Македонско гравче за во Гинис

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
На 8-ми август, штипско Сарчиево ќе се обиде да го сруши Гинисовиот рекорд во варење грав во голем котел од 3.450 литри. На настанот ќе присуствуваат и официјални судии од Англија.[/B]
Настанот ќе се одржи на 8-ми август во црквата Св. Петка во штипското село Сарчиево, а официјални судии од организацијата Светски Гинисов Рекорд ќе ги надгледуваат подготовката и текот на готвењето.


Извор

Македонскиот грав достоен за соборување на гинисов рекорд

Гравот е едногодишно растение од фамилијата махунарки спаѓа во редот на растенија со висока биолошка вредност. Најраспространет е обичниот грав (Phaseolus vulgaris), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач). Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Кај нас е застапен на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во здружен посев. Тоа е растение, каде оптималната температура за одгледување е 20-22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност кое содржи: белковини (26%); масти (2%); јаглени хидрати (52%); минерални материи (2,5%); витамини (B1, B2, С, Е, К, PP) и аминокиселини. Гравот е најзастапен зеленчук на нашите трпези во зимските месеци, и спаѓа во редот на махунарки легуминози каде спаѓаат уште и грашокот, боранијата, леќата и сојата. Махунарките се богати со антиоксиданси кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот кои можат да предизвикаат рак. Гравот најдобар антиоксидант кој ни го дала природата. Покрај тоа што го регулира шеќерот, помага и кај жените во менопауза, а најновото истражување докажало дека овој вид зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на дојка. Исто така гравот делува лековито и при рак на дебелото црево и простата кај мажите, го намалува нивото на холестерол во крвта, ги врзува токсините во цревата и помага за нивно исфрлање и на тој начин го чисти организмот од токсини. Црвен грав пак има силен темел на значењето во кинеската култура.
Тие често доаѓаат во форма на срце. Црвенот грав симболизира љубов и верност. Денес, во земји како Кина и Тајван, мажите често им даваат црвен грав на нивните љубовници да ја покажат својата посветеност на односот.
За една жена, црвенит грав симболизира среќа. Невестите носат накит изработен од црвен грав или лента за на врат, така што таа и нејзиниот маж ќе живеат среќен живот. Тој е исто така и културно верување. Доколку брачните двојки стават шест црвени гравчиња под секоја од нивните перници, нивната љубов ќе остане цела вечност. Денес, современите жени во светот се горди да го прикажат накитот од црвен грав.

Македонското гравче специјалитет сам по себе

Гравот всушност е најпознатитот претставник од мешунките со висока хранлива вредност, што значи голема калоричност. 100 грама чист грав содржат 350 калории. Сепак, македонската трпеза не може да се замисли без препознатливото македонско гравче. На нашето поднебје вирее во повеќе места, сепак по квалитетот се издвојува тетовскиот грав, но и другите видови земаат свој удел во македонската кујна.
Чорбестото гравче е еден од специјалитетите на македонската кујна. Се готви најчесто во петок, како посно чорбесто гравче. Не ни можат да се замислат велигденските пости карактеристични за христијанската религија без посното чорбесто гравче.
Друг македонски традиционален специјалитет е тавче гравче. Се подготвува по традиционален рецепр пренесуван од колено на колено. Се случи во земјена тава која му го дава препознатливиот традиционален изглед на јадењето, но и ја чува неговата топлина.
Како што е веќе познато, во селото Сарчиево на 8 август на православниот празник Св. Петка ќе се урива Гинисовиот рекорд на количество сварено гравче во еден котел. Чорбесто гравче од okolu 3400 кг ќе го урива претходниот рекорд од 1350 кг.
Големиот број на варијации на начинот на приготвување и сервирање на македонското гравче, сепак не го намалува неговиот вкус. Во последниве години доста популарни стануваат неколку различни видови на салати со гравче како и паштета од грав. Сепак, традиционалниот чорбест грав и тавче гравче остануваат да го држат приматот на најверните гости на македонската трпеза.
http://makedonskogravce.mk/
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Сарчиево е на 15 км северозападно од Штип. Еве Google Maps за тоа каде горе долу се наоѓа.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Македонското гравче влезе во Гинис :oeoeoe:

На македонски начин, денеска во штипското село Сарчиево, беше соборен гинисовиот рекорд на најголем котел сварен грав. Откако судијата на Гинис ја измери количината во котелот, официјално го објави и новиот рекорд. Организаторот задоволен бидејќи соборувањето на рекордот одеше според планот.

Крчкањетто на гравчето започна уште од рани в зори. Со цистерна од Штип се стави вода во казанот, а потоа, 326 килограми грав, 200 килограми сланина и над 65 килограми масло за јадење. Главниот готвач вели дека се придржувале на рецептата стара неколку векови.

Покрај македонците, од вкусното гинисово гравче пробаа јапонците, бугарите и романците.

Денешниот рекорд од 3.400 литри грав, успеа да го собори рекордот на студенти од Америка кои во 2002 година во градот Хорас во Северна Дакота, свариле 1.342 килограми грав

Извор
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.745
Поени од реакции
18.495
Браво за подвигот! дали има некој информација што и дали, се дава некаква награда за влез во гинисовата книга. Или пак, за надимнување на рекорд?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.510
Поени од реакции
8.115
Највеќе инфо на Канал5.

За рушење светки рекорд се добива само диплома. После можеш да се фалиш наоколу дека си најдобар на свет во нешто.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Браво македонци за рекордот . Докато вие правихте гравчето ние во Бугариjа се гради наjголемото пано во светот со гравче от Смилjан . Беше необходимо 40 кг гравче и секи популарен коj минеше каj градчето слагаше гравче но паното . Последен беше посланикот на САД Джеjмс Уорлик . Сега остануват еште 12 000 зарна гравче и ние ке катурнем со вас рекорд на Гинис за нешто сделано со гравче . Аjде поздрави .
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.510
Поени од реакции
8.115
Браво за подвигот! дали има некој информација што и дали, се дава некаква награда за влез во гинисовата книга. Или пак, за надимнување на рекорд?
Во меѓувреме стигнав до една интересна фотографија :)

Инаку има и гинисова лажица за 50 денари, не можев да ја најдам таа фотографија (јас не бев на настанот). Па сега кој не го мрзи нека прави пресметки колку пари се одлеале/слеале во целата оваа акција.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.745
Поени од реакции
18.495
Во меѓувреме стигнав до една интересна фотографија :)

Инаку има и гинисова лажица за 50 денари, не можев да ја најдам таа фотографија (јас не бев на настанот). Па сега кој не го мрзи нека прави пресметки колку пари се одлеале/слеале во целата оваа акција.
Интересно, фала за споделување на несекојдневниот моменат :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.510
Поени од реакции
8.115
Патем, сертификатот е ПРАЈСЛЕС!!!
Девојче со убав ракопис го пишува твоето име на него :wink: (нормално откако првин ќе ги купиш претходнонаведените реквизити потребни за конзумирање на гинисовото графче.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom