поени од реакции
28
Ако функционира системов добро ќе биде, ваљда ќе има некој резултат ама чисто сумњам...Али да гледаме на посветлата страна! :toe:
 
досадно

Ajde da letame
Член од
19 јули 2010
Мислења
120
Поени од реакции
8
Инаку, многу ми е смешно како медиокритетите кај нас постојано наоѓаат политички причини зошто некој не го дели нивниот (најдобар нели) став окулу работите.

Е мој хипнотизиран соговорнику... Во средина на политички бљувотини секаде наокулу, мислиш дека тој што го спомнуваш ќе ти ги реши проблемите? Нема таков во државава.

Не , со Бранко ги плашам таквите утописти како тебе , ги плашам они кратковидите ...... кои не разбрале дека и УДБА била безбедностана интитуција со свои методи и апаратури .
 
S

smart ass

Гостин
Нека снимат...кој нема што да крие нема да има проблем!!

но во интерес на објективноста мора да констатирам дека сепак партиските кадри го доведоа МВР речиси до квази професионализам и навистина има професионалци и почит до нив...но можноста од злоупотреба е баш кај новите и нестручни партиски кадри...жално дури и МВР не е имуна на партизација,што се однесува до буџетот на МВР истиот треба да се зголемува постепено бидејќи има некои кои се бунат АМА забораваат(намерно)дека криминалот зазема невиден замав и тоа почнувајќи од проституција па трговија со оружје,наркотици и се разбира ОРГАНИЗИРАНИОТ криминал....епа за да МВР биде поефикасно потребни се средства кои би се користеле првенствено за обука на кадрите но и за нова техника.

Алудирам на фактот дека споредбата помеѓу буџетите на АРМ и МВР едноставно е несоодветна иако не се сложувам со детското намалување на буџетот на одбраната бидејќи тоа е систем кој мора постојано да се надоградува,понатаму да има вежби и.т.н а моментално состојбата е...да немаат керозин уствари само на плати се а тоа е срамота за НАТО партиципант но новинарите грешат кога ги споредуваат буџетитена АРМ и МВР бидејќи ингеренциите им се сосема различни и оттука се разбира се има посебен пристап кон финансирањето на ените и другите(то е економика на одбрана).

НЕМА ПОТРЕБА граѓаните да се бунат против овие камери...па нели сакаа БЕЗБЕНОСТ ако сакаат тогаш треба да знаат дека овој систем функционира насекаде..дури има случаи во странство каде се користат и беспилотни летала како германија каде покрај известување за состојбата во сообраќајот исто така следат и криминалци.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.608
Поени од реакции
35.453
Џабе објаснуваш, кога некој сака да го види само тоа што сака да го гледа...

Ако изборот е меѓу контролиран (читај надгледуван) приватен живот и анархија, тогаш и нема нешто многу опции за бирање. Некаква борба против криминалот е подобра од никаква.

Она од што ми се згадува е што нема муабет за ништо а да не се појават ликови што го вртат муабетот на ефтини обиди за политички поени на која и да е страна (од диполната ни политичка стварност).
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799

Борба против криминалот, не заебавај. Кажи ми ти која земја во светот да ја земиме како пример успешно се има изборено против криминалот?
Не постои такво нешто наречено борба против криминалот, тоа е само илузија прикажувана од медиумите наши и светски, полицијата, војската и криминалот се испреплетени меѓу себе тие се дел од еден систем. Па затоа имаме полициски функционери милионери, полициски службеници во блиски фамилијарни или пријателски врски со криминалци, војници од Британија и Канада шверцуваат хероин од Авганистан......
Не се решава проблемот со камери со аларми, со клучеви и катанци туку се решава со едукација со намалување на сиромаштијата помали класни разлики, да нема гладни и жедни, без сопствени домови, кога ќе го нема сето тоа ќе нема и криминал.
 
S

smart ass

Гостин
еве ти пример бе-ШВЕДСКА таму индексот на корупција е 2 додека бројот на убистват како и на кривичните гонења се намалени.

Бучо абе ти сонуваш утопија ама забораваш дека човечкото око е ненаситно за профит(за жал)-зарем мислиш дека е добро да ни ја уништуваат младината некои имбецили!?!?
Зарем е добро да ти го одземат автомобилот и завек да не го најдеш....мислам дека киамерите ќе помогнат.

И мислам дека не ти е јасно баш функционирањето на полицијата имено МВР има обврски сПОРЕД УСТАВ ДОДЕКА ПАК УСТАВОТ Е СЕКАКО ПРИЛАГОДЕН на околностите во општеството-ЗНАЧИ т.н девијации како што е алкохолизам,наркоманија криминал се ИМАНЕНТНИ во секое општество па оттука потребата и за МВР кога стасавме кај околностите во општеството денеска тие се мењаат па оттука треба и полицијата да се прилагоди на новата состојба и на крај краеви да знаеш дека камерите влијаат демотивирачки за крадците и с.л
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.608
Поени од реакции
35.453
Не постои такво нешто наречено борба против криминалот, тоа е само илузија прикажувана од медиумите наши и светски, полицијата, војската и криминалот се испреплетени меѓу себе тие се дел од еден систем. Па затоа имаме полициски функционери милионери, полициски службеници во блиски фамилијарни или пријателски врски со криминалци, војници од Британија и Канада шверцуваат хероин од Авганистан......
Во право си, само не мислев јас на борба против организиран криминал и менување на светскиот поредок...
Но кога се рабори за видот на криминал како кога им крадат обетки на бабички директно од уши и тоа на улица, кога газат луѓе на пешачки па бегаат... тука можат (и треба) да помогнат камери на јавни места.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И мислам дека не ти е јасно баш функционирањето на полицијата имено МВР има обврски сПОРЕД УСТАВ ДОДЕКА ПАК УСТАВОТ Е СЕКАКО ПРИЛАГОДЕН на околностите во општеството-ЗНАЧИ т.н девијации како што е алкохолизам,наркоманија криминал се ИМАНЕНТНИ во секое општество па оттука потребата и за МВР кога стасавме кај околностите во општеството денеска тие се мењаат па оттука треба и полицијата да се прилагоди на новата состојба и на крај краеви да знаеш дека камерите влијаат демотивирачки за крадците и с.л
Устав и закони смешка невидена. Ајде да почниме пошироко малку па како ќе доаѓа така ќе биде околу и за нас. ЦИА шверцува кокаин и хероин во САД одсекогаш и сите го знаат тоа почнувајќи од Лаос и Камбоџа па Колумбија и денеска со Авганистан. Во Бугарија најголемиот мафијаш полициски генерал денеска премиер им е. Во Србија луѓето што извршија атентат на премиерот нивни полицајци беа какви такви имаа полициски легтимации, и случајно беа најголемите дилери за дрога на балканот и едни од поголемите играчи во Европа. Кај нас овде шверцот на цигари нафта го имаат обезбедувано специјалците наши од МВР, професори на полициска академија се скриени сопственици или косопственици на агенции за обезбедување, затоа што според закон легално не можат да бидат. Од поранешен министер на МВР стигна обвинение за висок полициски функционер кој што имал ранч на периферија на Скопје вреден неколку милиони евра, и преку него одела рутата на дрога....
И очекуваш тие што го создаваат криминалот да се борат против него?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.608
Поени од реакции
35.453
Ај види што можеш да направиш за проблемите во светот и кај нас па јави ни...до тогаш ќе се задоволам со намалување на не-организираниот криминал, зошто не и со јавни камери.

Се разбира дека би било добро да го снема злото за кое што пишуваш, ама почекај малку, ова со камериве е најмногу за сообраќајни прекршоци.
Заеби Лаос и Камбоџа па и Колумбија со Авганистан и Македонистан... мене уште ме вчудоневидува сознанието дека на пешачки премин почнаа и да застануваат колите кога поминуваат луѓе.

(едит: додаден линк)
 
S

smart ass

Гостин
Устав и закони смешка невидена. Ајде да почниме пошироко малку па како ќе доаѓа така ќе биде околу и за нас. ЦИА шверцува кокаин и хероин во САД одсекогаш и сите го знаат тоа почнувајќи од Лаос и Камбоџа па Колумбија и денеска со Авганистан. Во Бугарија најголемиот мафијаш полициски генерал денеска премиер им е. Во Србија луѓето што извршија атентат на премиерот нивни полицајци беа какви такви имаа полициски легтимации, и случајно беа најголемите дилери за дрога на балканот и едни од поголемите играчи во Европа. Кај нас овде шверцот на цигари нафта го имаат обезбедувано специјалците наши од МВР, професори на полициска академија се скриени сопственици или косопственици на агенции за обезбедување, затоа што според закон легално не можат да бидат. Од поранешен министер на МВР стигна обвинение за висок полициски функционер кој што имал ранч на периферија на Скопје вреден неколку милиони евра, и преку него одела рутата на дрога....
И очекуваш тие што го создаваат криминалот да се борат против него?
Добро бучо ти КАДЕ живееш???!!

Зарем Р.М ќе ја споредуваш со Лаос Камбоџа и сл(патем ЦИА не шверца наркотици бидејќи имаат сопствен буџет и на крај краеви разузнавачка агенција е но да не одиме офтопик.

Значи еве кај нас сме сведоци на киднапирања,кражби пукање и с.л па размисли малце ЗОШТО е тоа така-еве ќе ти одговорам-очигледно сегашниот модел на функционирање на МВР треба да се прилагоди и да се излечи од партизацијата а се во интерес на граѓаните и верувам дека овие мерки ќе дадат резултат навистина не ми е јасно ШТО е проблемот односно зошто одредени граѓани мсе бунат кога ова е во нивни интерес

Кај нас овде шверцот на цигари нафта го имаат обезбедувано специјалците наши од МВР, професори на полициска академија се скриени сопственици или косопственици на агенции за обезбедување, затоа што според закон легално не можат да бидат
Е овде сметам дека ПРЕТЕРА немаш право вака да ја оцрнуваш полицијата-тоа никако и патем бидејќи некои работи не ти се јасни би ти појаснил дека специјални единици се за СПЕЦИЈАЛНИ НАМЕНИ!!!

Што се однесува за агенциите за обезбедување немам инфо кој е сопственик и како НО знам(од многу случаи) дека секој абдал може да добие лиценца односно ниту го знаат аконот за обезбедување....ма ништо не знаат:toe:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Зарем Р.М ќе ја споредуваш со Лаос Камбоџа и сл(патем ЦИА не шверца наркотици бидејќи имаат сопствен буџет и на крај краеви разузнавачка агенција е но да не одиме офтопик.
ЦИА не шверцува дрога хихихи, ами и во филмовите тоа го има прикажано за да веруваш дека е фикција, а инаку шверцува шверцува.....

Е овде сметам дека ПРЕТЕРА немаш право вака да ја оцрнуваш полицијата-тоа никако и патем бидејќи некои работи не ти се јасни би ти појаснил дека специјални единици се за СПЕЦИЈАЛНИ НАМЕНИ!!!
Не оцрнувам само кажувам како што сум слушнал, имаше дури и на тв Во центар кај Васко Ефтов србин беше новинар тоа го изјави, а и во доста случаеви не знаат што обезбедуваат, пример добиваат наредба да обезбедуваат комбе камион или слично тие не знаат што има внатре.
 
S

smart ass

Гостин
Де од каде овие информации-од васко ефтов...бучо дај жити се вообичаено се обезбедуваат високо токсични материјали како и оружје и експлозиви и дај жити се кажи како бе ќе поминат на граница.

П.С филмовите и ЦИА(каква што е претставена) во нив е лоботомија,но треба да знаеш дека на агентите им се важни информациите НЕ ДРОГАТА.

Другпат не му верувај толку на васко ефтов башка и го рушите угледот на полицијата кој после инцидентот во аеродром е на тенко влакно,како што кажав и претходно во МВР има ПРОФЕСИОНАЛЦИ има луѓе кои си ја работат работата и не е фер да се глобализира-мислам дека партизацијата е паразитот во МВР-таму е нестручниот кадар и тие кои даваат гз за некое евро.
 
досадно

Ajde da letame
Член од
19 јули 2010
Мислења
120
Поени од реакции
8
Џабе објаснуваш, кога некој сака да го види само тоа што сака да го гледа...

Ако изборот е меѓу контролиран (читај надгледуван) приватен живот и анархија, тогаш и нема нешто многу опции за бирање. Некаква борба против криминалот е подобра од никаква.

Она од што ми се згадува е што нема муабет за ништо а да не се појават ликови што го вртат муабетот на ефтини обиди за политички поени на која и да е страна (од диполната ни политичка стварност).
Трагично е ако ВИДЕО НАДЗОРОТ е тенката линија што го двои општеството од анархија , според “ некои “.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom