Primera División 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Primera División?

  • Вкупно гласачи
    310
Статус
Затворена за нови мислења.
Еве ги Малага бе :)
Првенец на Демикелис :)
 
Се извадија андалузиските цигани :)
 
Се додека има екипи кои на домашен терен се бранат со 11 играчи, во Шпанија ќе се играат подосадни утакмици и од Серија А. :uvo:
 
Се додека има екипи кои на домашен терен се бранат со 11 играчи, во Шпанија ќе се играат подосадни утакмици и од Серија А. :uvo:

а што всушност сакаш ти??..да се отвори Депоритво против Барселона или некоја друга чкљ екипа и да прими 5 гола уште првото полувреме??..не гледај така како фан на Барселона, гледај генерално малце.
 
а што всушност сакаш ти??..да се отвори Депоритво против Барселона или некоја друга чкљ екипа и да прими 5 гола уште првото полувреме??..не гледај така како фан на Барселона, гледај генерално малце.

Јас сум гледал затворен фудбал, ама да се браниш и да чекаш на контра. А, да се браниш со 11 играчи и да те боли ташак за тоа што треба да играш фудбал е нешто ретардирано. И целта на ова затварање е да се примат само 4, а не 5 гола??:nesvest:
Ова е бетер и од Интер на 28 април 2010.
 
Абе ај, кога тепате со 3 разлика на полувреме се е океј, кога еден тим ќе ви се спротивствави како што треба сите тимови да играат против Барса, ништо не ви чини.
 
Остај бе...и голот од офсајд.
 
Јас сум гледал затворен фудбал, ама да се браниш и да чекаш на контра. А, да се браниш со 11 играчи и да те боли ташак за тоа што треба да играш фудбал е нешто ретардирано. И целта на ова затварање е да се примат само 4, а не 5 гола??:nesvest:
Ова е бетер и од Интер на 28 април 2010.

Како сакаш сврти го муабетот целта ги оправдува средствата...немој да бидиш дотолку сигурен дека Депортиво туку така сакаат да се бранат со 11 играчи во одбрана цел натпревар..тие сигурно сакаат да тргнат напред и да го загрозат голот на Валдез, но работата е тоа што не се способни за такво нешто односно Барселона е пресилна и не му дозволува да се доближат до шеснаесетникот а камоли до голот....кога веќе го спомна Интер треба да си имаш во предвид дека тогаш Инетр цел натпревар играше со 10 играчи и тоа на Камп Ноу каде Барселона безпрекорно ја држи топката во свои раце(нозе) и невозможно е на таков натпревар да се загрози голот на Каталонците..а камоли сега екипа како Депортиво да помисли да нападни која тоа би било самоубиство за нив!
 
Абе ај, кога тепате со 3 разлика на полувреме се е океј, кога еден тим ќе ви се спротивствави како што треба сите тимови да играат против Барса, ништо не ви чини.

:pos: Играат?!?!?! :pos2:
Кај виде овде игра јас не знам. Едни сино-црвени се трудат да играат, ама не бива, а едни сино-бели стојат во еден шеснаесетник и гледаат, а одвреме навреме ќе ја истераат топката од нивната половина. :toe:
Затоа дуелите со Реал најмногу си ги сакаме. Им даваме 5ки без проблем. :)
 
Секој со своите можности. Ако можеле повеќе сигурно немале така да дремат во 16 метри и да чекаат некоја контра или грешка на одбраната на Барса, или пак со нетрпение да чекаат да заврши натпреварот. Башка ко што читав имале доста повредени играчи Депортиво, така да повеќе од нив не можеш да очекуваш. Ај ќе ти објасни Сајбер тоа. :)
 
Ајде бе што се жалете...нормално дека ќе играат така!

Да играат поотворено не им бегат 5 гола,барем и со 3 вака ќе бидат среќни.Научете се сите послаби екипи ќе играат вака и тоа е очекувано!
 
И целта на ова затварање е да се примат само 4, а не 5 гола :nesvest:

Епа, баш оваа тактика ја разработија Депортиво. Не ми е јасно како можеа да слават кај Билбао на Сан Мамеш претходното коло?!?
 
Јас сум гледал затворен фудбал, ама да се браниш и да чекаш на контра. А, да се браниш со 11 играчи и да те боли ташак за тоа што треба да играш фудбал е нешто ретардирано. И целта на ова затварање е да се примат само 4, а не 5 гола??:nesvest:
Ова е бетер и од Интер на 28 април 2010.
Лол, а како сакаш ти Депортиво да се спротистави на Барселона кога повеќето од средниот ред изостануваат од екипата ???
Ако сакаш да знаеш Депортиво на овој меч излезе и со поофанзивна формација 4-2-3-1, за разлика од стандардната 5-2-2-1, која во последните 9 кола (без денешното) не прави третата најуспешна екипа во Примера, зад вас и Реал.
Депортиво не е екипа во која има замени за секоја позиција. Екипите во Шпанија се такви што кога ќе се повреди најдобриот играч на некоја позиција, се што е замена е за сто класи послаб квалитет.
Го имаме Гвардадо, кој во средината ни е алфа и омега. Единствениот кој дрибла, единствениот кој знае да додаде, единствениот кој може да ја раздвижи играта. НО НЕГО ГО НЕМА ДВА МЕСЕЦИ (рачунај дека тоа ти е како Барса да го нема Меси, или Реал да го нема Роналдо, а при тоа сите други замени се на рангот на играчи од македонска лига....). Сакаш да знаеш кој е играч од централната средина во Депортиво??? НЕМА НИЕДЕН, затоа што Мичел е повреден на 6-7 месеци, а Валерон истотака има повреди во серија, и после 120-те минути во средата неможеше да издржи два меча во ред. Се играше со Хуан Домингез момак кој беше повреден до пред две недели, и тоа повреда која го одалечи од теренот скоро цела прошла сезона, и дел од оваа, значи одново се работи за младо момче, прозивод на Депортиво, кое во две години повреден е 75% од времето...
Еден од нашите деструктори и некој кој исто така може да поврзе нешто со средината и нападот е Хуан Родригез, КОЈ Е СУСПЕНДИРАН...
Идеме на крилата. Имаме единствено брзо крило кое треба да донесе квалитет во ваквите мечеви, Урета, НО И ТОЈ Е ПОВРЕДЕН.
Значи од цела средина, имаме недолечен играч чија природна позиција е ДМ, двајца деструктивци на позиција ДМ, и две крила Саул (кој дојде без пари од Елче, втора Шпанска лига)и Десмаретс кој цел живот не мрднал погоре од Трета Француска и Втора Португалска лига и кој до 26 години бил шофер на автобуси....
И ти очекуваш дека Депортиво треба да ја добие битката на средината со Барса???
За мене резултатот е солиден, а како што гледам Депортиво изиграл солидно прво полувреме...
Да се надоврзам и на нападот. Ни отсуствува Рики, единствениот корпулентен напаѓач, а денес Адријан не беше во форма...
Тоа се премногу играчи кои отсуствуваат, а тим со буџетот на Депортиво, ни на сон неможе да најде квалитетни замени.
Колку и да сака Депортиво да се спротистави, во моментов е светлосни години зад Барса и Реал, како и сите други екипи во Примера, и овие мечеви скоро и да не ги перцепирам, него ми е повеќе како испробување на нови тактики :pos:
И споредуваш со мечот со Интер???
Знаеш колкави се можностите на тој состав на Интер и овој на Депортиво???
Кукавички е да се браниш и да ја умртвуваш играта кога противникот е послаб или на рамниште со тебе, а не кога тој е светлосни години подобар од тебе. На крај краева се е тактика, нормално е дека се игр на резултат пошто тој е најбитен, а не кој како изиграл.
Депортиво во моментов е најслабиот тим во примера, и јас сум презадоволен од бодовната ситуација, пошто единствената цел е ОПСТАНОКОТ, а не престиж со барса и останатите големи тимови.
Ќе си се насочам на следните средби :tv:
Се додека има екипи кои на домашен терен се бранат со 11 играчи, во Шпанија ќе се играат подосадни утакмици и од Серија А. :uvo:

Се додека некој зема 140 милиони од ТВ права, а друг 18 милиони, ќе гледаш пролив лига :salut:
Кога ви викав јас колку се досадни дуелите на Депортиво вие не верувавте. Лажна слика се дава за Шпанското првенство пошто цело време се вртат дуелите на Барса и Реал па луѓе си мислат бог знае колку се квалитетни другиве утакмици. Да гледате пет меча на Депортиво со екипи од негов ранг, ќе видите колкав е всушност квалитетот на остатокот од ла Лига...
 
Значи некои фанови на Барселона толку се искомплексирани од фактот дека Мурињо со Интер ги елиминирал, па уште 5 пати да го тепаат неговиот Реал, нема да им помине...
Уште еднаш се виде кој е шефот во Барселона, единствениот кој го почитувам од таму, Чави.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв