објасни околу Плекс .. колку кошта дали може да се земе со нормална игра .. или мора да бидеш фул онлајн нон стоп
--- надополнето ---
btw. како ти оди тебе за еве година дена
и плаќаш со CC или со Плекс
Јас лично плаќам и со CC и со Плекс. Досега 5-6 пати сум платил со плекс. Првите неколку месеци плаќав со CC. Средната цена последен пат кога проверив na Плексот изнесуваше 300милиони ISK но таа цена варира на пазарот во зависност на побарувачката и понудата. Некако сега се обидувам да соберам 700 денари за да платам со cc и парите што ги имам во играта (доволно за 2 месеци + кусур) да ги искористам на еден куп бродови
:zlo:
Нов играч може да има потешкотии да направи 300м за еден месец и плус да му останат пари за да замена на бродови за PvP. Но има исклучоци. Неколку пати сум сретнал нови играчи на 14 дневен трајл кои користат одредени механики во играта за да дојдат до 300 милиони и да си го продолжат активираат акаунтот.
Мое лично искуство е дека можноста за плаќање со плекс зависи од професијата или подобро речено тоа што моментално го правам. Ако се занимавам со мисии од повисоко ниво ( има 5 нивоа од кој 4тото е најпрофитабилно за сам,додека 5тото има дополнителни ризици и потреба од “банди“ па се до капитални бродови) тогаш можам лесно да ги направам 300милиони за да плаќам со плексот. Но ова понекогаш креира дупка во парите за PvP бродови или пак општо за ако сакаш да си купип некоја нова “играчка“.
Секако постојат и други начини како на пример Црни Дупки во непознати системи каде со 3-ца пријатели направивме по 130 милиони за 2 часа работа. Постојат “зандани“ каде има можност за “специјални“ модули со кои ете за 30-60 минути можеш да направиш 1-1.5 билиони и да си се осигураш за следните 2-3 месеци со се екстра бродови.
Сега има и 0.0 сигурносен простор-системи (сигурноста оди од 0.0 до 1.0) каде нема никаква контрола. Тој простор припаѓа на играчите и тие ги одредуваат правилата. Таму можноста за заработувачка е голема но постои голем ризик да бидеш уништен од некоја непријателска “банда“ која се решила да го нападне вашиот простор.
За крај има луѓе кои прават по децетици па и стотици билиони во еден ден. Тие можат сигурно да си плаќаат до 10 акаунти со тие пари. Ова го прават преку трговија. Купувај ефтино продавај Скапо. Но ова бара најмногу out of game вештина и познавање на секој детал на комплексниот пазар.
Значи твоето прво прашање нема конкретен одговор. Можеш да играш само 1 час и да си платиш 2 месеци или пак да играш 2 недели и да успееш да собериш пари за 1 месец. 2 недели не мора да си цело време онлајн. Сепак не можам точно да ти кажам. Има безброј други фактори кои влијаат на правењето пари ( Војни на пример).
Воглавно колку е можноста за профит поголема толку е поризична таа професија/активност. Ако еднаш го изгубиш бродот нема враќање... мора нов
...
Инаку веќе 2 недели немам сигурен профит направено. Друга корпорација објави војна на мојата па стандардните операции ни се малку нарушени и не се исплаќа да извршуваме мисии кога во секој момент може да не нападнат. Ама затоа постојат како што напишав погоре други начини.