Македон91
Благородник
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 121
Ме заинтересира една теза која почесто ја форсира постарата генерација дека средношколските денови се најубавите и најлудите во животот и дека како такви остануваат во најдобро сеќавање во сечиј живот. Дека деновите во средно се она на што ќе се сеќаваме цел живот. Колку има вистина во тоа, со оглед на фактот што еден добар дел од постарите не виделе студентски живот? Дали студентскиот начин на живот и воопшто студирањето и осамостојувањето се позабавни и полуди од средношколските денови и „дружењето во клупа“?
Дали во средно врската меѓу децата е поемотивна и посилна, отколку онаа на факултет и кога се стекнуваат поголеми, позначајни и потрајни пријатели? Кои сеќавања се потрајни и траат цел живот: оние од средно или оние од факултет?
Бидејќи штотуку завршив средно (гимназија) ќе оставам некој поискусен да одоговори на следните прашања.